Спорт
Британската влада ќе спречи хулигани да патуваат во Јужна Африка

Британската влада со засилени мерките на контрола ќе ги спречи фудбалските хулигани да отпатуваат во Јужна Африка за време на Светското првенство во фудбал.
Британската влада со засилени мерките на контрола ќе ги спречи фудбалските хулигани да отпатуваат во Јужна Африка за време на Светското првенство во фудбал.Се претпоставува дека со овие засилени мерки, околу 3.200 навивачи ќе добијат забрана да гледаат фудбалски натпревари во живо на претстојното првенство.Хулиганите веќе имаат обврска да ги предадат пасошите пред секој натпревар на репрезентацијата, но британското министерство за внатрешни работи соопшти дека владата ќе воведе „контролен период“ за да го продолжи времето на забрана за патување на хулиганите. Бројот на уапсени англиски хулигани опадна за околу два отсто во текот на измината година, а најголемиот број на апсења беше за нарушување јавниот ред и мир, предизвикување на инциденти во алкохолизирана состојба но и за препродавање на влезници./крај/бета/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) „Затоа сите те мразат“

Натпреварот помеѓу Хетафе и Реал Мадрид беше тензичен, лидерот извојува минимална победа, а двајца домашни играчи добија црвени картони.
Оној од Ален Њом, кој францускиот дефанзивец го заработи за само 37 секунди, привлече посебно внимание.
Тој го удри Винисиус во лицето, кој почна да се превиткува и на тој начин го „принуди“ судијата да го исклучи дефанзивецот на Хетафе.
Во тој момент Бразилецот се доближи до тренерот на Хетафе, Хозе Бордалас и му рече: „Добра измена, добра“.
„Не мора да дојде и да ми каже колку добро правам измени, не мора да дојде и да провоцира“, рече Бордалас по натпреварот, лут и поради црвениот картон.
„Го слушнав четвртиот судија како вели дека ќе го исклучи. Беше блиску. И се согласувам дека фаулот беше претеран. Сериозен фаул. Но, сè лесно можеше да се реши со жолт картон, бидејќи Винисиус исто така претера. Едвај го допре по лицето. Неоправдано исклучување“, рече Бордалас.
„Затоа сите те мразат. Научи нешто од своите соиграчи“, му рече играчот на Хетафе, Хуан Иглесијас, на Винисиус по црвениот картон за Алекс Санкрис само седум минути подоцна.
„Ова се работи што остануваат на теренот, но има работи што не можат да се дозволат. А кога не се покажува почит, се случуваат вакви работи“, рече Иглесијас.
Да ве потсетиме, единствениот гол го постигна Килијан Мбапе (1:0).
Спорт
Парична казна и суспензии за Ред Бул по трката во Остин

Тимот на Ред Бул беше казнет со 50.000 долари и доби неколку суспензии поради несоодветно однесување на главната трка за Големата награда на Соединетите Американски Држави.
Трката за титулата во Формула 1 кулминира, откако Макс Ферстапен беше најбрз во Остин.
Сепак, неговиот тим ќе мора да ги трпи последиците, бидејќи се обидоа да ја нарушат позицијата на стартната линија во неколку наврати пред почетокот на трката.
"Thank you very much everyone!" 🥹
An appreciative Max Verstappen signs off his victory with congratulations for his Red Bull team 👏#F1 #USGP pic.twitter.com/gAM64GHaEN
— Formula 1 (@F1) October 19, 2025
Имено, Мекларен сакаше да му помогне на својот возач Ландо Норис со јасно цртање каде треба да стои неговиот автомобил.
Еден од работниците на Ред Бул го забележа ова, па влезе на стартната линија потоа и се обиде да го наруши цртањето. Тој влезе на теренот откако се затвори вратата, што е казниво дело.
Ред Бул не коментираше за овој инцидент, а точната сума на суспензијата не е позната на јавноста.
Foto/ EPA
Спорт
Два нови светски рекорди поставени на Светскиот куп во САД

Американската пливачка Кејти Даглас постави светски рекорд на 100 метри слободно во базени од 25 метри со време од 50,19 секунди на Светскиот куп во Вестмонт, додека Австралијката Кејли Мекеон го собори светскиот рекорд на 200 метри грбно.
Даглас, олимписка шампионка на 200 метри градно на Олимписките игри во Париз, го освои финалето на 100 метри слободно со време од 50,19 секунди, соборувајќи го претходниот рекорд од 50,25 секунди поставен од Австралијката Кејт Кемпбел во Аделаида во 2017 година.
Второто место го освои Австралијката Моли О’Калахан (51,44), која еден ден претходно на истото натпреварување исплива нов светски рекорд на 200 метри со време од 1:49,77.
Мекеон, која ги освои титулите во дисциплините на 100 и 200 метри грбно на Олимписките игри во Париз и Токио, победи во дисциплината 200 метри грбно со време од 1:57,87, поставувајќи нов светски рекорд.
Претходниот рекорд го држеше Американката Реган Смит (1:58,04), која го освои второто место со време од 1:57,91.