Контакт

Спорт

Ливерпул се разбуди против шампионот

Објавено пред

Раните од својот најлош старт во последниве 56 сезони „редсите“ успеаја да ги залечат со победата врз актуелниот шампион Челзи од 2.0, а Манчестер сити освои вредни три бода на гостувањето кај ВБА во последните два меча од неделната програма од 11-то коло на англиската Премиершип

dobivaj vesti na viber

Дербито коешто повеќе пред почетокот на мечот беше тоа според титулите што ги имаат зад себе двата клуба, отколку според моменталните форми на екипите и позициите на табелата на англискиот фудбалски шампион, сепак докажа зошто одредени дуели се нарекуваат токму дерби и нивната завршница никогаш не може однапред да се предвиди.Јунак на овој дуел на „Ејнфилд“ беше шпанскиот репрезентативец Фернандо Торес со двата гола, во 11. и во 44. минута. Иако и тој како и целата екипа на Ливепрул годинава тешко влегуваат во потребната форма, на Торес најверојатно Челзи „му лежи“ и тој веќе со овие два, забележа веќе шест постигнати голови против „сините“ од Лондон. Исто така, за одбележување е што Челзи кој има извонредно ефикасен напад, на овој меч не успеа ја затресе мрежата на противникот. Првиот гол на Торес беше постигнат откако Дирк Кајт со полувисока прецизна топка го проигра во противничкиот шеснаесетник а овој одлично ја спушти пред себе му избега на Тери и од осум метри пласираше крај Петр Чех. Вториот гол исто така беше дело на еден врвен стрелец кој докажа зошто повеќето богати европски клубови во преодниот рок сакаа да ја искористат беспарицата на Ливерпул и да го доведат во своите редови. Торес во 44. минута ја прими топката на левата страна и се втурна во казнетиот простор на Челзи и со одличен шут со внатрешен фелш по вторпат го совлада Чех.Водството на Ливерпул на полувремето беше сосема заслужено, бидејќи беше многу поконкретната во нападот и подобрата екипа во полето. Затоа, пак, како и што се очекуваше Челзи во вториот дел тргна жестоко бркајќи ран гол што ќе му овозможеше поспокојно да оди на изедначување без многу да ризикува во одбраната. Според статистиката во првиот дел од второто полувреме, речиси 70 отсто од времето топката мина на половината на Ливерпул, но Челзи успеа за тоа време да направи само две зрели шанси за постигнување погодок. Прво Пепе Реина од непосредна близина го спречи Малуда да поентира, а потоа и опасниот шут на Никлас Анелка со рака го сврти кон гредата. Шампионот на крајот излезе и среќен што од 18-тиот Ливепрул е поразен само со два гола, затоа што во завршницата „редсите“ пропуштија две стоотстотни шанси за постигнување погодок. Прво остриот шут на Кајт го одбрани Чех, а подоцна Макси Родригез откако изби сам пред него наместо веднаш да поентира се обиде да изведе атрактивна завршница во што беше спречен. Притоа поголемиот дел од домашните навивачи и играчи сметаа дека Чех го фаулираал напаѓачот на „редсите“, но авторитетниот Хаурд Веб не беше убеден во тоа. Вредно е да се спомене дека Карло Анчелоти својот голгетер Дидие Дрогба го стави во игра дури во вториот дел од мечот, но тоа не придонесе нешто квалитативно да се смени во нападот на лондонците. Мината година Ливерпул во двата првенствени меча беше совладан од Челзи со 2:0. Ова е трета победа во низа на Ливерпул, две во првенството и една во Лигата на Европа, со што назначува дека дефинитивно излегува од големата кризата која траеше последните години а кулминираше на почетокот од сезонава. Манчестер сити на гостувањето кај Вест бромвич албион ги потврди своите високи амбиции годинава. ВБА по 11 месеци првпат капитулираше во првенствен меч на свој терен, а виновник за тоа беше засилувањето на манчестерските „граѓани“ од европскиот шампион Интер, Марио Балотели. Првиот гол Балотели го постигна во 20. минута по комбинацијата со капитенот Карлос Тевез кој се врати во тимот по паузата заради повредата, а вториот го постигна шест минути подоцна откако беше пронајден со добар центаршут од Давид Силва. Балотели ги постигна своите први голови за Манчестер сити, но ова беше само трет натпревар за 20-годишниот италијански интернационалец во синиот дрес. Тој инаку имаше подолг период на закрепнување по операцијата на коленото. Но Балотели и во новата средина не го смени својот карактер и нескротлив темперамент па во 63. минута откако грубо го фаулираше Јусуф Мулубу го заработи вториот жолт картон и исклучувањето. Првиот жолт картон инаку го доби само три минути претходно. Чели останува на врвот на табелата со 25 бодови, втор е Манчестер јунајтед со 23, а Арсенал и Манечстер сити имаат по 20  бодови, а петти е повратникот Њукасл со 17 бодови, од кои последните три ги освои совладувајќи го во ова коло Арсенал на неговиот „Емирати“. По поразот во Лигата на шампионите од аутсадерот Шахтјор, лондонските „топчии“ доживеаја уште еден пораз во меч во кој важеа за