Македонија
„Силмак“ запира со работа од почетокот на март

Компанијата „Силмак“ од Јегуновце на 1. март ќе ја изгаси и последната печка, јави дописникот на Макфакс.
Компанијата „Силмак“ од Јегуновце на 1. март ќе ја изгаси и последната печка, јави дописникот на Макфакс.
По згаснувањето на „Силмак“ работниците ќе останат на улица.
Според извршниот директор на компанијата, Ѕвонко Стојановски, на работа ќе бидат задржани стотина работници кои ќе треба да ги завршат започнатите работи за ремонт на една од печките, како и дел од дежурните и службите за обезбедување.
Според Стојановски, запирањето со производство во „Силмак“ е резултат на намалената побарувачка на произведеното и ниската цена на феросилициумот.
Гасењето на печките одеше постепено. Со тоа темпо и се отпуштаа вработените или пак се испраќаа на принуден одмор. Во септември 2008 беа ангажирани 700 работници, од кои дел на определено, дел на неопределено време.
Од комбинатот се надеваат на повторно започнување со работа, што пак зависи од побарувачката, цената на производот и цената на струјата./крај/сс/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДС да престане да ја политизира трагедијата во Кочани, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„СДС мора да престане да ја политизира трагедијата во Кочани. За разлика од нивното владеење, каде што освен Влада, беа и судии и обвинители, сега тие се оставени да си ја вршат сопствената работа и не им се врши никаков политички притисок“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ.
„Судиите и обвинителите коишто се занимаваат со овој несреќен случај, се истите тие кои СДС и ДУИ, во нивно време си ги бираа во своите штабови во Зајас и Муртино.
Истрагата е потполно неселективна и правдата ќе биде исполнета. Но, прашањето е зошто истите тие судии и обвинители, не се позанимаваат со тоа на каков начин Филипче го добил луксузниот џип од 130.000 евра, од фирма добитник на тендер во време на СДС и ДУИ?
Зошто ЈО молчи за сите сомнежи кои секојдневно ги пренесуваме преку соопштенија и прес-конференции? Зошто ЈО го штити Филипче на некој начин и не се отвора постапка против него? Дали има некаква друга причина која јавноста не ја знае и затоа тие молчат кога Филипче е во прашање?
За ист таков случај, ЈО отворило постапка за Пеце Мирчевски, меѓутоа кога потрчкото на Заев е во прашање, за него нема никаква постапка?
Правда мора да има. Затоа потребни се итни реформи во судството, затоа што не смее за едни да е мајка, а за други маќеа“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Денес завршува првото пријавување од јунскиот рок за упис во средните училишта, досега поднесени над 13 илјади пријави

Министерството за образование и наука потсетува дека денес е последен ден за поднесување апликации во рамки на првото пријавување од јунскиот рок за упис во средно образование во учебната 2025-2026 година.
Апликации можат да се поднесуваат до крајот на денот. Второто пријавување е на 30 јуни, додека конечните ранг лист по двете пријавувања, училиштата ќе ги објават на 2 јули.
„Потсетуваме дека пријавувањето е електронски и се спроведува преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, каде учениците се најавуваат со сопствените кориснички сметки на schools.mk. Истовремено, реагираме и ги демантираме натписите во дел од медиумите, каде е наведено дека системот отежнато функционира или целосно е блокиран.
Не постојат никакви предизвици во работата на платформата, на која досега се поднесени 13.200 апликации, односно поголемиот дел од полуматурантите веќе се пријавени за продолжување на образованието. Министерството им излегува во пресрет на сите кои имаат потреба од поддршка при аплицирањето“, велат од МОН.
Конкурсот со слободни места е објавени на овој линк.
Македонија
Најуспешните ученици од општина Илинден на летен камп во Охрид

И ова лето, Општина Илинден го организира традиционалниот училишен летен камп, како награда за најуспешните ученици од општинските основни училишта. Избраната група на талентирани млади оваа година уживаат во престојот во еден од најпознатите туристички центри во земјава – градот Охрид.
Проектот е дел од Програмата за работа на градоначалникот Александар Георгиевски и Стратешкиот план за развој на Општина Илинден 2022–2026, со фокус на поддршка, мотивација и развој на младите генерации.
Учениците ги посети лично градоначалникот Георгиевски, кој во пријатна и мотивирачка атмосфера им порача дека вложениот труд и стекнатото знаење се најголемото богатство, кое секогаш ќе биде препознаено и наградено.
Општина Илинден останува доследна во својата заложба да креира позитивна средина за раст и развој на младите, со јасна визија – ваквите проекти да продолжат и во иднина.