Свет
Протести пред европските амбасади во Иран
Неколку десетици припадници на иранската верска милицја басиџ протестира денес пред амбасадите на неколку европски држави во Техеран
Протестите биле насочени против европската политика кон Иран, а агенциите пренесуваат дека е забележан само еден инцидент на каменување на италијанската амбасада. Демонстрантите по ред минувале пред амбасадите на Гермнаија, Франција и Италија, извикувајќи пароли против овие држави. Како што пренесуваат локалните медиуми, сите амбасади биле чувани од силни полициски единци.„Стотина басиџи се обидоа да ги нападнат амбасадите со повиците ’Смрт на Италија, Смрт на Берлускони’%, изјавил во вторник италијанскиот министер за надворешни работи, Франческо Фратини во говорот пред Сенатот во Рим. Тој додал дека со интервенција иранската полиција спречила протестот да прерасне во вистински напад врз амбасадата на Италија. Фратини рекол дека амбасадата не претрпела посериозно оштетување и дека останува отворена. Како одговор на овој чин италијанската влада реши нејзиниот амбасадор да не учествува на свеченоста за одбележување на исламската револуција, што треба д асе случи во четврток во Техеран. Италија е традиционален и еден од најважните трговски партнер на Иран, но зближувањето на премиерот Солвио Берлускони со израелската влада и дипломатскиот притисок околу иранската нуклеарна програма со запирање на италијанските инвестиции во енергетскиот сектор најверојатно се причина за овие протести и ирански револт, сметаат италијанските медиуми.Франција и Италија со САД заземаа цврст став за потребата од засилување на санкциите врз Иран по неговото денешното почнување на самостојно збогатување на уран до 20 отсто, што се толкува како желба на Техеран да произведе нуклеарно оружје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бабиш: Купив прекрасен голем глобус и сега знам зошто Гренланд е толку важен за Трамп
Чешкиот премиер Андреј Бабиш изјави по владината седница дека купил глобус за подобро да се запознае со географската положба на Гренланд, остров кој е во центарот на зголемените геополитички тензии во последните недели.
Како што изјави, токму поради положбата на Гренланд, сега ги разбира безбедносните аргументи што ги презентираше претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Бабиш рече дека во случај на напад врз САД, руските ракети „Орешник“ ќе прелетаат над Гренланд на пат кон Белата куќа, поради што верува дека прашањето за иднината на островот не може да се игнорира. „Ги разбирам аргументите на претседателот Трамп и верувам дека е потребно да се постигне договор за иднината на Гренланд“, рече чешкиот премиер.
Одговарајќи на новинарско прашање дали Чешка ќе се придружи на заедничката изјава на европските земји во која се предупредуваше за можни американски царини, Бабиш истакна дека ги гледа САД како клучен лидер во рамките на НАТО алијансата. „Не можам да го кажам тоа. Ние велиме дека во рамките на НАТО, САД се лидер. Овие конфликти се контрапродуктивни и мора да постигнеме договор“, рече тој.
Бабиш објасни дека го купил глобусот за, како што рече, подобро да се справи со сегашната ситуација.
„Прекрасен, голем, за 15.000 круни (околу 620 евра) за да можам точно да видам каде е Гренланд. „Орешник“ би летал од Русија до Белата куќа за 26 минути, а во единаесеттата минута би бил веднаш над Гренланд. Значи, аргументите на претседателот Трамп за Кина и Русија се релевантни. Едноставно мора да се договориме. Сите повици или декларации се бесмислени“, додаде тој.
Геополитичкиот спор околу Гренланд дополнително се засили од почетокот на годината, откако Трамп постојано истакнуваше дека САД, од безбедносни причини, мора да ја преземат контролата врз островот богат со минерали. Американскиот претседател тврди дека руските и кинеските бродови се повеќе се појавуваат во водите околу Гренланд и дека, доколку САД не дејствуваат, островот би можел да падне под влијание на Москва или Пекинг.
Поради ова, Трамп изрази намера САД да го купат Гренланд од Данска, а во саботата најави и зголемување на увозните давачки од 1 февруари за осум земји кои се противат на таа идеја. Меѓу нив се Данска, Шведска, Франција, Германија, Холандија, Финска, Велика Британија и Норвешка.
Свет
Лавров: Гренланд не е природен дел од Данска
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, го коментираше конфликтот меѓу САД и Европа околу иднината на Гренланд, доведувајќи го во прашање моменталниот статус на островот како дел од Данска.
„Гренланд не е природен дел од скандинавското кралство“, изјави тој за новинарите на годишната прес-конференција во Москва.
Тој додаде дека проблемот со поранешните колонијални територии сега станува сè поизразен.
Лавров нагласи дека Москва нема интерес да се меша во прашања поврзани со Гренланд и дека Вашингтон знае дека Русија нема планови да ја преземе контролата врз островот, спротивно на тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој додаде и дека Москва ја следи „сериозната геополитичка ситуација“ околу Гренланд.
Според него, НАТО треба да донесе одлука за Гренланд во рамките на самата алијанса.
фото/Depositphotos
Свет
Данска: ЕУ треба да ги разгледа сите опции поради царинските закани на Трамп
Европската унија треба да ги разгледа сите достапни опции како одговор на обновената закана за царини од американскиот претседател Доналд Трамп кон европските сојузници, изјави данската министерка за економија Стефани Лосе.
Лосе разговараше со новинарите пред состанокот на министрите за финансии и економија на ЕУ, пренесува Ројтерс.
Таа ја нагласи потребата блокот да ги разгледа реакциите на потенцијалните американски мерки што би можеле да влијаат на трговските односи со членките на Унијата, пренесува Танјуг.

