Спорт
Србија ќе биде казнета со три натпревари
Српските медиуми, повикувајќи се на извори на УЕФА од Нион, пренесуваат дека нема никаков основ репрезентацијата на оваа земја да биде исфрлена од квалификациите за пласман на Еуро 2012.
Српските медиуми, повикувајќи се на извори на УЕФА од Нион, пренесуваат дека нема никаков основ репрезентацијата на оваа земја да биде исфрлена од квалификациите за пласман на Еуро 2012.
Дисциплинската комисија која ќе го разгледува случајот со инцидентот во Џенова е апсолутно независно тело, кое не е под влијание на официјалните лица на УЕФА.
Српските медиуми пренесуваат дека казната на Србија ќе биде три натпревари да одигра надвор од државата и без присуство на публика. Кога е во прашање натпреварот во Џенова тој ќе биде регистриран со службен резултат од 3:0 за Италија.крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Гринвуд ја испрати Алмерија во Сегунда
Хетафе, во 33.коло забележа победа во Алмерија 3.1 Со овој пораз фудбалерите на Алмерија и официјално испаднаа од шпанската Примера.
Гостите поведоа во 27. минута со голот на Мејсон Гринвуд, а израмни Чоко Лозано на четири минути пред крајот на првото полувреме.
Најдобриот играч на натпреварот, Гринвуд му ја врати предноста на Хетафе со гол по само три минути игра во вториот дел.
Откако постигна два гола, Англичанецот во 61. минута му асистираше на Хаиме Мата за третиот гол на Хетафе.
Во последните моменти од играта нервозниот Виеира доби црвен картон и во самиот финиш ја остави Алмерија со играч помалку.
За Хетафе ова беше втората победа сезонава на гостински терен. Тимот на Хосе Бордалас се наоѓа на деветтата позиција со 43 бода.
Спорт
(Видео) Барнли однесе бод од „Олд Трафорд“
Фудбалерите на Манчестер јунајтед уште еднаш ги разочараа своите навивачи. Во рамките на 35.коло одиграа 1.1 со Барнли, кој во финишот освои значаен бод в борбата за опстанок.
Антони во 80.минта погоди за предност на Јунајтед, а потоа Амдуни во 87. минута од пенал го замолкна „Олд Трафорд“ и му донесе бод на Барнли.
Манчестер јунајтед сега е шести со 54 бодови, додека Барнли се уште е 19-ти, сега има 24 бода.
Јуанајтед на шестото место има бод повеќе од Њукасл, кој со одлична игра во второто полувреме убедливо го совлада Шефилд јунајтед со 5:1. Њукасл постигна пет гола откако Ахмедхоџиќ во петтта минута погоди за Шефилд. Два гола во победата на Њукасл постигна Исак.
Фудбалерите на Кристал Палас успеаја да дојдат до бод во градското дерби против Фулам во самиот финиш на натпреварот со голот на Шлуп. Претходно, Родриго ја продолжи добрата серија и го доведе својот тим до предност.
Вулверхемптон успеа да го совлада Лутон со головите на Хванг и Тоти. Лутон успеа да намали во 81. минута преку Морис, но недоволно за да освои барем бод.
Спорт
(Видео) Лајпциг го растури Дортмунд
Елиф Елмас од клупата за резерви ја гледаше победата на Лајпциг над Борусија Дортмунд (4:1), во 31.коло во Бундес лигата. Извесно е дека Лајпциг сезоната ќе ја заврши на четвртото место, Дортмунд е на петтата позиција, но ќе игра во Лигата на шампионите, бидејќи во новиот формат Бундес лигата ќе партиципира со пет екипи.
„Милионерите“ подобро влегоа во натпреварот, надмоќта ја крунисаа со евро-голот на Џејдон Санчо во 20.минута. Останатиот дел од натпреварот мина во доминација на Лајпциг.
Три минути подоцна изедначи Опенда. Во финишот на првото и почетокот на второто полувреме„биковите“ го скршија отпорот на противникот.
Шешко во втората минута од судиското надополнување на времето го постигна вториот гол, а Симакан во 46. зглеми на 3:1. Точка на натпреварот стави Баумгартнер во 80.минута.
Резултати 31. коло:
Баерн Минхен-Ајнтрахт 2.1
Аугсбург-Вердер 0:3
Фрајбург-Волфсбург 1:1