Македонија
ОМ: Каде е пресудата за Бошкоски
Раководството на Обединети за Македонија денеска јавно запраша поради кои причини сеуште не е изготвена пресудата, со која нивниот лидер Љубе Бошкоски беше осуден на седум години затвор.
Раководството на Обединети за Македонија денеска јавно запраша поради кои причини сеуште не е изготвена пресудата, со која нивниот лидер Љубе Бошкоски беше осуден на седум години затвор.Членот на претседателството на ОМ, Наталија Ивчева денеска изјави дека и по точно 40 дена пресудата не е објавена, иако судијката Радица Василевска при изрекувањето на пресудата ветила дека таа ќе биде готова најдоцна за една недела.„Ова ваше однесување г-ѓа Василевска како во целиот тек на судскиот процес, така и сега остава простор за многу сомнежи и прашања кои треба да ги разјасните пред македонската јавност“, рече Ивчева.Таа ја запраша судијката дали се срами да ја достави Пресудата, бидејќи во тој момент истата ќе стане јавна и ќе биде предмет на анализа на бројни независни експерти и меѓународни институции.„Се плашите дека јавно ќе се потврди нашата констатација која од почеток ја кажавме, дека станува збор за монтиран политички процес?“, рече Ивчева, обвинувајќи ја судијката дека на со ваквата постапка ја оневозможува одбраната на Бошкоски ги искористи сите можни правни лекови кои ги има на располагање.Обединети за Македонија го повика Судски совет да поведе постапка и да го испита работењето на судијката Радица Василевска и нејзината и најави постапка пред Меѓународниот суд во Стразбур за преиспитување на, како што е наведено, „целиот монтиран процес наречен Кампања“. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Костадиновска-Стојчевска: Џезот е дел од македонската музичка традиција, џезерите се наша гордост
Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска го честита Светскиот ден на џезот, со почит и благодарност кон основоположниците на овој жанр, на сегашната генерација џезери и на сите љубители на џез-музиката.
„Џезот е составен дел од нашата музичка традиција, а нашите музичари се гордост по која сме препознаени и кои со својот креативен израз ја афирмираат нашата земја на регионалната и светската сцена“, истакнува Костадиновска-Стојчевска.
Таа додава дека наша заедничка цел е да ги зачуваме талентираните џез-музичари дома, да им овозможиме траен и одржлив ангажман, да им создадеме услови за нивна промоција и за негување на џез-културата низ целата држава.
„Затоа, чест ми е што со наша искрена поддршка, џез-музичарите, со своето активно дејствување и уметничка страст, се изборија за основање на Национален џез-оркестар“, вели министерката за култура, потенцирајќи дека бројната публика на нивните концерти, но и на традиционалната прослава по повод Светскиот ден на џезот, потврдува дека македонската култура е интегрален дел од интернационалното џез-семејство, кое ја слави моќта на слободниот израз, различностите, отвореноста и мултикултурализмот.
Македонија
„Ќе ги разгледаме ставовите на маса“ – Меџити и Мицкоски се’ уште не разговарале за уставните измени
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и лидерот на Демократското движење и носител на листата за пратеници во првата изборна единица од коалицијата Влен, Изет Меџити, се уште не разговарале за уставните измени, иако веќе се зборува за можноста да бидат коалициони партнери ако ВМРО-ДПМНЕ победи на парламентарните избори.
Дали уставните измени би можеле да бидат препрека да се реализираат овие планови? Меџити денес не даде конкретен одговор на ова прашање.
„И порано и сега велиме дека сме заинтересирани да бидеме фактор за Влада која ќе биде европски ориентирана. За нас е тоа приоритет, но сега сме фокусирани на кампањата, програмата. Кога ќе седнеме ќе ги разговараме ставовите на маса“, рече Меџити.
Прашан од новинарите кој ќе биде нивниот став, Меџити додаде: „Нашиот став е јасен. Нема дилема на Влен за ставот за евроинтеграциите“.
И првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, вчера изјави дека не се водени разговори со Влен, на тема уставни измени. Мицкоски во интервју за „360 степени“ повтори дека измени на Уставот – не прифаќаат. Рече и дека пораката од народот е дека досегашната влада треба да оди во опозиција, а на коалицијата Влен треба да ѝ се даде шанса.
„Не може една политичка партија да биде континуирано повеќе од 20 години малку со едната, малку со другата партија и така цело време да манипулира со граѓаните и со гласачите. Цениме дека треба да се даде шанса на опозицијата бидејќи јасна е пораката“, рече Мицкоски.
