Свет
Русија обучила неколку илјади нуклеарни експерти од Мианмар
Русија во изминативе 10 години обучила 4.185 воени лица од Мианмар во областа од нуклеарните науки, но само неколкумина од нив во пракса ги примениле стекнатите вештини во позитивни цели, тврди еден мианмарски научник
Нуклеарните амбиции на Мианмар ја загрижуваа меѓународната јавност години наназад, по обвинувањата на дисидентите дека воената хунта сака во соработка со Северна Кореја да произведе нуклеарно оружје.Поранешен висок инспектор на Обединетите нации го обвини Мианмар, поранешна Бурма, дека се обидува да развие нуклеарно оружје, што го потврдил со многу документи кои протекле од воени извори.Поранешниот инспектор на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) Роберт Кели обвинувањата ги темели на тајни документи и стотици фотографии кои ги прошверцувал поранешен полковник на мианмарската армија, Саи Таин Вин коj учествувал во нуклеарната програма. Тој бил обичен во Минамар за одбранбен инженер а подоцна во Русија станува стручњак за ракети.Според Кели, документите и фотографиите се однесуваат на конструцијата на нуклеарна постројка во Минамар,Соговорникот објаснил дека сепак тамошните власти се далеку од конструирање атомска бомба.„Од она што го видов, можам да кажам дека квалитетот на градбата, како и професионализмот, се на многу ниско ниво. Не велам дека треба да страхуваме од ваквата нуклеарна програма, туку дека нивната намера сега е многу појасна“, рекол соговорникот именуван како Кели.Војните влссти на Мианмар ги демантираа овие наводи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Бројот на умрени во Франција за прв пат од Втората светска војна го надмина бројот на родени
Франција евидентираше повеќе умрени отколку родени во 2025 година за прв пат од крајот на Втората светска војна, со што се намали нејзината долгогодишна демографска предност во однос на другите земји од Европската Унија, покажаа официјалните податоци.
Националниот институт за статистика INSEE објави дека минатата година починале 651.000 луѓе, а се родиле 645.000 бебиња, бројка што постепено се намалува од пандемијата на коронавирусот.
Франција традиционално е демографски посилна од повеќето други европски земји, но стареењето на населението и опаѓањето на стапките на наталитет покажуваат дека дури ни таа држава не е имуна на демографската криза што ги оптоварува јавните финансии низ Стариот континент.
INSEE објави дека стапката на фертилитет паднала минатата година на 1,56 деца по жена, најниско ниво од Првата светска војна и далеку под 1,8 предвидени од советодавниот совет за пензии во своите прогнози за финансирање на пензии. Во 2023 година, последната година за која беа направени споредби со другите членки на ЕУ, Франција се рангираше на второ место со стапка на наталитет од 1,65, зад Бугарија, која имаше стапка од 1,81.
Националната канцеларија за ревизија минатиот месец предупреди дека демографската промена во наредните години ќе ги доведе јавните расходи до нивоа од ерата на пандемија, а воедно ќе ја намали даночната основа.
Иако бројот на смртни случаи е поголем од бројот на раѓања, населението на Франција малку се зголеми на 69,1 милиони минатата година поради нето миграцијата, која според INSEE е проценета на 176.000.
Очекуваниот животен век достигна рекордно високо ниво минатата година – 85,9 години за жени и 80,3 години за мажи – додека процентот на оние на возраст од 65 години или повеќе кои живеат се искачи на 22 проценти, речиси изедначувајќи го процентот на оние под 20 години.
Свет
Сириските власти разбија терористички ќелии на ИСИС во Дамаск
Сириското Министерство за внатрешни работи денес соопшти дека неговите безбедносни сили разбиле ќелија на ИСИС и ги уапсиле нејзините членови во предградие на Дамаск.
„Членови на терористичка ќелија на ИСИС беа уапсени во градот Џадидат ал-Шибани во долината Барада, предградие на Дамаск“, изјави извор од министерството за Сириската арапска новинска агенција (САНА), без да даде дополнителни детали.
Американски војници убиени во претходна заседа
Тројца Американци, меѓу кои двајца воени лица и еден цивил, беа убиени на 13 декември, а тројца американски војници беа ранети во заседа на ИСИС во централниот град Палмира, според Централната команда на САД (CENTCOM).
Сирија официјално се приклучи на меѓународната коалиција предводена од САД против ИСИС на 12 ноември.
Коалицијата беше формирана во 2014 година и спроведува воени операции против терористичката група во Сирија и Ирак, иако Дамаск претходно не беше член.
Новата сириска администрација работи на заострување на безбедносните услови низ целата земја од падот на режимот на Башар ал-Асад кон крајот на 2024 година.
Свет
Трамп прашан што мисли со објавата „помошта е на пат“ за иранските демонстранти: Ќе мора сами да го сфатите тоа. Жал ми е
Американскиот претседател Доналд Трамп остана мистериозен во врска со можната помош за иранските демонстранти, откако претходно објави на социјалните мрежи дека „помошта е на пат“.
Кога новинарите го прашаа што мисли со објавата, Трамп одговори: „Ќе мора сами да го сфатите тоа. Жал ми е“, пишува „Аксиос“.
Познато е дека администрацијата на Трамп размислува како да изврши притисок врз иранскиот режим по неговото смртоносно задушување на протестите.
Прес-секретарката на Белата куќа, Керолајн Ливит, вчера изјави дека воздушните напади се меѓу „многуте, многуте опции“ што се разгледуваат, но нагласи дека „дипломатијата е секогаш првата опција за претседателот“.