апсолутен фаворит. Погодокот кој ја донесе сензацијата на стадионот „Емирати“ го постигна Енди Карол во 45. минута, по грешката на голманот Фабиански. Арсенал доживеа уште една непријатност, бидејќи во судиското продолжение беше исклучен и Лорент Косчиелни. Во саботата, пак, Парк Ји-Сунг постигна извонредни два погодока од кои вториот во третата минута од судиското продолжение со што на Манчестер Јунајтед му донесе победа над Вилверхемтон. Јунајтед беше на прагот непријатно да биде изненаден пред своите навивачи од фенерџијата Вулверхемптон волвс. Сепак јужнокорејскиот репрезентативец од средината на теренот Парк Ји-Сунг не го дозволи изненадувањето со двата погодока, и двата во судиското продолжение на крајот од двете полувремиња, во 45. минута и во 90+3. минута, откако во меѓувреме изедначи за гостите Силвејн Ибенкс-Блеј во 66. минута со одличен шут. На овој меч, за „црвените ѓаволи“ во игра влезе Овен Харгрејвс по неговото дури двегодишно отсуство од фудбалските терени. Поранешниот играч на Баерн Минхен, по санирањето на повредата сега се соочува со психолошкиот предизвик од настапи во врвниот фудбал. Тој од септември 2008 г. има одиграна само една минута во тимот на Манчестер јунајтед. Харгрејвс беше заменет уште во 10 минута од Бебе иако неговата игра беше иста како и на целиот тим, но сепак ја имаше најдобрата шанса во првиот дел за „црвените ѓаволи“ кога неговиот остар шут кон противничкиот гол беше изблокиран. И Бебе подоцна, во 74. минута беше заменет од Мачеда. Јунајтед влезе на овој натпревар со повеќето играчи кои беа зафатени од настинката, вклучувајќи ги и Немања Видиќ, Патрис Евра и Пол Сколс, кои се разболеа на патувањето од во Турција на мечот од Лигата на шампионите, за што сер Алекс Фергусон и пред натпреварот најави дека не очекува стоотстотно залагање на своите играчи. Тие многу тешко се справуваа со одбраната на „волвсите“, а најгоелми проблеми им задаваше Мет Џарвис, како што тоа го стори и против Манчестер сити минатата недела. Гостите инаку беа блиску до отворање на резултатот кога шутот на Ненад Милијаш заврши во телото на еден играч од одбраната на Манечстер јунајтед. А пет минути подоцна и Стивен Хант не успеа во двојното проигрување со Џервис. Така водството на Јунајтед дојде како изненадување, бидејќи дотогаш неговите играчи не може да направат повеќе од неколку проигрувања во нападот.. Но во преден план на овој меч излезе огромното натпреварувачко искуство на домашните играчи, особено кога Дарен Флечер од левата страна нафрли една прецизна и употреблива топка, која го пронајде Парк зад одбраната на гостите во шеснаесетникот кој го матираше гостионскиот голман Маркус Ханеман. Кога се очекуваше дека Јунајтед го проби мразот и дека во вториот дел ќе одигра рутински за сигурна победа, гостинскиот менаџер Мик Мекарти во игра го внесе поранешниот млад играч на Манчестер, Ибенкс-Блејк кој го донесе изеднаувањето.По ова играчите на Манчестер кои се надеваат дека сезонава некако ќе се доберат до титулата, тргнаа во потрага по другите два бода, бидејќи губењето на бодовите на вакви мечеви против аутсајдерите значи и големо намалување на шансите а врвот на табелата. Но за среќа денеска го имаа Парк кого очигледно вирусот го одмина и во последните моменти од мечот успеа да спаси три бода кои уште пред почетокот на првенството беа впишани на контото на „црвените ѓаволи“.Претходно во саботата Болтон и Тотенхем во првиот меч од 11-то коло на англиската фудбалска лига одиграа многу интересно второ полувреме во кој на крајот домаќините славеа со 4:2. Јунак на домаќините беше Кевин Дејвис со погодоците во 31., 76. од пенал и во 90+4. минута, и Гретан Стеинсон во 56. минута, додека а „спарсите“ надеждта ја подгреаја Хатон во 79. и Пављученко во 87. минута.Во сабота Блекбурн роверс на својот „Идвуд парк“ со 2:1 го совлада Виган атлетик. Головите ги постигнаа за домаќините Педерсон во 58. и Робертс во 68. минута, додека за гостите намали Нзогбиа во 74. минута. Сандерлен го совлада дома Сток сити со 2:0 со головите на А.Гиан во 9. и 86.минута, а Фулам и Астон вила ги поделија бодовите, откако гостите поведоа во 42. минута со голот на Олбрајтон а домашните изедначија дури во петтата минута од судиското продолжување преку Хангеланд. Евертон во низа успеава и натаму да остане непоразен. На гости кај Блекупул одигра 2:2 двапати брзо анулирајќи го водството на домашните. Стрелци за домашните беа Иардли во 10. и Воган во 48. минута, а за Евертон изедначува Кејхил во 13. и Колеман во 50. минута.И Бирмингем и Вест хем јунајтед одиграа 2:2, но во овој натпревар домашните успеаја да го стигнат убедливото водство на гостите. Вест хем поведе со 2:0 преку Пикуен во 48. и Бехрами во 58. минута, а Бирмингем изендачи преку Џером во 64. и Ридџгвел во 73. минута.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

