Македонија
Нов сомнителен случај на свински грип во Македонија
Нов сомнителен случај на заразен од грипот А (Х1Н1) е регистриран денеска во Македонија, соопштија официјални извори
Нов сомнителен случај на заразен од грипот А (Х1Н1) е регистриран денеска во Македонија, соопштија официјални извори.
Станува збор за машко лице од Битола, кое деновиве пристигнало од Германија, јавува Макфакс.
Министерот за здравство Бујар Османи соопшти претпладнево на прес конференција дека туку што добил информации за случајот и засега нема повеќе детали. Не е познат идентитетот на пациентот и неговата возраст.
Се претпоставува дека тој итно ќе биде пренесен од Битола на инфективната клиника во Скопје, каде веќе се хоспитализирани други две лица со симптоми на новиот грип
Во врска со пациентот, кој во понеделникот беше префрлен од Прилеп на клиниката во Скопје, со симптоми на грипот, резултатите потврдиле дека станува збор за типот А, но поттипот не е одреден. Тоа дополнително ќе се направи во референтната лабораторија во Лондон.
За првиот сомнителен случај, што беше регистриран кај дете на возраст од 4 години, кое пристигнало во Прилеп од Австралија, надлежните очекуваат во среда вечер да ги добијат резултати од лабораторијата во Лондон, кога ќе биде јасно дали тој е заразен од свинскиот грип.
Министерот Османи апелираше денеска да не се создава паника меѓу населението бидејќи „оваа појава, со оглед на летната сезона на патување, како и претходно прогласената пандемија, беше сосема очекувана“.
Османи предупреди лекот тамифлу да не се зема превентивно и на своја рака бидејќи на тој начин се создава отпорност на болеста./крај/мс/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со слаби локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините врнежи од слаб снег. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со појава на магла. Во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.
Македонија
Посебен режим на сообраќај во Скопје за празникот Водици
На 19.01.2026 (понеделник) Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во Скопје.
Во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул. „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со бул. „Гоце Делчев“ до крстосницата со ул. „11 Октомври“ во двете насоки.
Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“, ул.„Ѓорче Петров“ до ул.„Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, ул.„Козле“, дел од ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар. Во општина Аеродром за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон Горно и Долно Лисиче.
СВР Скопје апелира со сите учесници во сообраќајот да ги прочитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Утре локални врнежи од дожд, на планините снег
Утре на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. По одредени котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 5 степени.
За време на викендот на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места од снег.
Во поденелник и вторник има преодно стабилизирање на времето, а од среда повторно ќе има врнежи претежно од снег. Од утре до крајот на неделата има услови за појава на магла по одредени котлини. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.

