Македонија
Јакимовски: Жителите на Карпош имаат најмалку проблеми
Одговарајќи на новинарското прашање за тоа какви возила вози градоначалникот и колку чинат, градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски реплицираше дека ВМРО-ДПМНЕ треба прво да видат колку чинат возилата на градоначалниците Коце Трајановски и Сокол Митревски, па потоа да коментираат.
Одговарајќи на новинарското прашање за тоа какви возила вози градоначалникот и колку чинат, градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски реплицираше дека ВМРО-ДПМНЕ треба прво да видат колку чинат возилата на градоначалниците Коце Трајановски и Сокол Митревски, па потоа да коментираат.Претходно во саботата портпаролот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Алекснадар Бичиклиски на прес-конференција побара од градоначалникот на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски кој е од редовите на опозициската СДСМ, да ги врати службените возила. Односно, да го следи примерот на градоначалникот на општина Ѓорче ПЕтров, Сокол Митревски, кој по критиките од јавноста се откажа од купувањето на луксузниот автомобил „ауди“. „Груевски и неговите партиски мегафони не ни поминале низ Општина Карпош да видат како изгледа училиштето „Димо Хаџи Димов“,„Петар Поп Арсов“ и „Лазо Трповски“, како изгледаат 30-те реконструирани улици и се она што е направено за овие 100-тина дена од водовод и канализација, паркови и зеленило, тротоари и улици. Ние сме целосно посветени на решавањето на проблемите на граѓаните на Општината, кои очигледно ги имаат најмалку од сите општини во Градот.“, рече во својата реакција Јакимовски.На ова повторно реагираа од ВМРО-ДПМНЕ, со писмена изјава во која се вели дека за нив е очекувано што „Јакимовски не покажа доблест и не ги врати парите од својот нов автомобил ‘ауди А4’ и парите кои им ги подари на двете анонимни невладини организации“. Со тоа Стевчо Јакимовски стави јасно до знаење дека приоритет не му се граѓаните, туку личниот луксуз и сомнителното работење од кое корист имаат само тој и мал број на луѓе блиски до СДСМ. За разлика од СДСМ, луѓето од редовите на ВМРО-ДПМНЕ имаат доблест да ги согледаат критиките од граѓаните и да постапат согласно нивните потреби што преставува одговорен однос спрема јавноста. Сосема спротивно на ова функционерите на СДСМ покажуваат дека немаат таква доблест и се пример за бесна арогантност и неодговорно работење“, се вели во реакцијата на владејачката партија./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Герасимовски: Стипендиите во основните училишта во Центар зголемени за 1.000 и 1.500 денари
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, најави серија мерки за унапредување на образованието и поддршка на учениците во училиштата во локалната самоуправа.
„Донесовме одлука за зголемување на стипендиите за талентираните ученици во областа на науката, техниката и посебните вештини, како и за спортските стипендии, за 1.000 денари. Водејќи се од принципот на еднакви можности, стипендиите за учениците кои доаѓаат од семејства во социјален ризик ги зголемуваме за 1.500 денари“, истакна Герасимовски.
Во рамки на поддршката за учениците, повозрасните ученици ќе имаат можност за бесплатна екскурзија преку проектот „Сакај ја Македонија“.
Герасимовски, исто така, најави дека од септември, со почетокот на новата учебна година, сите ученици кои посетуваат целодневна настава ќе добиваат бесплатен, здрав и квалитетен оброк.
Општина Центар за оваа година предвиде средства и за почеток на капитални инвестиции за изградба и реконструкција на два затворени базени во рамки на основните училишта „11 Октомври“ и „Димитар Миладинов“.
„Со овие мерки Општина Центар испраќа јасна порака дека вложувањата во образованието, талентот и поддршката во секое дете, останува еден од највисоките приоритети“, вели Герасимовски.
Македонија
Вељаноски за техничката влада: Eксперимент кој предизвикува штета за државата
За поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, техничката влада е експеримент кој како што оценува, предизвикува повеќе штета од корист за државата.
„Секој правен и уставен експеримент предизвикува повеќе штета од корист за државата.
Времето и искуството покажаа дека импровизациите во системот не носат квалитет, туку дисфукционалност. Така беше со идејата за техничката Влада, така беше и со Специјалното јавно обвинителство(СЈО).
Треба да говориме отворено и без лажни наративи“, пишува Вељаноски на социјалните мрежи.
Според него, овие два механизма не беа воведени за да донесат повеќе правда или демократија.
„Тие беа измислени и наметнати со една единствена политичка цел-да се инсталира СДСМ на власт и да се реализира идејата за промена на уставното име на Република Македонија. Ништо друго. Граѓаните не треба повеќе да бидат предмет на манипулација за наводните “благодети” на овие ад-хок решенија.
И СЈО и техничката Влада беа плод на политички и правни манипулации, туѓи на нормалниот парламентарен живот и правниот поредок. СЈО веќе заврши на буништето на историјата како неуспешен проект. Време е и техничката Влада итно да и се придружи.
На Македонија и е потребен стабилен систем а не вечни изнудени експерименти“.
Македонија
Сите што ќе одат на средба со Мицкоски го легитимираат криминалот и корупцијата, велат од СДСМ
Сите што ќе одат на лидерската средба со Христијан Мицкоски го легитимираат криминалот и корупцијата, велат од СДСМ.
„Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во: легитимирање на криминалот и корупцијата на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, анти ЕУ кампањата на власта за изолација на земјата, планот за предвремени избори што ги имаат веќе договорено без основни услови да бидат фер и демократски и реализација на планот „мигранти за пари“ после тоа“, смета СДСМ.
Сите чекори кои власта досега ги презема, додаваат од партијата, веќе ги најавивме: изолација, избори, мигранти за пари.
„Секој што ќе отиде на средбата со Мицкоски не може да каже после тоа дека не бил соучесник. СДСМ останува со граѓаните, на вистинската страна. СДСМ останува на страната на Македонија, на страната за интеграција, на фронтот за правда и против корупцијата и криминалот“, велат од опозициската партија.

