Свет
Државата нема пристап во слободната зона во "Фени"

Дирекцијата за слободни економски зони нема увид во работењето на бесцаринската зона во кавадаречкиот комбинат "Фени".
НАДЛЕЖНИТЕ ОРГАНИ ИЗБРКАНИ
Светлана Дарудова
Дирекцијата за слободни економски зони нема увид во работењето на бесцаринската зона во кавадаречкиот комбинат "Фени". Обезбедувањето на фабриката вчера не сакаше да го пушти во зоната ни првиот човек на Дирекцијата, Ракип Дочи, кој требаше да учествува на трибината за предлог-законот за слободни економски зони. Откако Дочи со својата заменичка и со уште еден вработен во Дирекцијата успеа да влезе во фабриката, се пожали дека вакви инциденти во "Фени" не му се случуваат првпат.
– Навистина нема смисла. Кога веќе ме влечете за јазик, мора да кажам дека ова не ни се е случува првпат. Ние сме тука заради вашето работење – истакна Дочи во салата за состаноци во "Фени".
Раководството на комбинатот го пречека Дочи со забелешки за новиот закон бидејќи тој им ги зголемувал давачките.
– Не можеме да ги пресметаме трошоците за производство бидејќи се уште не знаеме кои давачки треба да ги платиме. Во новиот предлог-закон за слободни економски зони пишува дека енергетските материјали не се ослободени од даноци. Во Европа, ако станува збор за извозна фирма, како "Фени", не се плаќаат даноци за суровини, опрема и за резервни делови ако додадената вредност на увезените материјали е повеќе од 50 отсто. Кај нас додадената вредност е 1.000, а не 51 отсто – изјави генералниот директор на "Фени", Константинос Даскалакис.
Правничката во "Фени" Лидија Бошкова истакна дека новиот закон за слободни економски зони го фаворизира "Бунарџик", а не го регулира статусот на веќе постојната зона во "Фени".
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пропалестински активисти протестираат пред Белата куќа пред посетата на Нетанјаху

Демонстранти се собраа пред Белата куќа во знак на протест против посетата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Вашингтон.
View this post on Instagram
Носејќи палестински знамиња и транспаренти, демонстрантите ги осудија воените акции на Израел во Газа и повикаа на прекин на американската поддршка за Израел.
🛑 Pro-Palestinian groups gather outside White House to protest Israeli Prime Minister Benjamin Netanyahu’s visit https://t.co/dhuyUDnveK pic.twitter.com/FeRhGeQKzh
— Anadolu English (@anadoluagency) July 7, 2025
Нетанјаху и американскиот претседател Доналд Трамп ќе разговараат за преговорите со Хамас за прекин на огнот, кој се очекува да трае најмалку 60 дена.
Свет
(Видео) Лав избега од куќа во Пакистан, нападна жена и деца, сопствениците уапсени

Драматичен инцидент се случи во источниот пакистански град Лахор кога лав избега од семејна куќа и нападна жена со три мали деца на улица. Според официјалните информации од властите, нападот се случил кога лавот скокнал преку бетонски ѕид и одеднаш се стрчал кон семејството, пишува Би-би-си.
Снимката го покажува лавот како брза кон жената додека минувачите бегаат во паника во обид да избегнат опасност. Жената и нејзините деца, на возраст од пет и седум години, претрпеле повреди на рацете и лицето. Тие се во стабилна состојба и се надвор од опасност.
A #pet #lion escaped in Lahore, Pakistan yesterday, attacking a woman and two children on a busy street. Shocking footage shows the big cat leaping over a wall before pouncing on them. The lion was captured and sent to #wildlife park. The owner was arrested. While people can… pic.twitter.com/L8qiWgNag1
— Raza Ahmad Rumi (@Razarumi) July 4, 2025
Полицијата ги уапси сопствениците, кои, според извештаите, ги држеле лавовите без дозвола. Тие се обвинети за небрежност и нелегално поседување диво животно во границите на градот. Лавот што го предизвикал инцидентот е фатен и преместен во блискиот парк за диви животни.
„Тие само стоеја таму и гледаа како лавот го напаѓа моето семејство“, рече таткото на повредените деца додавајќи дека сопствениците не се обиделе да го спречат животното или да им помогнат на жртвите.
Пакистанскиот закон дозволува чување големи мачки, како што се лавови, тигри, пуми, гепарди и јагуари, но само ако се регистрирани и се чуваат надвор од урбаните средини. Потребна е и еднократна дозвола, која чини 50.000 пакистански рупии, што е речиси 176 американски долари.
По овој напад, властите во пакистанската покраина Пенџаб почнаа со зголемен надзор врз чување диви животни. За само неколку дена беа уапсени пет лица, а вкупно 13 лава беа запленети.
Во јануари оваа година пакистанскиот јутјубер Раџаб Бута, кој има повеќе од 5,6 милиони претплатници, доби свадбен подарок лавче. За нелегално чување на животното му беше наредено да снима едукативни видеа за благосостојбата и заштитата на животните.
Регион
(Видео) Големо невреме во Загреб, ветерот крши ролени, урива дрвја

Голема промена на времето пристигна во Хрватска. Бура го погоди Загреб околу 10 часот наутро. Како што известуваат хрватските медиуми, ветерот дува силно и ги кине ролетните на куќите. Грми, врне и дува силно во целиот град.
Портокалова тревога е во сила за регионите Славонија, Истра, Кварнер и во Далмација, а жолта тревога е во сила за остатокот од Хрватска.
Температурите во делови од земјата ќе паднат за повеќе од 10 степени во споредба со вчера.