Спорт
Во Ангола отворен оган врз фудбалерите на Того

Неколку фудбалери на репрезентацијата на Того се ранети откако врз автобусот во кој се наоѓале бил отворен оган од автоматско оружје
Репрезентативците на Того се наоѓаат во Ангола, каде што се игра турнир за Купот на Африканските нации.Француската телевизија Infosport соопшти дека неколку фудбалери се ранети, меѓу нив и некои потешко, додека во нападот бил убиен возачот на автобусот.Од Купот на Африканските нации информираат дека на возилото му пукнала гума и дека не знаат за ников оружен инцидент. Репрезентативците на Того најавија дека нема да го продолжат натпреварувањето во Купот на Африканските нации.Того требаше да ги започна натпреварите на Купот во понеделник, кога требаше да се сретне со репрезентацијата на Гана.Фудбалерот на Манчестер сити и репрезентативец на Того, Емануел Адебајор, за лондонски Times по телефон го потврдил нападот. Тој потврдил дека возачот на автобусот бил убиен, додека двајца негови соиграчи и две медицински лица биле ранети во нападот извршен со автоматско оружје, додека патувале низ регионот Кабинда близу границата со Конго.Голманот на францускиот аматерски клуб GSI Pontivy, Кодџови Обилале и одбранбениот играч на романскиот клуб Васлиу, Серж Акакпо, најверојатно се двата повредени репрезентативци. „Ја сум во ред, но неколку играчи се во лоша состојба. Ние сè уште сме во болница. Бевме начекани во заседа и моравме да останеме скриени под седиштата околу 20 минути за да ги избегнеме куршумите кои летаа на сите страни“, изјавил играчот на француски Нант, Томас Досеви за француското радио RMC.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Инзаги: Моравме тројца да ставиме на Јамал

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, на прес конференцијата по ремито со Барселона 3:3, го пофали настапот на Ламин Јамал.
Јамал постигна гол и двапати ја погоди гредата.
„Не сум видел играч како Јамал во последните осум или девет години. Моравме да ставиме тројца играчи до него, што отвори простор во другите делови од теренот. После тоа, неговото ниво малку падна“, рече Инзаги.
„Стратегијата на Барселона е ризична, но се исплати. Тие постигнаа повеќе од 150 гола, освоија два трофеи и сè уште се борат за два. Нашата изведба беше на многу високо ниво“, дополни тренерот на Интер.
Реваншот е закажан за вторник во Милано.
Спорт
Ракитиќ: Јамал не би бил стартер во нашата Барселона

Иван Ракитиќ (37) е играч на Хајдук, но со оглед на неговата феноменална кариера во Барселона и Севилја, тој е чест гостин на шпанските медиуми. Затоа даде интервју за Радио Марка.
„Ракитиќ ја освои тројната круна со Барселона во 2015 година и е легенда на Севилја со брилијантна меѓународна кариера. Сега е во Хрватска, од каде што внимателно следи сè во Ла Лига, особено неговите два омилени клуба“, вака го напиша „Марка“ воведот за печатеното издание, каде што емитуваше и интервју со Ракитиќ.
Тој играше за Барселона од 2014 до 2020 година. Освои четири првенства и купови и една Лига на шампиони. Тој одигра 310 натпревари за Барселона, постигна 35 гола и асистираше за 42 гола.
Ламин Јамал е одличен иако има само 17 години. Пике изјави дека сепак не би бил стартер во вашата генерација?
„Се согласувам. Ламин е неверојатен, но нападот на нашата Барселона беше најсилниот во историјата: Меси, Нејмар и Суарез. Но, Ламин е одличен и може да игра секаде во нападот. Ми се допаѓа неговата самодоверба и што можете да видите дека ужива во играта“, рече меѓудругото Ракитиќ.
Спорт
Кунде ја повредил тетивата ќе го пропушти реваншот против Интер

Фудбалерот на Барселона, Жил Кунде, заработи повреда на тетивата на натпреварот со Интер (3:3).
Репрезентативецот на Франција на крајот од првото полувреме го напушти теренот, му отстапи место на Ерик Гарсија.
Кунде ќе изврши подетални тестови во текот на денот, но според првите информации, повредата е серизна и тој ќе го пропушти реваншот на „Џузепе Меаца“.
Ова значи дека тој ќе го пропушти и „Ел Класико“ во Ла Лига, кое е закажано за 11 мај.
Токму Кунде беше херојот на „блауграната“ минатиот викенд, постигнувајќи го победничкиот гол во финалето на Кралскиот куп (3:2).
Кунде е најстандардниот играч на каталонскиот гигант, а оваа сезона одигра дури 52 натпревари.