Спорт
Eфикасно соседско дерби

Во Медисон Сквер Гарден Њујорк Никс во кошгетерско шоу ги победија соседите од Њу Џерси со 111:100,. Натпреварот беше одлучен во третиот период во Никси влегоа со минус три но четвртината ја добија со 33:15, што беше доволно за мирен финиш.По обичај Амар Стадемаер беше најдобар стрелец во тимот од Њујорк со 35 поени, кои ги исфилува со 9 скокови. Крилниот бек Вилсон Чендлер додаде 27 поени и 11 скокови, а Рејмонд Фелтон постигна дабл-дабл со 21 поен и 12 скокови за Никси. Брук Лопез се издвои со 36 поени кај мрежичките, но останатите играчи не играа ни блиску до нивото на својот центар.Во Федекс Форум салата во Мемфис, домаќините со минимална разлика 98:96 го победија Л.А. Лејкерс. По израмнетата игра во првото полувреме, Мемфис за прва пат направи разлика од осум поени во третата четвртина (85:77) и истата успеа да ја сочува до крајот на мечот. Гостите при 96:98 го имаа последниот напад за израмнување или победа, но не постигнаа кош. Мајк Конли беше најрасположен во тимот на Мемфис, со 28 поени, а Коби Брајант постигна 29 поени за лејкерси. На гостите не им помогнаа 14-те скокови на По Гасол и 11 на Ламар Одом. Натпреварот го одлучи лошиот шут за тројка на Езерџиите (7 од 22), додека Гризлис погодија 8 тројки од само 12 обиди.Во останатите средби се постигнати следните резултати:Кливленд Кавалирс – Бостон Селтикс 87:106 ( Андерсон Варехао 16 п. 12 ск. / Ражон Рондо 23 п. 12 ас.).Орландо Меџик – Детроит Пистонс 90:79 (Рашард Луис 20 п. / Двајт Хауард 9 п. 14 ск. / Тајшаун Принс 16 п.).Филаделфија 76 – Портланд Трејл Блејзерс 88:79 (Елтон Бренд 18 п. / Весли Метјус 26 п. Лемаркус Алдриџ 20 п. 12 ск.).Сакраменто Кингс – Индијана Пејсерс 107:98 (Бено Удрих 24 п. / Дени Грејнџер 37 п. 7 ск.).Голден Стејт Вориорс – Сан Антонио Спарс 98:118 (Стифен Кари 32 п. / Ману Џинобили 27 п.). крај/ап/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Милан сериозно заинтересирани за Дарвин Нуњез

Милан е заинтересиран за напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез.
Раководството на Милан го контактирало уругвајскиот фудбалер и сериозно сака да го засили нападот со квалитетен играч.
Милан е заинтересиран и за Душан Влаховиќ, Арно Калимуенде и Расмус Хојлунд, но Нуњез е прв избор на клубот од Милано.
Уругвајецот одигра 30 натпревари во Премиер лигата минатата сезона, постигна пет гола и имаше две асистенции.
Ливерпул го доведе напаѓачот Уго Екитике ова лето и се обидува да го доведе Александар Исак од Њукасл, па затоа е подготвен да слушне понуди за Нуњез.
Саудискиот Ал Хилал е исто така заинтересиран за Нуњез, но клубот не испратил официјална понуда.
Спорт
Флорентино Перез сака да ги дознае плановите на Винисиус

Реал Мадрид ќе се врати на тренинзите во клупскиот камп во понеделник, но темата за Винисиус Јуниор (25) сè уште не ги напушта насловите страници. Проблемот со Винисиус лежи во несовпаѓањето помеѓу неговите зборови и постапки, според шпанските медиуми специјализирани за настаните во Реал. Имено, додека за време на турнејата во Соединетите Американски Држави јавно ја изрази својата желба да остане во клубот долгорочно, неговото однесување сугерира спротивно, според шпанските новинари.
Претседателот на Реал, Флорентино Перез, планира лично да се појави во клупскиот камп во Валдебебас следната недела, каде што, покрај посетата на тимот, ќе разговара и со Винисиус, објавува „Дефенса Централ“.
Причината е информацијата што протече во јавноста во последните недели, а се однесува на наводната желба на Бразилецот да има иста или поголема плата од Килијан Мбапе.
„Перез, познат по блискиот однос со Винисиус, сака да има искрен, личен разговор лице в лице со играчот за да дознае од прва рака што всушност планира и како ја гледа својата иднина“, пишува „Дефенса Централ“.
Според истиот извор, претседателот верува дека Винисиус грешил с тајмингот кога ги испорачал барањата.
Неговата моментална форма е далеку од онаа што го стави во конкуренција за Златната топка. Затоа Перез планира да го советува прво да го подигне нивото на својата игра на препознатливо ниво, а дури потоа повторно да седне на маса и да разговара за евентуално продолжување на договорот што трае до јуни 2027 година.
Спорт
Рафиња за Нико Вилијамс: Мислам дека е подобро што не дојде

Нико Вилијамс беше блиску до договор со Барселона на почетокот на летото, но на крајот се предомисли и одлучи да остане во Билбао. За пропаднатиот трансфер зборуваше и Рафиња, кој немаше пофални зборови за постапката на Вилијамс.
Крилниот напаѓач на Атлетик Билбао во два преодни рока ја извиси Барселона. Лани имаше преговори меѓу двете страни, но потоа Вилијамс одлучи да остане уште една сезона во Билбао. На шпочетокот на ова лето преговорите беа интензивни, Барселона
закажа медицински прегледи, но одеднаш се случи нов пресврт.
Вилијамс повторно се предомисли и ја извести Барселона дека решил да ја продолжи соработката со Билбао. Овој потег ги изненади челниците на Барселона, кои беа шокирани од фактот дека Вилијамс повторно ги изигра.
За неуспешниот трансфер зборуваше и Рафиња, кого новинарите го прашаа за целата ситуација, а Бразилецот не го поштеди младиот човек од Билбао.
„Бев смирен во текот на целата ситуација. Играчите кои сакаат да дојдат во Барселона мора да се борат за овој клуб. За мене, најважно е што имаме луѓе во тимот кои навистина сакаат да бидат тука“, рече Рафиња и додаде:
„Оние кои не сакаат да бидат тука, подобро е воопшто да не дојдат. Добрата работа е што имаме млади таленти кои сакаат да бидат во овој тим и да го носат дресот на Барселона. Оние кои не сакаат, подобро е да не дојдат. Затоа мислам дека е подобро што тој не дојде“.