Контакт

Региони

Домашна визита посети околу 1.500 лица

Објавено пред

Во рамки на шестиот циклус на проектот Домашна визита, кој почна на 5 март годинава, досега се посетени околу 1.500 лица во повеќе региони низ државата.

dobivaj vesti na viber

Се работи за лица од руралните и потешко достапни населени места во државата, со посебен фокус на постари лица, на кои заради возраста им е потребна поголема здравствена нега, а со оглед на тоа што живеат во рурални средини им е отежнат пристапот до примарна здравствена заштита.

 

Посетите ги вршат обучени тимови од патронажните служби во здравствените домови. На ниво на здравствени домови, во реонот на ЗД Скопје се извршени вкупно 450 посети, ЗД Штип – 120 посети, ЗД Куманово – 112 посети, ЗД Охрид – 118 посети, ЗД Струмица – 90 посети, ЗД Гостивар – 105 посети итн.

 

Кај дел од посетените лица се детектирани хронични заболувања, респираторни заболувања, покачено ниво на крвен притисок, покачено ниво на холестерол, дијабет, и истите се упатени кај матичен лекар за препишување соодветна терапија и натамошни испитувања.

 

Во рамки на посетите, патронажните тимови даваат и совети за здрава исхрана, практикување физичка активност и здрави стилови на живеење.

 

Проектот Домашна визита е инициран како широка акција за превентивни здравствени прегледи со цел зголемување на грижата за постарите и изнемоштени лица и дополнително приближување на здравствената заштита до оваа категорија граѓани. Проектот се реализира во рамки на Програмата „Здравје за сите“. Посетите се организираат според информации од системот МојТермин, а пред да дојдат во домот, патронажните тимови се најавуваат телефонски кај граѓаните./крај/со/бб

 

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Трамп почнал договори за средба помеѓу Зеленски и Путин, потоа би се вклучил и тој

По завршувањето на средбата во Белата куќа со украинскиот претседател Володимир Зеленски и лидерите на Европа, американскиот претседател Доналд Трамп...

Свет4 часа

Заврши состанокот во Белата куќа, разговорите продолжуваат во нов формат

Состанокот во Белата куќа меѓу американскиот претседател Доналд Трамп, украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските лидери заврши, но разговорите продолжуваат,...

Свет7 часа

Трамп верува дека може да се договори мир додека траат борбите: „На целиот свет му е доста од оваа војна“

Претседателот на САД, Доналд Трамп беше прашан дали ги разбира „коренските причини“ за војната за време на состанокот со украинскиот...

Свет7 часа

Tрамп на состанок со Зеленски: Украна ќе добие безбедносни гаранции

Претседателот на САД, Доналд Трамп за време на состанокот во Овалната соба со украинскиот претседател, Володимир Зеленски, рече дека Украина...

Култура12 часа

Љутков од Слоештица: Меморијалната соба на Петре М. Андреевски не е запоставена, а ракописите се безбедно зачувани

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска ја посети Општина Демир Хисар, каде што оствари средба со градоначалникот Никола...

Македонија14 часа

Одбележан 18 Август – Денот на Армијата

Во присуство на највисокото државно и воено раководство, во касарната „Јане Сандански“-Штип, се одржа централната свеченост за воениот празник „18...

Свет14 часа

(Видео) Зеленски објави видео од нападите врз Украина: „Војната мора да заврши. И Москва мора да го чуе зборот: „Стоп“.“

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, остро реагираше на ноќните руски напади низ Украина, велејќи дека тие јасно ги демонстрираат намерите и...

Македонија14 часа

(Видео) Манасиевски: 205 илјади евра од Еразмус + со СДС завршија кај брат на нивен пратеник за дресирање магариња

205 илјади евра од Еразмус + со СДС завршија кај брат на нивен пратеник за дресирање магариња и правење сирење....

Македонија15 часа

Поради пожар, затворен за сообраќај патот Македонски Брод – Скопје

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила,...

Македонија15 часа

(Видео) Јанковиќ: ВМРО-ДПМНЕ штити милионски злоупотреби во Еразмус+, зошто в.д. директорката не е разрешена?

Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+. Зошто в.д. директорката не е разрешена кога е...

Свет16 часа

(Видео) Еден од најголемите протести во Тел Авив досега: „Запрете ја војната“

Десетици илјади демонстранти се собраа во Тел Авив за да побараат крај на војната во Газа и итно ослободување на...

Свет17 часа

„Зеленски се соочува со тешка средба со Трамп, мировните услови нема да бидат во корист на Киев“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се соочува со тешка средба со американскиот лидер Доналд Трамп во Белата куќа. Условите за евентуален...

Македонија18 часа

Се уште гори кај Јасен, под контрола пожарот во Јегуновце

Центарот за управување со кризи извести деак во последното деноноќие, до 07:00 часот утрово низ земјава се регистрирани вкупно 28...

Македонија19 часа

Постапка против осум лица за масовна тепачка во Скопје: фрактура на черепот со крварење на мозокот, скршена долна вилица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против осум лица заради учество во масовна тепачка на улицата „Славеј...

Свет20 часа

Белата куќа е центар на важна дипломатска активност денеска, објавен распоредот на клучните состаноци

Белата куќа е центар на важна дипломатска активност денес, со распоред што вклучува клучни средби меѓу американскиот претседател Доналд Трамп...

Свет21 час

Се огласија Русите: На Москва исто така ѝ се потребни веродостојни безбедносни гаранции

Русија се согласува дека секој иден мировен договор за Украина мора да обезбеди безбедносни гаранции за Киев, но на Москва...

Свет21 час

Трамп: Некои работи не се менуваат, нема враќање на Крим и нема приклучување на Украина кон НАТО

Трамп се огласи на својата платформа Truth Social за да го повика украинскиот претседател да постигне договор за прекин на...

Свет21 час

Зеленски пристигна во Вашингтон: Сите подеднакво сакаме брзо и сигурно да ја завршиме оваа војна

Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Зеленски ќе се одржи денес во 13:15 часот по локално време...

Свет1 ден

Зеленски: Украинскиот Устав не допушта тргување со територии

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес во Брисел им упати низа клучни пораки на европските лидери, зборувајќи за трансатлантското единство, мировните...

Македонија1 ден

(Видео) Избегната катастрофа кај Брезница, пожарот се движи кон Козјак

Денес се регистрирани десет пожари на отворен простор, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, предупредувајќи дека...