Свет
Извршена смртна казна над министер во Северна Кореја
Смртна казна над поранешен министер за железница на Северна Кореја, осуден заради експлозија на една железничка станица, извршена е денеска, јави јужнокорејската агенција Yonhap
Агенцијата, повикувајќи се на извор во владата на Северна Кореја, јави дека егзекуцијата над поранешниот министер е извршена заради експлозијата на станицата во Жонгчонг, град во близина на кинеската граница, при што загинаа 160 лица.Експлозијата се случи само неколку часа, откако низ станицата помина севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ил по ненадејната посета на Кина, што доведе до шпекулации дека се работи за обид за негова ликвидација од страна на политичките противници.Северна Кореја тогаш соопшти дека експлозијата била причинета од електричен кабел кој паднал врз експлозивно ѓубриво од амонијум нитрат.Експлозијата е оквалификувана како акт на саботажа со цел да се оштети специјалниот воз на севернокорејскиот лидер, којшто се враќаше од Кина.Маршрутата и сатницата на возот им беше достапна само на министерот и членовите на обезбедувањето на Ким Јонг Ил, поради што министерот веднаш беше обвинет за протекување на информации.Одредени извори во Јужна Кореја шпекулираат и дека е можно смртна казна да била извршена и врз министерот за финансии на Северна Кореја, заради неупсешните реформи, кои доведоа до недостиг на производи и раст на цените, што предизвика големо незадоволство меѓу населението и тешки последици на и онака слабата економија
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

