Сервисни информации
Облачно и посвежо, можен повремен локален дожд
Променливо облачно и свежо време со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен и југоисточен правец.
Дневните температури ќе се движат од 17 до 23 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината слично време со температура до 21 степен. /крај/ухрм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Сервисни информации
Претпладне сончево и топло, попладне со пороен дожд и грмежи наместа во форма на невреме
Претпладне сончево и топло со променлива облачност која ќе се зголемува. Од пладневните часови, попладне и преку ноќта ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност од попладне со услови за нестабилност, пороен дожд и грмежи. Повремени врнежи ќе има и преку ноќта. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 28 степени.
Во деновите од викендот и во ноќта кон недела ќе преовладува променливо облачно време, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локална појава на невреме.
Во понеделник краткотрајно условите за нестабилност ќе се намалат, а од вторник во попладневните часови повторно ќе има појава на нестабилност со променлив интензитет со пороен дожд и грмежи.
Сервисни информации
АМСМ: Сообраќајот се одвива непречено, на граничните премини нема подолги задржувања
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Сервисни информации
Без струја дел од неколку скопски општини
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, известува дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 – 10:00 часот, корисниците од улиците: 100, 101, 102 и 103 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00 – 12:00 часот, корисниците од дел од ул. Иван Хаџи Николов во нас. Драчево. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците од ул. Гаврил Константиновиќ во нас. Лисиче. (Општина Аеродром).