Свет
Француските земјоделци палеа сено на Елисејските полиња
Француските земјоделци во петок протестираа на прочуената париска авенија Елисејски полиња, каде палеа сено и гуми
Француските земјоделци во петок протестираа на прочуената париска авенија Елисејски полиња, каде палеа сено и гуми.
Земјоделеците со ова упатија порака до владата дека цените на нивните производи се прениски и затоа работат со загуба.
Околу 150 земјоделци од руралните региони на Франција растресоа сено и нафрлаа гуми на централната авенија во Париз, каде се сместени бројни скапи бутици и елитни ресторани.
Сеното и гумите ги запалија, но пожарникарите веднаш ги изгасија.
Земјоделското здружение ФНСЕА ја повика владата веднаш да направи план, кој ќе вклучува и намалување на даноците, за да им помогне на француските земјоделци да бидат поконкурентни, откако цените на нивните производи значително се намалија од 2007 година досега./крај/24/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж со нож нападнал луѓе во центарот на Осло, полицијата веднаш го уапсила
Норвешката полиција соопшти дека уапсила маж кој избодел едно лице со два ножа и нападнал неколку лица во центарот на Осло.
Инцидентот се случил пред местото на метрото кога расправија излегла од контрола и неименуван маж на возраст од триесет години избодел еден маж во раката и нападнал уште неколку луѓе во близина.
Полицаецот потоа го извадил пиштолот и му наредил на напаѓачот да ги спушти ножевите, пренесува Ројтерс.
Полицијата смета дека нападот не бил мотивиран од тероризам.
Свет
Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили
Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили, изјави министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба.
Во интервју за Форин Полиси, тој рече дека Украинците најмногу страдаат од руските ракетни напади и дека руските балистички ракети се „вистинско зло“.
Наведувајќи дека руските сили користат балистички ракети главно за напади врз енергетскиот систем на Украина, Кулеба оцени дека која било друга земја, доколку претрпи таква штета на енергетските капацитети, ќе изгледа многу полошо од Украина.
Свет
Полицијата во САД уби ученик пред училиште во Висконсин по пријава за пукање
Американската полиција убила ученик пред средно училиште во Висконсин, откако добила дојава дека таму има вооружено лице, изјави Џош Кол, обвинител на таа американска држава.
Полицијата на Фејсбук соопшти дека нема повеќе осомничени и дека нема повредени „освен наводниот напаѓач“, пренесува Асошиејтед прес.
Кол одбил да одговори на прашањата на новинарите дали ученикот пукал и се обидел да влезе во училиштето.