(Видео) Тим од шестата дивизија ги елиминираше шампионите на ФА Купот

Објавено пред

Шестолигашот Маклсфилд, кој минатата сезона играше во седмиот ранг на англискиот фудбалски систем, го победи актуелниот освојувач на трофејот, Kристал Палас со 2:1 и го приреди најголемото изненадување во историјата на ФА Купот.

dobivaj vesti na viber

Стрелците на головите Пол Досон и Исак Бакли беа хероите на домашниот тим.

Шпанецот Јереми Пино постигна утешен гол за гостите во 90-та минута од слободен удар. Премногу доцна за да се избегне срамот.

Триумфот на Маклсфилд добива дополнително значење кога ќе се земе предвид дека овој клуб банкротираше пред пет години.

Имено, откако Маклсфилд Таун влезе во стечак поради долгови во 2020 година, се реформираше и повторно почна да се натпреварува како ФК Маклсфилд.

Клубот започна од најниското ниво на натпреварувањето, од деветтата лига. Тие сега се во шестата дивизија и штотуку го елиминираа шампионот на ФА Купот, Кристал Палас, во третото коло.

Дефинитивно најголемото изненадување во историјата на ФА Купот.

Прикажи повеќе...

Спорт

Николов и Начески манипулирале со фитнес тестовите – ЕХФ ги суспендира од ЕП

Објавено пред

Голем скандал го потресе ракометниот свет само неколку дена пред почетокот на Европското првенство. Во центарот на скандалот се македонските судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

dobivaj vesti na viber

Непосредно пред почетокот на Европското првенство, Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги исзбриша Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, од списокот на судии.

Добро познатиот судиски пар, еден од најдобрите во светот, присутен на ракометните терени повеќе од една деценија, нема да дели правда на Европското првенство.

Се покажа дека Николов и Начевски мамеле на тестовите за физичка подготвеност. ЕХФ дозна дека двајцата ги манипулирале тестовите пред почетокот на натпреварувањето за да се најдат на списокот од кој сега се избришани.

Како што е наведено, ЕХФ ќе спроведе детална истрага. Тој факт нема да ја промени одлуката за „отстранување“ на дуото од списокот на судии за Европското првенство.

Николов и Начевски со години судеа на најголемите натпреварувања, имаа можност да судат некои од најважните натпревари – на пример, тие го судеа финалето на Олимписките игри, како и финалето на ЕП во 2020.

