Спорт
Пандев во Ливерпул?
Според англиските медиуми макединскито интернационалец Горан Пандев кој настапува во редовите на калчо лигашот Лацио ќе се пресели во еден од англиските гиганти
Весникот од Апенините, пак, Ил Темпо објавил вест во која стои дека веќе се почнати приговори од страна на Ливерпул за евентуален ангажман на нашата фудбалска гордост ова лето.Според неколку најави досега Горан Пандев дефинитивно ќе си замине од Лацио ова лето а со оглед дека Лолито се’ потешко се справува со притисокот кој е присутен поради побарувањата на Пандев, можно е тој да биде продаден уште пред почетокот на преодниот рок.Италијанскиот фудбалски агент Виченцо Диполито во пресрет на летниот преоден рок минатата седмица излезе со интересна констатација пред медиумите од Апенините поврзана со нашиот фудбалски интернационалец Горан Пандев.„Според информациите кои јас ги имам, тешко е да се каже дека Пандев ќе остане во Лацио и следната сезона. Според мене, екстремно големи се шансите да промени клуб ова лето, тој е одличен фудбалер и нормално е што размислува за преселба со оглед на тоа де за него се заинтересирани многу клубови од европа„. – изјави Диполито.За најдобриот македонски репрезентативец Горан Пандев досега сериозен интерес пројавија минхенски Баерн и мадридски Реал, но дали ќе замине пресотанува да видиме.На почетокот од седмицава и тиражниот Газета дело Спорт објави дека управата на „Старата Дама“ во последно време ја разгледува опција да го засили својот напад со напаѓачот на Лацио, Горан Пандев. Весникот вели дека интересот на Јуве за услугите на интернационалецот од Македонија е сериозен и за реализација на ваков трансфер зелено светло дал Клаудио Раниери, а ангажаманот на Пандев дури го „одобрил“ и Марчело Липи. Секако операцијата за ангажам на Пандев нема да биде лесна бидејќи Клаудио Лотито не сака да се откаже од својот бисер. Македонскиот интернационалец има договор со Лацио до 2010 г. и плата од околу 500 илјади евра годишно. Претседателот на Лацио вети дека Пандев ќе добие нов договор според кој ќе заработува околу 1,5 милиони евра и ќе биде со трајност до 2015 г. и се очекува напаѓачот да стави потпис на договорот по крајот на оваа сезона.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Синот на Скоти Пипен започна тепачка во Мајами
Кошаркарите на Мајами Хит ја продолжија импресивната победничка серија, откако ги победија Мемфис Гризлис со 136:120.
Натпреварот го обелажаа Ендру Вигинс и Норман Пауел, како и инцидентот на крајот од натпреварот.
Вигинс го предводеше домашниот тим со 28 поени, шутирајќи импресивни девет од 10 од поле, додека Пауел додаде 25 поени.
Тие двајца беа клучни во третата четвртина кога Мајами доминираше со 39:26 и тука го реши победникот.
Кај гостите, Џарен Џексон постигна 28 поени (најмногу во сезоната), Џален Велс 25, Скоти Пипен 18 и Тај Џером 17 поени. Гризлис го претрпеа 11-тиот пораз во последните 14 натпревари.
На крајот од натпреварот се случи инцидент. На 1:19 пред крајот на четвртата четвртина, Скоти Пипен Џуниор налета на играчот на Мајами, Мајрон Гарднер, и го турна во првиот ред на трибините. Двајцата паднаа на подот и физички се судрија, а потоа двајцата беа отстранети од теренот.
Scotty Pippen Jr is 1000% in the right here btw
Total bush league stuff from Myron Gardner pic.twitter.com/iAhF4Ff3wS
— Josh Gattis (@speed_in_space) February 22, 2026
Спорт
Меси и Интер Мајами со пораз ја почнаа сезоната
Новата сезона на МЛС, американската професионална фудбалска лига, започна, а веќе во првото коло, актуелниот шампион доживеа дебакл.
Интер од Мајами, предводен од Лионел Меси, еден од најдобрите фудбалери во историјата, загуби од Лос Анџелес со 3:0.
Тимот од Градот на Ангелите беше подобар во првото полувреме, а добрата игра ја крунисаа со голот на Мартинез во 38-та минута.
Во вториот дел, Интер беше подоминантен, додека Лос Анџелес се повлече и чекаше можност од контранапад. Таа тактика се исплатеше и головите на Буонга во 73-та и Ордаз во четвртата минута од судиското продолжение го запечатија вредниот триумф.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Гол за „Пушкаш“ во режија на Пједраита
Името на Алехандро Пједраита, не е многу позанто во светот на фудбалот, но она што го направи Колумбиецот во дербито на Софија го направи хит на социјалните мрежи. Масовно се дели неговиот гол против Сзлавија.
Во 82-та минута, Колумбиецот го постигна единствениот гол за ЦСКА Софија во победата од 1:0 над нивниот голем ривал.
Интересно, ова е прв пат за Колумбиецот откако пристигна во Бугарија. Тој дојде како слободен агент оваа зима, откако му истече договорот со аргентинска Гимназија.
POTENTIAL PUSKAS WINNER 🤯🤯🤯
Colombian winger Alejandro Piedrahita with an absolute beauty for CSKA Sofiapic.twitter.com/dkJEpxebrV
— The 44 ⚽️ (@The_Forty_Four) February 21, 2026
🇧🇬 | Alejandro Piedrahita'dan sezonun golü. Olağanüstü. Puskas adayı.
⚔️ CSKA Sofia 1-0 Slavia Sofya
📷 @CSKA_Sofia pic.twitter.com/QnlD8roHL8
— Balkan Futbolu (@BalkanFutbolu) February 21, 2026

