Надворешна политика
По Лондон, Минхен и Прага, Иванов со врвот на ЕУ ќе расправа за мигрантската криза
Во изминатите неколку денови на состаноците во Лондон, Минхен и Прага, претседателот Ѓорге Иванов изнесе предлог планови и сеопшти решенија за подобро управување со Европскиот кризен менаџмент во справување со мигрантската криза до претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, претседателот на Европската комисија (ЕК), Жан-Клод Јункер, земјите од Вишеград 4, Бугарија и Австрија и земјите северно од нас.
Во изминатите неколку денови на состаноците во Лондон, Минхен и Прага, претседателот Ѓорге Иванов изнесе предлог планови и сеопшти решенија за подобро управување со Европскиот кризен менаџмент во справување со мигрантската криза до претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, претседателот на Европската комисија (ЕК), Жан-Клод Јункер, земјите од Вишеград 4, Бугарија и Австрија и земјите северно од нас.
Македонските предлози кои беа изнесени во октомври 2015-та година на вонредниот состанок на земјите од западен Балкан, тогаш блокирани од Европската комисија, денес се реалност и основа за управување со кризниот европски менаџмент на земји членки на Унијата.
На состанокот во Прага, македонската страна настапи со факти и податоци што потоа беа посочени од страна на словачкиот премиерот Роберт Фицо на пресконференцијата односно дека како што рече тој „дискусијата беше интересна и сите лидери на Европската унија треба да слушнат што зборуваше македонскиот претседател Ѓорге Иванов“, додавајќи дека некои лидери на ЕУ немаат допир со реалноста.
Македонската страна го застапува ставот за намалување на безбедносните ризици и предлага конкретни мерки и план за европски одговор, а не одговор на Унијата која се покажа како не толку успешна во кризниот менаџмент.
На состанокот во Прага, Македонија поттикна размислување и примена на план за одговор за: заштита и затварање на надворешните граници на Унијата, обезбедување и канализирање на контролата на протокот на мигрантите низ транзитниот коридор.
Во однос на мигрантската криза, Македонија подржува сеопшто европско решение; заеднички критериуми за справување со мигрантската криза; воспоставување на стандардизација на регистрација на мигрантите за нивно транзитирање низ Балканскиот коридор; употреба на унифицирани системи за регистрација и размена на податоци меѓу европските држави за барателите за азил; лицата кои се спречени на илегални патишта во намера да остварат влез надвор од контролните пунктови за регистрација и користењето на фалсификувани документи за транзитирање и регистрација.
Македонската страна смета дека со ова би дошло до намалување на безбедносните ризици, а поддржува и измена на законите за заштита на државните граници.
Претседателот Иванов, за време на учеството на Минхенската безбедносна конференција потенцираше дека „доаѓањето на бегалците и мигрантите покажа дека Македонија е функционална држава и најдобро се справуваше од сите земји од коридорот со предзвиците што ги имавме со бегалците“.
Македонија исто така, како што потсети Иванов, беше првата земја што прогласи кризна состојба и ја однесе армијата да ја чува границата, прва земја што има 99 процентно регулиран проток на мигранти, земја која ги има сите податоци за сите безбедносни ризици што доаѓаат со бегалците, и останува на тоа дека, како што беше потенцирано од страна на Иванов во Прага „нема да дозволи да се реализираат еднострани решенија што ќе бидат на македонска штета“./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.