Оваа година, Европското првенство се игра во Данска, Шведска и Норвешка, а започнува на 15 јануари.

Фото/ архива, Топспорт

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Судијата во преден план, Камерун оштетен против Мароко

Објавено пред

Мароко го победи Камерун со 2:0 во петокот вечерта и се пласираше во полуфиналето на Африканскиот куп на нации. Ден по натпреваротм најмногу се зборува за судијата Беид Дахане, кој сериозно го оштети Камерун. Интересно, тој не требаше да биде првиот судија на овој натпревар.

dobivaj vesti na viber

Головите за Мароко ги постигнаа Брахим Дијаз во 26-та минута и Исмаел Саибари во 74-та минута, но двете одлуки донесени од судијата во текот на овој натпревар, двете при резултат 1:0 за Мароко е она што се анализира во јавноста.

Дијаз е првиот играч кој постигнал гол во пет последователни натпревари на Африканскиот куп на нации од 1974 година, а Мароко е во полуфиналето за прв пат по 22 години. Во 2004 година, Мароко беше поразен во финалето од Тунис.

Но, да се вратиме на судијата…

Првата грешка ја направи во 64-та минута кога Билал Ел Канус беше поштеден од очигледен жолт картон кој за него ќе беше втори, односно исклучувачки.

По пет минути судијата повторно беше во центарот на вниманието, кога не досуди пенал за Камерун по стартот на Адам Масина врз Брајан Мбеумо.

Интересно е што судијата од Мавританија не беше ниту делегиран да го суди овој натпревар. Прв избор на CAF беше Амин Омар од Египет, но Мароко протестираше против оваа одлука и на крајот го доби она што го сакаше – промена на судијата за четвртфиналниот натпревар.

Foto/ EPA/JALAL MORCHIDI

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија11 часа

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија13 часа

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија13 часа

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ15 часа

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...

Македонија15 часа

Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе...

Свет16 часа

Хамнеи ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе контролата: Иран во најголема готовност досега

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе главната улога во справувањето со протестите...

Свет17 часа

Сè што треба да знаете за протестите во Иран

Ако штотуку дознавте за растечките протести во Иран, имаме брз преглед на тоа што стои зад оваа тековна ситуација. Протестите...

Топ18 часа

18-годишниот возач кој вчера прегази жена во Капиштец избегал од државата, МВР распиша потерница

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на ул. „Народен фронт“ во Скопје...

Македонија19 часа

Денеска гласаат болните и затворениците пред повторните избори за градоначалници во четири општини

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните...

Свет19 часа

(Видео) „Се враќам во земјата за да бидам со луѓето“ – синот на поранешниот шах на Иран повика на протести

Реза Пахлави, син на покојниот поранешен ирански шах, кој живее во Вашингтон, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со...

Европа19 часа

Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%

Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6%, додека...

Свет20 часа

(Фото+видео) Катастрофа во Викторија: беснеат стотици пожари, уништени куќи, илјадници без струја

Во австралиската сојузна држава Викторија во последните 24 часа избиле повеќе од 250 пожари, од кои 11 се класифицирани како...

Македонија2 дена

ЗНАМ: Однесувањето на Филипче предизвикува историски транфер на разочарани членови од СДСМ кон ЗНАМ

Иако Венко Филипче едновремено зборуваше за европската интеграција на Македонија, денес повторно покажува и докажува дека неговиот интерес е ограничен...

Економија2 дена

За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти

Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат...

Македонија2 дена

Снег и заладување низ земјава, од следната седмица утрински температури под -10

Утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините....

Македонија2 дена

(Видео) Филипче: Техничката влада е единствената гаранција за чесни избори

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со медиумите уште еднаш порача дека средба со криминалци нема да има...

Топ2 дена

Работник од Дебар загина по несреќа на градилиште, починал на пат кон болница

Работник од Дебар го загуби животот по несреќа на градилиште што се случила вчера претпладне. Како што било пријавено во...

Свет2 дена

Трамп: Го откажав вториот напад врз Венецуела

Претседателот на САД Доналд Трамп на платформата „Тру соушал“ ги пофали постапките на Венецуела по, како што наведе, невидениот упад...

Економија2 дена

МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка

Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон...