Регион
Турција: Притвор за челниците на курдски градови
Турскиот суд им одреди притвор за градоначалниците на неколку градови со курдско мнозинство во југоисточниот дел од земјата кои се обвинети за уривање на националното единство и прогласување на независност на регионот, пренесуваат во неделата попладне турските медиуми.
Меѓу високите функционери во притвор до пресудата ќе бидат градоначалниците на областите на градовите Сур, Силван и Хакари, во југоисточната покраина Дијарбекир. Тие се обвинети за обид за уништување на државното единство и на целоста на земјата, и дека потпишале декларација за автономија. Датумот на започнување на процесот не е одреден.
Сите притворени градоначалници се избрани како членови на Партијата за мир и демократија и на Демократската партија на регионите (DBP), блиски на прокурдската Народна демократска партија (HDP), којашто оствари историски успех на парламентарните избори на 7-ми јуни освојувајќи 13 отсто од гласовите, така минувајќи го високиот праг за влез во турскиот парламент и истовремено оневозможувајќи ја владејачката исламско-конзервативна Партија на правдата и развојот првпат (АКР) првпат од 2002 година да не освои апсолутно мнозинство и да не може самата да формира влада. Тоа и придонесе да не може да се формира влада и Турција да се најде пред предвремени парламентарни избори.
Во многу турски заедници со курдско мнозинство челните места заедно ги заземаат по еден маж и жена, така што и меѓу притворените во неделата има неколку жени.
Во саботата турското министерство за внатрешни работи започна истрага против 93 југоисточни општини предводени од членови на Демократската партија на регионите (DBP) под обвинение за логистичка поддршка на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK). DBP ги има челните функции во три области на големи градови (метрополи), во 11 градови, 68 области и 23 гратчиња. Под истрага се и претставниците на оваа партија во областите на административните центри Дијарбекир, Мардин и Ван.
Локалните медиуми пишуваат дека станува збор за превентивни апсења од минатата седмица во рамките на истрагата за локалните совети за коишто се сомнева дека прогласиле независност во окрузите Силопи и Чизра, во покраината Сирна, како и дека повеќе не ги признаваат турските институции.
Од почетокот на „војната против тероризмот“ која ја покрена Турција, 56 припадници на турските безбедносни сили загинале во нападите за кои одговорноста ѝ е припишана на PKK, чии 812 припадници се убиени во операциите, според податоците на турската армија објавени во неделата. Анкара на 24-ти јули ја покрена офанзивата против PKK, и наводно против Исламската држава против која се извршени најмногу четири воздушни напади наспроти неколкуте десетици против курдските позиции во северната ирачка автономна покраина Курдистан., со што всушност дефинитивно пропадна примирјето кое беше на сила до летото 2013 година./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
На таткото на момчето убиец од Србија му е продолжен притворот за уште 60 дена, има сомнение дека може да го повтори делото
Вишиот суд во Белград му го продолжи притворот за уште 60 дена на Владимир Кечмановиќ, таткото на момчето кое на 3 мај уби девет негови врсници и чувар во ОУ „Владислав Рибникар“.
На Владимир Кецмановиќ му е продолжен притворот поради сомнение дека доколку биде пуштен на слобода за краток временски период ќе го повтори кривичното дело, како и поради тоа што постои основано сомнение дека сторил кривично дело за кое е пропишана затворска казна над десет години, а начинот на извршување и сериозноста на последиците од кривичното дело доведоа до вознемиреност кај јавноста што може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка, соопштија од тој суд.
Во обвинението за тешко кривично дело против општата безбедност се товари Владимир К., а за сторено кривично дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи, мајката на момчето Миљана К.
Регион
„Мислев дека регалот ќе падне врз мене“ – жена од Србија сведочи за силниот земјотрес
Земјотресот беше многу силен. Кратко, но силно, вели вознемирената Мила Петровиќ од Кладово – место кое утрово го погоди силен земјотрес.
Како што опишува преплашената жена, земјотресот ја исплашил и неа, но и останатите жители на Кладово.
„Мислев дека регалот ќе падне врз мене. Немаше време за бегство никаде. Сè се тресеше многу. За среќа, тоа беше кратко. Кога се смири, сите излегоа на улица“, раскажува таа за Телеграф.рс.
Земјотресот бил со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од 11 километри.
Колку бил силен, сведочи и фактот што бил почувствуван во Заечар, Неготин, Доњи Милановац, Бор и други градови на истокот на Србија, а некои граѓани го почувствувале и во Ниш.
„Почувствував земјотрес, се тресеше мебелот во куќата“, „Бев во кревет кога почна тресењето“, напишаа граѓаните.
Регион
Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија
Утрово земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во регионот на Кладово, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод.
Земјотресите со ваков интензитет можат да предизвикаат помали оштетувања на зградите во епицентралното подрачје, јавуваат српските медиуми.
Засега нема извештаи за евентуална штета.