Свет
Обвинет за убиство на дете пред 33 години
Мажот кој призна дека го задушил детето Итан Пац во петок ќе биде обвинет за убиство, точно по 33 години откако шестгодишникот исчезна во близина на местото на живеење.
Педесет и едногодишниот Педро Хернандез, кој работеше како доставувач во локалната продавница на Менхетен каде што Пац живеел и каде што последен пат бил виден на 25 мај 1979 година, е уапсен во четврток.
Исчезнувањето на Пац предизвика големо внимание кај медиумите и го наведе тогашниот американски претседател Роналд Реган во 1984 година да го потпише законот за трагање по исчезнати деца, по што беше формиран и непрофитен центар за исчезнати деца и беа променети редица правила за тоа како полицијата и јавноста реагираат на избештаите за исчезнати деца.
Пац така стана првото исчезнато дете чие лице се најде на картонско пакување на млеко за да се поттикне јавноста да даде информации за неговото исчезнување.
Полицискиот инспектор Рејмонд Кели рече дека Хернандез ќе биде обвинет за убиство бидејќи на полицијата и признал дека детете го задушил во подрумот на продавницата, го ставил неговото тело во вреќа и го фрлил во канта за ѓубре.
Семејството на пац и денеска живее во истата улица, а Хернандез во меѓувреме се преселил во Мепл Шејд во Њу Џерси и таму живеел со сопругата и ќерката.
Пресвртот во овој досега нерасветлен случај настана еден месец откако полицајците детално го пребарале подрумот во втората зграда во соседтсвото и ништо не откриле. Сепак, на тој начин случајот го поврзале со Хернандез кој на членовите на семејството во 1981 година им рекол дека „направил нешто многу лошо и дека убил дете во Њујорк“, рече Кели.
Пац пред да исчезне на родителите им рекол дека на кратко ќе намине во продавницата за да купи вода пред да се качи во автобус, а Хернандез сега вели дека го намамил во подрумот со ветување дека ќе му даде сок. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.
Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.
И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.
Свет
Орбан доби покана од Трамп да се приклучи на мировниот совет за Појасот Газа
Унгарскиот премиер Виктор Орбан добил покана од американскиот претседател Доналд Трамп да учествува во Советот за мир за Појасот Газа, соопшти денеска унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто.
„Премиерот доби покана од американскиот претседател Доналд Трамп да се приклучи на Советот за мир за Појасот Газа. Според нас, оваа покана е признание за унгарскиот премиер, и тој, секако, ќе учествува во работата на тој совет. Премиерот ми наложи да ја информирам американската администрација“, изјави Сијарто, пренесе официјалниот портал на унгарскиот јавен сервис Hirado.hu.
Тој истакна дека мировните иницијативи на Трамп се високо ценети во светот и додаде: „Американскиот претседател претставува надеж за мировниот процес“.
Според Сијарто, Унгарија е заинтересирана за мир на Блискиот Исток, бидејќи безбедносната состојба во регионот има значително влијание врз Централна Европа.
Орбан веќе присуствуваше на церемонијата за потпишување на мировниот договор во Шарм ел Шеик, Египет, на 13 октомври. Советот за мир за Појасот Газа ќе биде задолжен за надгледување на втората фаза од планот за прекин на војната во палестинската енклава.
Свет
Германските војници го напуштија Гренланд
Извидничкиот тим на германската армија Бундесвер го напушти Гренланд по само два дена престој.
Повлекувањето го објавија „Билд“ и „Дер Шпигел“, а информацијата за новинската агенција ДПА ја потврди и портпаролот на германското Министерство за одбрана.
Според „Билд“, кој прв ја објави веста, војниците биле информирани за ненадејното заминување дури утрово.

