Контакт

Свет

Владата ќе го чува во тајност договорот за продажба на ЕСМ

Објавено пред

Владата нема утврдено долен лимит под кој не може да ја продаде "Дистрибуција", но верува дека ќе добие добра цена

dobivaj vesti na viber

Се подготвува нацрт-верзијата на купопродажниот договор за ЕСМ "Дистрибуција"

Владата нема утврдено долен лимит под кој не може да ја продаде "Дистрибуција", но верува дека ќе добие добра цена

МАЈА ТОМИЌ

Владата не сака да обелодени што ќе содржи купопродажниот договор што ќе го потпише со идниот сопственик на "Дистрибуција", како и со која постигната цена би била задоволна, но е подготвена да направи извесни отстапки во документот за кои не кажува од каква важност се. Оваа Влада покажува подготвеност да го потпише договорот за продажба, но сў уште не е подготвена да даде одговор на прашањето, кој во иднина ќе ги сноси последиците од евентуално штетните клаузули во договорот, бидејќи оваа година е изборна.

До крајот на неделава, посебна владина комисија заедно со консултантот Мајнел банк треба да ја изготви нацрт-верзијата на купопродажниот договор, со сите забелешки и коментари на четирите странски компании што учествуваа во тендерот за "Дистрибуција": "Чез", "Енел", РВЕ и ЕВН, а кои минатата недела завршија со длабинското снимање на компанијата. "Купопродажниот договор нема да биде јавен документ, бидејќи тој е од доверлива природа. Сў што ќе биде оценето дека јавноста треба да го знае, ќе биде кажано. Нема причина сите одделни елементи на овој сложен, правен документ да бидат обелоденети, туку само она што е најбитното", изјави Симон Узунов, помошник-раководител на Секторот за енергетика во Министерството за економија, на вчерашната трибина "Тендерски процедури за приватизација на ЕСМ Дистрибуција" во организација на "Транспарентност".

Според него, јавноста нема причина да се плаши дека купопродажниот договор ќе биде сличен со оној на "Телеком", бидејќи "Дистрибуција" е природен монопол и нејзината услуга е од јавен карактер, што значи дека  нема да подлегнува на пазарни услови, а сў ќе биде регулирано од Комисијата за енергетика, согласно со Законот за енергетика. Узунов појасни дека дел од документот ќе има фиксни, а дел променливи клаузули, но во рамките на утврдените критериуми. Кои се тие, Узунов не сакаше да обелодени, велејќи дека станува збор за флексибилни промени во договорот, кои нема да бидат незаконски и сў со цел да се избегне ситуацијата на отфрлање на поповолниот понудувач. Она што со сигурност се знае е дека во фиксните клаузули за инвеститорот е веќе склучениот договор меѓу Владата и ЕБОР, со кој ЕБОР станува сопственик на 19,9 отсто од капиталот на "Дистрибуција" . "Во овој момент не може да се дискутира за содржината на договорот кој има 50 страници, а Владата сў уште нема одлука кои делови од него се подложни на натамошни преговори со инвеститорот. Доставените забелешки од страна на инвеститорите се во насока на дополнителни гаранции за нивниот капитал и на намалувањето на евентуалниот  ризик на инвестиции", рече Узунов.

Владата нема утврдено долен или максимален лимит под кој не може да ја продаде "Дистрибуција". Во секој случај, верува дека ќе добие добра цена. Според државниот советник за енергетика, Никола Черепналковски, доставените понуди ќе ја кажат цената на "Дистрибуција". "Лично очекувам дека ќе добиеме висока цена, бидејќи компаниите што учествуваат на тендерот се сериозни и реномирани во европски рамки. Во Бугарија, на пример, се очекуваше многу пониска цена од продажбата на дистрибуциите , но се доби за 70 отсто повеќе од очекуваното", изјави Черепналковски.

