Македонија
Рамковски ќе се изјасни по обвинението

Првообвинетиот од случајот „Пајажина“, сопственикот на А1 телевизија, Велија Рамковски, денеска ќе даде исказ во врска со обвинението според кое се товари за злосторничко здружување, затајување данок, перење пари и злоупотреба на службената положба.
Првообвинетиот од случајот „Пајажина“, сопственикот на А1 телевизија, Велија Рамковски, денеска ќе даде исказ во врска со обвинението според кое се товари за злосторничко здружување, затајување данок, перење пари и злоупотреба на службената положба. Рамковски на минатото рочиште најави дека неговиот исказ ќе биде краток. Додека судијката Павлина Христовска се договараше со бранителите на 23-та обвинети во случајот „Пајажина“ за тоа по колку мина сведоци ќе се испрашуваат на ден, Рамковски рече „јас имам 15 минути, толку сум напишал“. Освен Рамковски, денеска исказ ќе треба да дадат и Амди Рамковски, братот на сопственикот на А1 телевизија, Невин Рауф и Зоран Мицевски. Додека еден од обвинетите дава исказ, во судницата нема да бидат присутни другите обвинети. По четири одложувања и многу приговори од страна на адвокатите, минатата седмица обвинителката Гордана Гешковска и нејзината заменичка неколку часови го читаа обвинителниот акт напишан на 79 страници за 23-та обвинети во случајот „Пајажина“ Обвинителството го товари Рамковски, за основање на 24 фирми во Македонија и странство кои биле раководени од останатите обвинети, негови роднини и блиски соработници. Според обвинението, Рамковски и соработниците преку меѓусебно плаќање невистинити фактури и фиктивни позајмици, вршеле перење пари и избегнувале плаќање данок. Се переле пари преку повеќекратно плаќање на исти веќе претходно платени фактури, и тоа на странски фирми кои според обвинителството биле раководени од злосторничко здружение. крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски на презентација на новата воена опрема од САД во касарната во Штип

Денеска во 10:00 часот, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на презентација на новопристигнатата опрема од САД во Касарна „Јане Сандански“ во Општина Штип.
Станува збор за 29 лесни оклопни возила – JLTV.
фото:илустрација/принтскрин
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради промена на два затворачи на водоводна мрежа со пречник од ф-300мм, на крстосницата од улиците Париска/Букурешка, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Париска, дел од улица Хелсинки и дел од улица Прашка, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во околината на куќниот бр. 65 на ул. Влае. (Општина Карпош)
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од делови од улиците: Виктор Иванович Григоревич и Полог. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од с. Кучково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:00 до 17:00 часот, корисниците од ул. 1519 и ул. Борис Трајковски крак – 34. (Општина Кисела Вода)