Надворешна политика
Кабинет на претседателот Иванов: Македонија останува транзитна држава за мигрантите
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/ivanov20migranti20gevgelija.jpg)
Прашањето дали ќе има или ќе нема бегалски кампови на територијата на Македонија претседателот Ѓорге Иванов го затвори на самитот во Брисел во октомври 2015-та година, а на тој самит точно и јасно беше кажано дека на територијата на Македонија ќе има само два транзитни центри, на југот за 1.500 бегалци, и на север за 500 бегалци, изјави Ивица Боцевски, посебен советник во Кабинетот на претседателот Иванов, кој најостро ги демантираше лагите и невистините изнесени во денешното соопштение на ЛДП дека Иванов се согласил на територијата на Македонија да има бегалски кампови.
„Република Македонија останува на својот став, ние сме транзитна држава, ние не сме земја крајна дестинација и како транзитна држава остануваме со капацитетите. И натаму се залагаме за сеопфатно европско решение. И натаму се залагаме за целосна заштита на граничната црта, за целосно менаџирање на бегалците, целосна регистрација на бегалците и нормално се залагаме за сеопшто европско решение кое ќе ги земе предвид барањата на сите земји и потребите на сите земји“, изјави Ивица Боцевски.
Боцевски посочи дека претседателот Иванов од мај предупредува дека Европа ја очекува бегалски бран и дека е потребно сеопфатно европско решение, затоа што оваа криза не може да се решава парцијално и без најзасегнатите земји коишто се наоѓаат на балканската рута меѓу кои е и Македонија.
Република Македонија смета дека треба да и се помогне и на Турција и на Грција, истакна Боцевски, но дека еднострани решенија на било која земја од коридорот не води кон решение.
Тој додаде дека Македонија е земја која прогласи кризна состојба, а претседателот Иванов потпиша акт со којшто илјада војници се ставени на располагање на јужната граница и ја обезбедуваат границата, го канализираат протокот на бегалците, и овозможуваат целосна регистрација и хуманитарна заштита на самите бегалци.
Боцевски констатираше дека сите оние кои пласираат вакви измислици, тоа го прават за ситни политички поени или пак ги преспале последните шест месеци./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/02/mucunski-viena.jpg)
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/mucunski-varheji.jpg)
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/Ukraina-1.jpg)
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.