Инаку, во соседна Бугарија се доби цена од 200 евра по броило. Ако се претпостави дека по истата логика ќе се продаде и нашата "Дистрибуција", според извори во оваа компанија, тогаш ќе може да се смета дека државата ќе инкасира околу 160 милиони евра, бидејќи во Македонија има околу 70.000 броила. Некои експерти оваа бројка ја толкуваат како ниска, а повеќето мислат дека е превисока.      

Според изјавата на министерот за финансии, Никола Поповски, дадена пред два дена, вредноста на "Дистрибуција" нема да биде пониска од 80 до 100 милиони евра, но би можело поради протестите, странците да ја намалат висината на понудата. Тој рече дека Владата сў уште не разговарала за тоа која е прифатливата цена "Дистрибуција", но и дека не може да каже, бидејќи  неа ќе ја одреди пазарот. 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

(Видео) Француската полиција извлече пијан патник од авион: „Тој започна општа тепачка“

Објавено пред

Во четвртокот имаше вистински хаос на летот на „Рајанер“ од Борнмут, Англија, до Жирона, Шпанија. Летот мораше да биде пренасочен кон Тулуз откако пијан патник се обиде да ја отвори вратата на авионот, предизвикувајќи општа тепачка.

dobivaj vesti na viber

Според сведоците, инцидентот започнал кога пијан маж почнал да вика „Сакам да си одам“ и се упатил кон излезот за итни случаи. Другите патници веднаш реагирале и се обиделе физички да го совладаат, но тој одговорил со плукање и удирање. Целата ситуација ескалирала во општа тепачка.

„Целиот инцидент бил многу трауматичен. Човекот отишол во тоалет, потоа се обидел да отвори една од вратите за итни случаи. Потоа се обидел со другите. Потоа започнала голема тепачка со мажите кои се обидувале да го оддалечат од вратата“, рекол еден патник.

@thesun Shocking moment drunk man is dragged off plane after trying to open door mid-air and brawling with other passengers. #news #plane #brawl ♬ original sound – The Sun

Некои од патниците рекле дека доживеале напади на паника.

„Почнаа да се тепаат на средина од авионот. Траеше околу 30 минути. Беше ужасно, имаше крв насекаде. Луѓето врескаа и плачеа“, додал друг сведок. Насилниот патник на крајот бил совладан и соборен на подот, а глуждовите му биле врзани со дел од безбедносниот појас.

„Сакаше да оди во тоалет додека полетувавме. Кога го замолија да седне, извика ‘Морам да одам, другар’, но потоа седна. На средина од летот почна да се затетерува и се обиде да ја отвори вратата од авионот. Беше целосно пијан и сакаше да излезе“, опиша трет сведок.

„Двајца мажи се обидоа да го смират и да го совладаат, а тој почна да ги удира и да плука по сите. Еден крупен човек го предупреди дека ќе го собори ако продолжи и го турна на земја.“ По слетувањето во Тулуз, човекот беше пречекан на пистата од 13 француски полицајци и беше симнат од авионот. Летот потоа продолжи за Жирона, а авионот слета со околу два часа задоцнување.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

Израел првпат повика на евакуација на сите жители на Газа

Објавено пред

Од

Израелската армија нареди евакуација на целиот град Газа пред планираниот израелски напад.

dobivaj vesti na viber

„Израелската армија е решена да го победи Хамас и ќе дејствува во Појасот Газа со голема сила, исто како што направи во целиот појас“, напиша на X Авичај Адрае, портпарол на израелската армија на арапски јазик.

Во објавата се повикуваат жителите на Газа да се упатат по крајбрежниот пат кон ал-Маваси во јужниот Појас Газа, кој Израел го означи како хуманитарна зона.

Ова е првата наредба од армијата за евакуација на целиот град. Претходно, вакви повици беа упатувани само за одредени области.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им рече на жителите на Газа да „излезат оттаму“ пред планираниот израелски напад врз градот.

На денот кога шест Израелци беа убиени во палестинска пукотница на автобуска станица во Ерусалим, Нетанјаху вети дека ќе ја засили војната против теророт, истакнувајќи дека израелската војска „елиминирала гнезда на тероризам“ на Западниот Брег и „урнала 50 терористички облакодери“ во Газа во последните два дена.

