Свет
Во Кина потврден првиот случај на свинскиот грип
Кинеските здравствени власти во понеделник потврдија дека го регистрирале првиот случај на заразување со новиот тип вирус. Заболен бил 3-годишен Кинез кој неодамна престојувал во САД
Кинеската државна агенција го проследи утринава соопштението на тамошното министерство за здравство во кое се потврдуваат наодите направени во заразната болница во Ченгду, главниот град на провинцијата Сечуан, кај 30-годишно момче по име Бао, станува збор присуство на новиот ти вирус на грип A (H1N1).Бидејќи момчето допатувале со авион од Минесота, во карантин веднаш биле ставени 130 патници од вкупно 150-те кои допатувале со истиот лет. Според Светската здравствена организација, Кина е 30-та држава во која е потврдена болеста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Уапсено едно лице за бомбата врз куќата на Здравко Чолиќ
Полицијата уапси едно лице, С. М. (1993), под сомнение дека фрлил бомба врз семејната куќа на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње, додека полицијата интензивно трага по вториот осомничен.
Информацијата ја потврди и српскиот министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, истакнувајќи дека станува збор за заедничка акција на полицијата, Вишото јавно обвинителство во Белград и Безбедносната и информативна агенција, пишува N1info.rs.
Уапсеното лице се товари за кривични дела нелегално производство, поседување, носење и трговија со оружје и експлозивни материи, како и предизвикување општа опасност како соучесник.
„Постојат основани сомневања дека С.М., заедно со друго барано лице, дошле во семејниот дом на жртвата во Дедиње на 3 февруари годинава околу 4:52 часот наутро, каде што активирале и фрлиле рачна граната во дворот“, рече Дачиќ.
На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа.
Бомбата во дворот на куќата на пејачот била фрлена во раните утрински часови на 3 февруари. Во нападот нема повредени, но има материјална штета. Чолиќ не бил дома во времето на инцидентот, туку бил во Загреб, каде што работи на нов албум.
Во својата прва изјава за медиумите по инцидентот, Чолиќ потврди за ТВ Уна дека неговото семејство е безбедно. „Сè е во ред во Белград, фала му на Бога сите се добро“, рече тој.
фото/епа
Европа
Берлинскиот аеродром ги одложи сите полетувања поради снег и замрзнат дожд
Аеродромот во Берлин утрово соопшти дека сите полетувања се откажани поради временските услови, бидејќи свеж снег и замрзнат дожд го погодија регионот на германскиот главен град.
„Моментално нема полетувања на аеродромот Берлин-Бранденбург поради временските услови“, соопштија од аеродромот, објаснувајќи дека авионите не можеле да се одмрзнат поради дождот, кој веднаш се замрзнува.
Aufgrund der Wetterbedingungen sind derzeit keine Starts möglich. Bitte überprüfe den Flugstatus bei deiner Fluggesellschaft. pic.twitter.com/24cLdrNg5L
— BER – Berlin Brandenburg Airport (@berlinairport) February 5, 2026
Прекинот влијае само на полетувањата, а дојдовните летови сè уште можат да слетуваат, изјави портпаролката. Не е познато колку долго ќе бидат запрени полетувањата.
Затоа, патниците можат да очекуваат откажувања на летови и значителни доцнења и им се препорачува да ја проверат состојбата на своите летови кај авиокомпаниите.
Германската метеоролошка служба (DWD) предупреди на висок ризик од опасни ледени услови во Берлин поради замрзнат дожд и мраз.
Свет
(Видео) Џиновска фантомска медуза снимена кај Аргентина
Ретка џиновска фантомска медуза е забележана за време на истражување на длабоко море во близина на Аргентина.
Научниците направија снимки од Stygiomedusa gigantea, позната и како џиновска фантомска медуза, во Јужниот Атлантски Океан на длабочина од околу 250 метри.
A team of researchers documenting the deep sea off the coast of Argentina discovered a jellyfish that can "grow as long a school bus." The footage shows a rarely seen giant phantom jellyfish at 820 feet below sea.
The belly of the jellyfish can grow up to 3.3 feet in diameter… pic.twitter.com/h9hnyNMtI9
— CBS News (@CBSNews) February 4, 2026
Истражувачите од Океанскиот институт Шмит го документираа необичното морско животно, кое може да порасне до еден метар во дијаметар, додека неговите краци можат да достигнат должина до 10 метри.
Четирите долги краци, кои личат на розови ленти, не се убоди како повеќето медузи. Наместо тоа, тие се користат за фаќање плен, првенствено риби и планктон, според Институтот.
Покрај снимките од ретката медуза, научниот тим откри и 28 потенцијално нови видови за време на експедицијата, вклучувајќи корали, морски ежови и морски анемони.

