Црна хроника
Новинарот Зоран Божиновски на распит во Кривичниот суд
Македонскиот новинар, сопственик на порталот Буревесник, Зоран Божиновски,во четврток е донесен на распит пред судија на претходна постапка во Основниот суд Скопје 1.
Божиновски беше уапсен во Нови Сад минатата недела и екстрадиран во Македонија.Тој и претходно беше уапсен на 7-ми ноември 2013 година во Нови Сад, по потерница на Интерпол, а според обвинението се товари за злосторничко здружување, шпионажа и уцена според Кривичниот законик на Македонија.Извесно време мина во екстрадационен притвор во Србија, по што е пуштен на слобода каде ја чекаше одлуката за азил.Новинарот е еден од обвинетите во случајот „Шпион“, меѓу кои се главно сегашни и поранешни припадници на разузнавачката агенција, Управата за безбедност и контраразузнавање, како и Министерството за одбрана.Во 2014 година беше донесена и пресуда за овој случај, а осудените се товарат дека се занимавале со шпионажа, но и со уцена на влијателни личности во Македонија од кои барале пари за да не им објават детали во јавност од нивните приватни животи./крај/мф/
Извор: Макфакс архива
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пијан, 65-годишник од Свети Николе им се заканувал на синовите и го нападнал едниот
65-годишен жител на Свети Николе бил приведен откако во семејниот дом им се заканувал на своите двајца синови со остар предмет, а едниот од нив и физички го нападнал.
Инцидентот се случил на 7 февруари околу 21:30 часот, а полицијата интервенирала истата вечер во 22:45 часот. По приведувањето било утврдено дека мажот бил под дејство на алкохол – измерени му биле 2,16 промили во крвта.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Приведен маж во струшката болница, aгресивно се однесувал со медицинските лица
Утрово околу 01:40 часот, во Општата болница во Струга бил приведен 59-годишниот М.А. од селото Делогожда, поради агресивно и непримерно однесување кон медицинскиот персонал.
Како што информира МВР, лицето со гласно викање и агресија го нарушило јавниот ред и мир и ја загрозило сигурноста на здравствените работници.
По интервенција на полицијата, тој бил приведен, а по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен велешанец кој со 3,06 промили алкохол се јавил во полициска станица и навредувал полицајци, потоа бил агресивен, велат од МВР
Велешката полиција синоќа го приведе 52-годишниот М.У. од Велес, откако најпрво се јавил во полициска станица и ги омаловажувал службените лица, а потоа и на улицата „Јовче Тикваров“ агресивно се однесувал кон полицајци кои биле на терен и вршеле службени дејствија.
Според СВР Велес, настанот се случил синоќа околу 20:30 часот. При приведувањето, кај М.У. биле измерени 3,06 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица и против него ќе следуваат соодветни пријави по целосно документирање на случајот, најави полицијата.

