Свет
Уапсени двајца странци за разговор со синот на осудената Иранка
Двајца странци с уапсени во Иран под обвинение дека разговарале со синот на Сакина Мохамади-Аштиани, која е осудена на смрт со каменување, пренесува Agence France Presse
Ова во понеделник го изјавил за иранските медиуми иранскиот државен обвинител Голам Хусеин Мохсени Ејеие.„Почетокот на истрагата покажува дека тие луѓе влегле во земјата како туристи и дека му поставувале прашања на синот на Сакина Мохамад-Аштиани. Тие две лица сега се во притвор.“, изјавил обвинителот Ејеие, кого го цитира иранската новинска агенција Isna.Претходно во понеделник, Меѓународниот комитет против каменувањето чие седиште е во Германија, соопштил дека страхува оти во неделата навечер се уапсени синот на Сакина Мохамади, нејзиниот адвокат Хоутан Кина и двајца германски новинара. „Истрагата покажа дека тие луѓе не се новинари, или барем нема докази дека тоа се“, изјавил иранскиот обвинител кој не го споменал нивното државјанство, но се смета дека станува збор за Германци. Германското министерство за надворешни работи не можело да го потврди можното апсење на германски државјани. „Запознаени сме со информацијата и спроведуваме истрага“, изјавил во понеделник портпаролот на германското МНР.Мохамади-Аштиани е 43-годишна е мајка на две деца, 22-годишен син и 17-годишна ќерка која во 2006 г. беше осудена на десет години затвор за учество во убиството на нејзиниот сопруг заедно со еден од нејзините љубовници и на смрт со каменување заради прељуба. Таа веќе е казнета со 99 удари со камшик заради незаконската врска со два мажа..На 28-ми септември портпаролот на иранското министерство за надворешни работи изјави дека преиспитувањето на случајот на Аштиани не е завршено. На почетокот од јули Иран објави дека смртната пресуда со каменување донесена во 2006 г. и потврдена во 2007 г. на второстепен суд не е извршена и дека постапката се обновува. Каменувањето е одложено додека судот повторно не ја разгледа пресудата. Инаку таа е прогласена за виновна и осуден во 2006 г. Во меѓувреме меѓународната заедница се ангажираше за неизршување на казната а Бразил и официјално на осудената Иранка и’ понуди политички азил, но властите во Техеран го одбија тоа со образложение дека не било упатено официјално барање.Бразилскиот министер за надворешни работи Селсо Аморим на почетокот од август на иранските власти им исрпати порака во која се нагласува дека ова би можело да биде добра прилика Техеран да покаже хуманост и да и овозможи на Аштиани да дојде во Бразил. Оваа понуда и официјално била врачена од страна на бразилскиот амбасадор во Техеран. Бразил со Турција се двете држави кои се своевидини застапници на западните држави во преговорите со Иран околу неговата контроверзна неуклеарна програма.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