„Рушењето е само почеток на голема копнена кампања во градот Газа. Затоа, ја користам оваа можност да им кажам на луѓето од Газа, слушајте внимателно: Предупредени сте; тргнете се од таму!“, рече тој.

Газа е најголемата населба на палестинската територија и е дом на околу еден милион луѓе.

Нетанјаху во неделата изјави дека околу 100.000 луѓе досега избегале од областа.

Хуманитарните организации предупредуваат на понатамошно влошување на веќе катастрофалната ситуација за цивилното население.

Прикажи повеќе...

Свет

Соочен со криза во Франција, Макрон мора брзо да назначи наследник на Бајру

Објавено пред

Од

Францускиот претседател Емануел Макрон денес ќе ја прифати оставката на премиерот Франсоа Бајру откако неговата влада не ја доби довербата во парламентот, а францускиот лидер мора итно да најде наследник за да избегне нова политичка криза.

dobivaj vesti na viber

Вчера, Бајру претрпе пораз на гласањето за доверба во парламентот што самиот го свика, туркајќи ја Франција во нова неизвесност и оставајќи го Макрон со задачата да го пронајде својот седми премиер.

Кабинетот на францускиот претседател соопшти дека Макрон „го забележал“ исходот и дека ќе назначи нов премиер „во наредните денови“, со што ќе се стави крај на шпекулациите за предвремени избори.

Макрон денеска ќе се сретне со Бајру за да ја прифати оставката на неговата влада. Точно кога би можел да биде именуван нов премиер останува нејасно, но извор близок до Макрон рече дека назначувањето е можно уште денеска, а претседателското обраќање исто така не е исклучено.

Бајру ги изненади дури и своите сојузници со тоа што свика гласање за доверба за да се стави крај на долгогодишниот ќорсокак околу неговиот предлог за буџет за штедење, кој вклучуваше речиси 44 милијарди евра намалување на трошоците за намалување на долгот на Франција.

На гласањето во Националното собрание, 364 пратеници гласаа против владата, додека само 194 ѝ дадоа доверба.

Макрон има неколку опции – ниту една од нив не е особено привлечна, објавува Би-би-си.

Тој би можел да назначи нов премиер, но наоѓањето кандидат кој нема веднаш да биде одбиен од една од главните парламентарни фракции нема да биде лесно. Минатата година, процесот траеше неколку недели. Бајру веројатно ќе остане на функцијата како технички премиер додека не се именува наследник.

Макрон би можел да распише и нови парламентарни избори. Тоа би го променило сегашниот баланс на моќ, но би можело да резултира со уште поубедлива победа за крајно десничарскиот Национален собир на Марин Ле Пен.

Друга опција е да се распишат претседателски избори на кои Макрон нема да може да се кандидира бидејќи неговиот втор мандат завршува во 2027 година. Некои парламентарни групи го повикаа да го направи тој потег, но тој постојано повторуваше дека нема да поднесе оставка.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ8 минути

Го запалил глисерот на својот брат, пожарот се проширил на зграда и на возило: уапсен охриѓанец

Ноќеска во 03:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид, од слобода го лишија 52-годишниот З.С. од Охрид. Тој се сомничи...

Македонија36 минути

СДСМ најави: Ќе продолжиме со објавување на „Вистината за АНБ“, што ја плаши власта па бега од декласификација?

„Што ја плаши власта толку многу па бега од декласификација на документите за случајот со АНБ“, прашува СДСМ. „Дали е...

Македонија43 минути

„Дали Обвинителството штити од кривична одговорност функционери на СДС и ДУИ и во фиока го чува предметот Рекет 2“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Во јавноста излезе нов скандал за криминалното владеење на СДС и ДУИ, а судско обвинителскиот систем го крие и заташкува....

Македонија1 час

Два активни пожари во државата, два се под контрола, а 29 се изгаснати

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од...

