Регион
Нова акција на турската полиција против приврзаниците на Ѓулен

Турската полиција во неделата уапсила приврзаници на исламистичкиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во егзил САД и во последниот период е главен противник на претседателот Реџеп Тајип Ероган, во низата акции чии цели и просторијата на весникот Zaman близок на Ѓулен, јавува агенцијата Anadolu.
Антитерористичката единици на полицијата спровела во неделата наутро акции во 13 градови вклучително и Истанбул,приведувајќи најмалку 24 луѓе, меѓу кои и еден од главните челниците на телевизиската станица, блиски на Фетулах Ѓулан. Акции на апсења ималои во централнта провинција Ескишехир и во источните провинции Ван и Ерзурум, во којашто е успен висок полициски офицер.
Меѓу уапсените е директорот на телевизјата Samanyolu, хидает Кара, продуцентите на телевизијата Салих аслан и Енгин Коч, и сценаристот на играната програма Макбул Чам. Според адвокатот Тургај Балабана, тие се убвинети за учество во „странски заговор“
Претседателот Реџеп Тајип Ердоган најави пред два дена нова операција против приврзаниците на својот заколнат непријател, кого го обвинува дека минатата година го раководел покренувањето на истраги против корупцијата меѓу членовите на неговите најблиски соработници.
Налози за апсења се издадени за 32 лица, меѓу кои е и Екрем Думанли, главниот уредник на весникот Zaman, еден од најголемите турски дневни весници.
Во саботата претпладнето голем број демонстранти се собраа пред редакцијата на весникот периферијата од Истанбул, предизвикувајќи хаос и принудувајќи ја полицијата да ја напушти зградата, а да не упаси ниеден соработник на весникот. „Слободата на печатот не може да биде замолчена во молк“, извикувала масата вознак на поддршка на Екрем Думанли.
Новата полициска операција е последната во серијата апсења којашто од почетокот на јули ги спроведува владата против онаа појава што Ердоган ја нарекува „паралелна држава“ во редовите на безбедносните сили која има цел да ја урне неговата партија од власт.
Исламско-конзервативната Партија на правдата и развојот на Ердоган е на власт во Турција од 2002 година, а минатата зима влезе во судир со движењето на 73-годишниот Ѓулен, кого го обвинува дека воспоставува „држава во држава“ и дека прави заговори за да ја турне од власт.
Движењето на Ѓулен – Хизмет негира дека на кој и да е начин е вмешан во истрагата поради корупцијата во којашто наводно се вмешани политичари од најтесното опкружување на Ердоган./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Фото) Тело на новороденче пронајдено во Нови Сад, мајката веднаш уапсена

Утрово, во Нови Сад, е пронајдено безживотно тело на новороденче, а кратко потоа е уапсена жена за која се сомнева дека е мајката на детето, пренесува „Нова.рс3.
Жената е затекната само на 50 метри од местото на кое е пронајдено телото, во влез од зграда, по што полицијата веднаш ја привела.
View this post on Instagram
Полицијата го блокирала просторот каде што е пронајдено детето. Во тек е истрага за утврдување на сите околности на овој трагичен случај.
Повеќе детали ќе бидат познати по завршувањето на истрагата.
фото: принтскрин
Регион
(Видео) Грозоморната сцена покажува колку била ужасна несреќата: автобус излета од патот во близина на Чачак, има загинати

Рано утрово, околу 6:40 часот, на државниот пат I Б, на делницата помеѓу Чачак и Краљево, во близина на местото Бресница, се случила тешка сообраќајна несреќа во која загинал еден маж, додека две лица се тешко повредени, известуваат српските медиуми.
Според првичните информации, во несреќата учествувале автобус и патничко возило. Според неофицијални информации, несреќата се случила кога автобусот, откако се судрил со автомобил, излетал од патот и удрил во столб од далновод.
Едно лице почина на местото на настанот, додека две лица беа тешко повредени и префрлени во Општата болница во Чачак. Лекарите моментално вршат дијагностика, а еден од повредените е на скенер, објави српски Телеграф.
Снимките од местото на настанот покажуваат дека несреќата била ужасна.
фото: принтскрин
Регион
Тројца загинати и седум лица во тешка состојба по превртување на автобус кај Сремска Митровица

Состојбата на повредените во тешката сообраќајна несреќа што се случи кај Сремска Митровица, во која животот го загубија три лица, и понатаму е сериозна, изјави денеска директорот на Општата болница во Сремска Митровица, д-р Војислав Мирниќ.
„Хоспитализирани се 39 пациенти. Од нив, седум се со потешки повреди и се наоѓаат на одделенијата за интензивна нега, додека 15 пациенти се подготвени за отпуст,“ рече Мирниќ.
Тој прецизираше дека 13 пациенти од Одделението за општа хирургија и двајца од Одделението за ортопедија се во стабилна состојба и наскоро ќе бидат пуштени дома.
„Се врши дополнителна дијагностика за сите пациенти, а во наредните 48 часа очекуваме уште дел од нив да бидат подготвени за отпуст. Посетите во болницата се дозволени од 14 до 16 часот,“ додаде Мирниќ.
Во несреќата, која се случила на патот меѓу Сремска Митровица и селото Јарак, загинале три лица – две на самото место и едно во болница, од последици на тешките повреди.
Вкупно 61 патник бил прегледан во митровачката болница, а 39 лица биле задржани на лекување. Осуммина се на интензивна нега, дваесетмина на општа хирургија, а единаесетмина на ортопедија.
Еден пациент е префрлен во Ургентниот центар во Нови Сад, а друг во Белград на понатамошно лекување.
Автобусот на превозникот „Сирмиум бус“, кој превезувал работници, под засега непознати околности излетал од патот и се превртел. Возачот на автобусот, Д. К. (1955), е уапсен поради сомнение дека ја предизвикал несреќата во која загинаа три лица. Нему му е одредено задржување до 48 часа, по што ќе биде изведен пред надлежното обвинителство со кривична пријава.