Спорт
ФФМ во петок ќе одлучува!

Претседателот на ФФМ, Хари Хаџи-Ристески, за во петок ја закажа 31-та седница на Управниот одбор каде што ќе се расправа за селекторот на сениорската репрезентација.
Фудбалската федерација потврди дека главна тема на разговор на 31-та седница на УО која ќе се одржи на 8 мај ќе биде изборот на селектор на А – националниот тим.Македонската репрезентација моментно е без тренер откако Сречко Катанец си поднесе оставка од селекторското место по дуелот со Холандија.Неколку имиња се спомнуваат како можни селектори на националниот тим, а до ФФМ има пристигнато неколку биографии кои сите се од странски тренери, Бранко Иванковиќ, турските стратези Јанел Караман и Зијта Доган, како и српскиот тренер Милољуб Остоиќ.Често се спомнуваше и името на Чедомир Јаневски кој е предводник на Црвена ѕвезда а во последно време шпекулациите силно го поврзуваат селекторот на младата репрезентација Мирсад Јонус со преселба во сениорската репрезентација.Исто така, во игра е и можноста до крајот на годинава да се назначи вд селектор, и при таква опција имито на Вујадин Станојковиќ, кој му беше десна рака на Катанец е најчесто спомнувано како главен фаворит.УО ќе именува организациски одбор за одбележување на јубилејот 100 години фудбал во Македонија, ќе донесе одлуки за изградба на спортски тренинг-центар, за договори за професионално играње и стипендиски договори и др.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.