Македонија1 час

„И СДС и Димовски признаваат дека во период на изборни циклуси бил следен и прислушкуван Мицкоски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Скандалот со прислушкувањето на АНБ и АР на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, новинари, бизнисмени добива се поголеми размери. И СДС и...

Регион3 часа

(Видео) Силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди грчкиот остров Евија во текот на ноќта и беше силно почувствуван во...

Свет4 часа

Посетата на САД ќе стане поскапа за странските патници од 30 септември

Патниците кои планираат да ги посетат Соединетите Американски Држави наскоро ќе се соочат со повисоки трошоци бидејќи повисоките такси за...

Свет4 часа

Голема победа за Трамп: Врховниот суд пресуди дека може да продолжи со рациите во Лос Анџелес

Врховниот суд на САД пресуди дека федералните рации за имиграција во Лос Анџелес можат да продолжат, укинувајќи ја претходната забрана...

Европа4 часа

Медведев обвини земја членка на ЕУ дека „подготвува напад врз Русија“

Заменик-претседателот на Рускиот совет за безбедност, Дмитриј Медведев, тврди дека денешна Финска, со поддршка на НАТО, води „конфронтациска политика на...

Свет11 часа

(Видео) Расте бројот на жртви во судирот на воз и автобус во Мексико: десетици повредени

Најмалку десет лица загинаа, а 61 се повредени откако товарен воз удри во двокатен автобус северозападно од Мексико Сити, соопштија...

Свет11 часа

Израел: Моќен ураган ќе ја погоди Газа, а покривите на терористичките облакодери ќе се тресат

Израел им порача на жителите на Газа веднаш да го напуштат градот откако предупреди дека ќе ги интензивира воздушните напади...

Европа15 часа

(Видео) Падна француската влада

Францускиот премиер Франсоа Бајру го изгуби гласањето за доверба што самиот го побара за својата влада. Француското национално собрание гласаше...

Македонија15 часа

(Видео) Полицискиот хеликоптер денеска фрли повеќе од 30 тони вода врз дел од пожарите

Денеска полицискиот хеликоптер Бел 412 беше ангажиран во два наврати за гасење пожар во реон на село Русиново и во...

Свет17 часа

Шпанскиот премиер: Едно е да ја браниш својата земја, а друго е да бомбардираш болници и да ги изгладнуваш децата

Шпанскиот премиер Педро Санчез денес објави девет мерки против Израел, вклучувајќи ембарго за оружје, со цел „запирање на геноцидот“ што...

Македонија17 часа

Се судрија четири возила и четири мотоцикли, петмина повредени: прекинат сообраќајот на патот Мавровска крстосница-Гостивар

Денеска во ОВР Гостивар во 15:56 часот пријавена е сообраќајна несреќа на магистралниот пат од Мавровска крстосница кон Гостивар, во...

Топ20 часа

Едно и полгодишно дете од Радовиш пренесено во Клиничката болница Штип, според таткото испило таблета

Вчера во 18:22 часот во Полициската станица Радовиш од Итната медицинска помош Радовиш е пријавено дека кај нив бил донесено...

Македонија21 час

Мицкоски за прислушуваните материјали: Ме следеле мене, но и моите деца, речиси исти луѓе блиски до некоја мината власт, оперираат со системот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски во своето обраќање по повод 8 Септември – Денот на независноста...

Македонија21 час

Шест активни пожари во државата, еден е под контрола

Денеска, до 12:00 часот, на територијата на Македонија регистрирани се вкупно девет пожари на отворен простор, од кои активни се...

Македонија22 часа

Ахмети: Никаква опасност, на ниту еден Македонец, а уште помалку на нашата држава, не и се заканува од еднаквоста со Албанците

„Годишнината од прогласувањето на независноста на Северна Македонија е секогаш повод да рефлектираме за тоа како беше, како е и...

Македонија22 часа

(Фото) Започна увидот во опожарената фабрика во Виница

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани го започна увидот по настанатиот пожар во фабриката „Макпрогрес-Винчини“ во Виница. Увидните дејствија...