Црна хроника
СЈО: Претрес може да се врши кај лица каде може да се најдат предмети важни за кривичната постапка
Спeцијалното јавно обвинителство вршело претрес во домот на Коста Крпач, кој беше најден застрелан во својот дом во скопски Капиштец.
Од Обвинителството појаснуваат за Макфакс дека иако Крпач не бил осомничен во ниедна постапка којашто се води во ова Обвинителство, според Законот за кривична постaпка претрес може да се врши кај осомничен, но и кај други лица каде е веројатно дека ќе се најдат предмети важни за кривичната постапка. Новото обвинителство утрово испрати соопштение до јавноста во кое обелодени дека Крпач доброволно се пријавил како сведок во предистражна постапка којашто ја воделе тие и дека за него во Обвинителството не била отворена никаква кривична постапка иако тој се најде на списокот на помилувани лица на Претседателот, Ѓорге Иванов. Оттаму соопштија дека имаат докази дека врз Крпач бил вршен притисок, но други детали не соопштуваат бидејќи предистражните постaпки се тајни и се работи за доверливи информации.Од Институтот за судска медицина за Макфакс потврдија дека обдукцијата на телото на Крпач е завршена и дека се прават дополнителни обработки, но за резултатите од обдукцијата велат дека информации ќе соопшти надлежниот Јавен обвинител.Вештачењата за овој случај се во тек и од скопскотo Јавно обвинителство најавуваат дека ќе излезат со подетални информации кога ќе бидат разгледани сите извештаи и информации. „Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, веднаш по случување на настанот раководеше со увидот на лице место. Со цел расветлување на настанот, издаде Наредби за вршење на обдукција на починатото лице, за балистичко вештачење, за прибирање на траги од лице место и други вештачења. Преземањето на дејствија од обвинителството е во тек. Со подетални релевантни информации јавноста ќе биде запознаена откако ќе пристигнат и ќе бидат разгледани сите извештаи и информации. Секоја друга информација во овој момент би била шпекулација“, велат од скопското Јавно обвинителство.Во средата попладне околу 13.20 часот било пријавено дека на улицата „Нроден фронт“ во Скопје биле слушнати неколку истрели од огнено оружје. Првичните информации беа дека Крпач пукал кон комбе „фургон“ сопственост на фирмата „Огнометика“, генерален застапник за „Мирновец пиротехника“. Оваа фирма според описот на дејноста што може да се најде на интернет повеќе од 20 години професионално се занимава со организација и изведба на огномети и други пиротехнички и непиротехнички услуги од доменот на забавната, сценската и филмската пиротехника. Оваа фирма има свои претставништца во сите држави на Балканот, а од пред седум години отвори свое претставништво и во Македонија.На комбето биле најдени три проектила испукани од правец на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“. Крпач бил осомничен како можен сторител, но полицијата кога влегла во неговиот стан го нашла починат во спалната соба. Тој имал прострелна рана на градниот кош, а според првичните неофицијални информации тој се самоубил со огнено оружје револвер непозната марка.Крпач бил академски уметник, сопственик на фирмата „Финзи“, а неговото име се споменуваше и во сопствеништвото на интернет порталот Нетпрес.Тој се најде на списокот на помилувани лица на Иванов, иако за него не се водела кривична постапка./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.