Македонија
Шефер – Решение за името што е можно поскоро

Што поскоро да се затвори нерешеното прашање за разликите околу името и со тоа да се отстрани единствената пречка, која стои на патот за полноправно
Што поскоро да се затвори нерешеното прашање за разликите околу името и со тоа да се отстрани единствената пречка, која стои на патот за полноправно членство на Македонија во НАТО.
Ова денеска во Скопје го порача генералниот секретар на НАТО во заминување Јаап Де Хоп Шефер, на својата проштална посета на Македонија.
Шефер нагласи дека НАТО не е инволвиран во изнаоѓањето решение за разликите околу името, но, оти сака да го види ова прашање затворено што е можно поскоро.
– Ситуацијата е таква, за жал НАТО во ова нерешено прашање не игра никаква улога, но, јас, секако, сум еден од оние, кои сакаат да видат решение што е можно поскоро, бидејќи евроатланските процеси за овој регион се единствениот рецепт за долгогодишна стабилност, изјави попладнево Шефер на заедничка прес конференција со македонскиот претседател во заминување Бранко Црвенковски.
– Принципот на отворена врата, како за НАТО, така и за евроинтеграциите на целиот овој регион, секогаш бил нешто на што упатуваме, изјави Шефер
Тој истакна дека и покрај тоа што постои само едно прашање што треба да се реши, соработката меѓу Македонија и НАТО продолжува.
– НАТО ќе продолжи да дава поддршка на земјата секогаш кога тоа ќе биде потребно, додаде Шефер заблагодарувајќи се притоа за учество на Македонија во мировните мисии на НАТО
Претседателот Црвенковски нагласи дека интеграциите на Македонија во НАТО остануваат стратешка определба на земјата.
„Би сакал ова денеска да беше средба помеѓу претседател на земја членка на НАТО и генерален секретар на НАТО“, изјави Црвенковски.
Тој додаде дека, и покрај разочарувањето што земјата го доживеа на минатогодишниот самит на Алијансата во Букурешт, Македонија ќе се однесува како да е полноправна членка на овој воен сојуз.
„Ние ќе продолжиме и во наредниот период да ги применуваме сите стандарди пропишани со критериумите за полноправно членство во НАТО и да остваруваме успешна надворешна соработка со Алијансата, на највисоко можно ниво“, изјави Црвенковски
На заедничката прес конференција не беа дозволени прашања од новинарите до Шефер и Црвенковски.
Шефер попладнево допатува во проштална посета на Македонија пред неговото скорешно заминување од функција генерален секретар.
Шефер оствари средба и со македонскиот премиер Никола Груевски, кој посочи дека Владата во Скопје останува партнер на НАТО и оти добрата соработка очекува да продолжи и со новиот генерален секретар Андерс Фог Расмусен, кој ја преземадолжноста на први август./крај/м/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски на презентација на новата воена опрема од САД во касарната во Штип

Денеска во 10:00 часот, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на презентација на новопристигнатата опрема од САД во Касарна „Јане Сандански“ во Општина Штип.
Станува збор за 29 лесни оклопни возила – JLTV.
фото:илустрација/принтскрин
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради промена на два затворачи на водоводна мрежа со пречник од ф-300мм, на крстосницата од улиците Париска/Букурешка, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Париска, дел од улица Хелсинки и дел од улица Прашка, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во околината на куќниот бр. 65 на ул. Влае. (Општина Карпош)
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од делови од улиците: Виктор Иванович Григоревич и Полог. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од с. Кучково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:00 до 17:00 часот, корисниците од ул. 1519 и ул. Борис Трајковски крак – 34. (Општина Кисела Вода)