Спорт
Баерн во последните минути ја испушти победата
По петочниот триумф на Борусија над Баер во Леверкузен, во петокот се одиграат уште пет мечеви од 18-то коло на германската Бундеслига
Според извештаите, на денешните мечеви биле промашени дури четири пенали. Според драматичноста се издвојува ремито на минхенски Баерн на гостувањето кај Волфсбург, меч на кој не беа реализирани два удара од белата точка, од кои едниот е по заслуга на 22-годишниот голман на баварците Томас Крафт кој со одлична интервенција го скротил ударот на Графите. Баерн поведе уште во 7. минута преку Милер, но капитенот Филип Лам од пенал не успеа да го зголеми водството, а во судиското дополнување на првото полувреме му се реваншираше и Графите. Мечот изобилувал со шанси на двете страни, а на крајот е завршен со изедначувачкиот погодок на Рејтер во 86. минута од мечот.Од овој меч треба да биде одбележана и повредата на левиот зглоб на ногата на Франк Рибери, кого во 25. минута го заменил опоравениот холандски репрезентативец Арјен Робен кому ова му беше прв првенствен настап сезонава.Штудгард со голот на Харник во 79. минута го совлада Мајнц. Вердер со 2:1 го совлада Хофенхајм во драматичен меч во кој по водството на домашните преку Пизаро во 37. минута гостите преку Вукчевиќ изеданчија во 87., а на почетокот од последната минута од мечот, победата на Вердер му ја донесе Фрингс. Нинберг беше поразен дома од Борусија Менхенгладбах со голот на Нојштадер во 8. минута.Сент Паули и Фрајбург ремизираа со резултат 2:2. Головите ги постигнаа Еберс во 13. и Асамоа во 68. минута за домаќините, а гостите изедначуваа преку Сисе во 61. и 75. минута. Во водство на табелата е Борусија од Дортмунд со 46 бодови а дури со 13 бодови помалку го следат Мајнц и Баер Леверкузен, Хановер е четврти со 31 бод и меч помалку а на петтата позиција е Баерн Минхен со 30 бодови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Хрватска го завери пласманот на СП
Хрватската фудбалска репрезентација ги победи Фарските Острови со 3:1 во претпоследниот натпревар од квалификациите за Светското првенство и го потврди првото место во групата Л.
Хрватите се третата европска репрезентација која обезбеди пласман на завршниот турнир во Канада, САД и Мексико, по Англија и Франција.
Натпреварот од деветтото коло од европските квалификации одигран во Риека заврши со резултат 3:1 (1:1).
Момците на Златко Далиќ имаат недостижни шест бода повеќе од второпласираните Чеси во пресрет на последното коло.
Натпреварот не започна добро за Хрватите. Фараните неочекувано поведоа во 14-та минута. Голот го постигна Геза Давид Тури.
Хрватска изедначи седум минути подоцна преку Јошко Гвардиол. Петар Муса го комплетираше пресвртот во 57-та минута, а точка на натпреварот стави Никола Влашиќ во 70-та минута.
Во последното коло, Хрватска ќе и гостува на Црна Гора.
Foto/ EPA
Спорт
Клементе за Јамал: Ако продолжи вака, неговата кариера нема да трае долго
Поранешниот селектор на Шпанија, Хавиер Клементе, го критикуваше еден од најдобрите фудбалери на Барселона, Ламин Јамал.
На искусниот стручњак не му се допаѓа однесувањето на 18-годишникот надвор од теренот и се плаши дека неговата кариера нема да трае долго поради тоа.
„Како играч, тој е многу добар, но проблемот е што не знае како да се однесува надвор од теренот. Ако продолжи вака, неговата кариера нема да трае. Тоа е јасно“, остро рече Клементе.
Од друга страна, на Клементе му е јасно дека станува збор за извонреден играч.
„Тој прави брилијантни работи, но ривалите веќе знаат како игра, знаат како да го гледаат. Тие знаат дека тој е еден од оние играчи на кои не треба да им се дозволи да играат затоа што е со висок квалитет, а може да направи толку многу на теренот“, заклучи Клементе.
Спорт
Флорентино Перез се повлекува од Реал
Легендарниот претседател на Реал Мадрид, Флорентино Перез, одлучи да се пензионира пред крајот на својот мандат.
Долгогодишниот прв човек на Реал Мадрид планира да ја напушти својата функција во 2026 година, две години пред крајот на актуелниот мандат, објавува новинарот Пепе Алварез.
Како што е наведено, 78-годишниот Перес сака уредена и планска транзиција на власта во клубот, без оглед на тоа дали членовите на клубот ќе ги поддржат неговите предлози на референдумот или не.
Перес стана претседател на Реал за прв пат во 2000 година, првата ера траеше до 2006 година, а втората, која започна во 2009 година се уште трае.
За време на неговиот мандат, фудбалскиот клуб Реал Мадрид беше прв во Европа седум пати, победник на Суперкупот исто толку пати, со пет трофеи од Ла Лига и три Купа на кралот.
Во тој период, кошаркарите освоија седум титули во АЦБ лигата, три Евролиги и седум Купа на Кралот.
Перез е синоним за модернизација на Реал – не само на теренот, туку и преку проекти како што се реновираниот „Сантијаго Бернабеу“ и глобалната експанзија на брендот.
Засега не е познато кој би можел да го наследи.