ДУИ упати обвинување до ВМРО-ДПМНЕ дека договара коалиција без да го почека резултатот од изборите, порачувајќи дека волјата на народот треба да се почитува, но и дека без нивните пратеници нова Влада нема да се формира.
Македонија
Талат Џафери, директорите и УО на Фондот за здравство да си го загреат столчето, платите да се усогласат или генерален штрајк од 1 јуни, најави Синдикатот
Од 1 јуни повторно постои можност вработените во Фондот за здравствено осигурување во целата земја да престанат со работа, како во февруари годинава, кога запреа сите исплати од оваа институција. Некои од вработените денес излегоа на предупредувачки протест пред Фондот за здравствено осигурување во Скопје и повикаа да се одреди бодот по кој ќе им се пресметува плата кој засега е извесен само до крајот на мај, да се направи усогласување на нивните плати со минималната и да се разреши сегашниот Управен одбор оти не постапува по барањата на вработените. Доколку не им се исполнат барањата, на 15 мај ќе почнат предупредувачки протести, а на први јуни ќе стапат во генерален штрајк.
„Бидејќи сега веќе доаѓаме во цајтнот период каде што треба да се донесат и одлуки за усогласување на платата, како и вредност на бодот по 1 јуни, ние сакаме да го предупредиме овој состав на Управниот одбор да седне, да си ја сработи работата да си ги донесе одлуките и да не нè држи повеќе во неизвесност. Со оглед на тоа дека самите најавиле дека немаат намера до формирање на нова влада да донесат никаква одлука по овие прашања, останува прашањето зошто воопшто постои Управниот одбор. Би било поетички сите да си дадат оставки, а на нивно место да си дојдат лица кои ќе си ја работат работата односно ќе си ги заработат парите кои им се дадени. Доколку ова не се случи до 15 мај, ние од 15 мај ќе почнеме секој ден, во сите градови во Република Македонија по еден до два часа да имаме предупредувачки протести, а отсега најавуваме дека од 01.06. ,доколку не е решено прашањето, стапуваме во генерален штрајк“, рече претседателот на Синдикатот на вработените во Фондот за здравство, Бранко Аџигогов.
Минатиот петок Синдикатот предложил точка на дневен ред на седница на Управниот одбор на Фондот да биде пресметката на бодот за вработените оти бодот е извесен само до крајот на мај со временото решение од Владата по штрајкот во февруари, а посочиле и дека платите треба да се усогласат со минималната плата, односно да се зголемат за 2392 денари по лице. Управниот одбор без образложени ја одбил точката, па вработени ќе знаат по кој бод им се пресметува плата само уште за месец мај.
Трпе Деаноски, претседател на Синдикатот на УПОЗ, на денешниот протест јавно ги повика Владата и техничкиот премиер да најдат решение и да не дозволат Фондот за здравствено осигурување да ги затвори вратите.
„Да искористам прилика да ја повикам Владата на чело со Талат Џафери, раководството на Фонд за здравство, сепак и овој Управен одбор, додека не го разрешат, да си го загреат столчето. Видоа што се случи во февруари кога Фондот за здравство штрајкуваше само два дена. Ги повикувам сите одговорни да не дозволиме овие вработени зад нас да ги затворат вратите бидејќи ако ги затворат вратите ќе патат само граѓаните на Република Македонија. Знаете какви услуги се даваат од Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Помагаме и работиме за најлошите случаи во државата. Апелирам до сите надлежни, не бараме ништо, бараме да ни останат платите исти како што се сегашните и бараме усогласување со пораст на минимална плата од 2400 денари. Ако тоа е проблем за 800 вработени, што правиме понатаму“, рече Деаноски.
Во февруари годинава во Фондот ширум земјава ги затворија шалтерите оти Управниот одбор прифатил препорака од Владата да им се намалат платите на сите вработени за 21 отсто. По два дена штрајкување Владата даде препорака платата да им остане иста, да не се намалува, но само до крајот на мај. Тогаш Синдикатот не го прекина, туку го само го стави во мирување штрајкот кој продолжи денес, а доколку не им се исполнат барањата платата да остане иста, да се усогласи со минималната и Управниот одбор да си поднесе оставка, од 15 мај ќе штрајкуваат по еден до два часа, а од 1 јуни престануваат со работа.