Спорт
Спекталкуларен крај на сезоната Red Bull Air Трката спонзорирана од SEAT

Повеќе од милион гледачи ја проследиjа највозбудливата Red Bull Air Трка во Барцелона која беше спонзорирана од страна на SEAT. Британскиот пилот Пол Бонхоме е прогласен за светски шампион на настанот кој се одржа на Богател плажата
На гледачите им беше овозможено одблизу да ја погледнат трката, бидејќи за време на целиот настан беа сметени на само неколку места од локацијата каде што беа изведувани акробациите.Club SEAT додели вкупно 150 бесплатни карти за нивните членови за да бидат дел од настанот. Добитниците на бесплатните карти беа од голем дел од Европските држави: Франција, Велика Британија, Германија, Италија, Белгија, Австрија, Швајцарија, Унгарија, Португалија, Холандија, Грција и Шпанија и сите заедно уживаа во целата програма од настанот. SEAT со задоволство ја даде својата поддршка за овој возбудлив настан кој совршено се вклопува и надополнува со филозофијата на бреднот “auto emoción”. За време на настанот SEAT беше домаќин на повеќе од 700 гости кои беа дојдени како претставници од медиуми, како гледачи – гости за да го проследат настанот како и голем број на членови на Club SEAT.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Јувентус го договори Жегрова и го испрати Гонзалес во Атлетико

Јувентус, во финишот на преодниот рок обезбеди важно засилување. Поранешниот фудбалер на Лил, Едон Жегрова доаѓа во Јувентус. Во исто време клубот ќе го напушти Нико Гонзалес.
Косовскиот репрезентативец пристигнува од француски Лил, каде што играше претходните три сезони и се профилираше како еден од најдобрите играчи во Лига 1 на позицијата офанзивен играч за врска.
Жегрова ќе му се придружи на својот поранешен соиграч од Лил во Јувентус, Канаѓанецот Џонатан Давид, кој исто така им се придружи на Бјанконерите ова лето, но како слободен играч.
Италијанските медиуми објавуваат дека Јувентус ќе му плати 15 милиони евра на Лил
За репрезентацијата на Косово досега одигра 42 натпревари и постигна пет гола.
Исто така, на претпоследниот ден од преодниот рок, раководството на „старата дама“ ја прифати понудат од Атлетико за Аргентинецот, Нико Гонзалез.
Сезонава, Нико ќе настапува како позајмен играч во Атлетико. Клубот од Мадрид ќе плати еден милион евра за позајмицата.
На крајот од сезоната, во завосност од настапите, Атлетико ќе може да го откупи договорот на Аргентинецот за за сума помеѓу 20 и 30 милиони евра.
Фото/ Принтскрин
Спорт
(Видео) Шок во Милано, Удинезе го победи Интер

Вицепрвакот на Италија и Европа, Интер доживеа шокатнтен пораз на „Џузепе Меаца“ во второто коло, во Серија А. Удинезе победи со 2:1.
Интер поведе во 17-та минута со голот на Дензел Дамфрис по додавањето на Маркус Турам.
Во 26-та минута, Дамфрис играше со рака во шеснаесетникот. Во првиот момент, судијата покажа дека нема пенал, но доби сигнал од ВАР собата. Откако ја провери снимката, ја промени својата одлука. Кенин Дејвис беше прецизен во 29-та за 1:1.
Во 40-та минута, Артур Ата прими одлична топка на работ од шеснаесетникот и брилијантно постигна гол за водство на гостите.
Мрежата на Удинезе се тресеше во 56-та минута, но по проверката на ВАР, голот на Федерико Димарко беше поништен поради офсајд.
Подоцна, Интер имаше одлична можност преку Турам, но не успеа да освои барем бод на овој натпревар.
Foto/ EPA/MATTEO BAZZI
Спорт
(Видео) Влаховиќ за победа на Јувентус во Џенова
Фудбалерите на Јувентус ја победија Џенова на гостински терен во второто коло од Серија А со 1:0.
Единствениот стрелец беше српскиот фудбалер Душан Влаховиќ во 73-та минута, на асистенција на неговиот сонародник Филип Костиќ.
Јувентус изгледаше лошо во поголемиот дел од натпреварот, се мачеше да создаде шанса, па Џенова лесно ги одбиваше нападите на противникот.
Клучен момент беше 70-минута кога тренерот Игор Тудор на теренот ги испрати Влаховиќ и Костиќ. Три минути подцна српската врска му ја донесе победата.
Во следното коло Јувентус го очекува големото дерби против Интер.
Foto/ corriere.it