Контакт

Македонија

Њујорк тајмс: Македонија ја вoзвишува старата слава

Објавено пред

Поставувањето на споменикот „Воин на коњ“ на плоштадот Македонија во Скопје, предизвика внимание и кај угледниот американски весник „Њујорк тајмс“, кој денеска објавува репортажа на две страни.

dobivaj vesti na viber

Авторот во воведот на текстот пишува дека Бугарите во Македонците гледаат Бугари кои говорат со акцент. Србија го користи терминот за државата Јужна Србија и одбива да ја признае автономноста на црква, а Грција обвинува за крадење на името, идентитетот и националните симболи.Во прецизно дефинира демонстрација на политичко и цивилно инженерство, работниците на централниот плоштад во главниот град Скопје ја поставија 14,5 метри високата бронзена статуа на Александар Велики, тешка 30 тони на 15 метри високиот пиедестал, се наведува во текстот.„Ова е начин Македонија да го афирмира своето национално постоење“, вели Василики Неофотицос, антрополог на државниот универзитет Њујорк во градот Бафало, кој го проучува политичкиот идентитет на Македонија. „Македонија на овој начин сака да ја унапреди тезата дека ова е камен-темелникот на западната цивилизација“, смета Неофотицос. Повеќе нема филозофска дилема. Македонија се наоѓа во најтешкиот пост-комунистички период. Грција веќе 20 години ги држи во заложништво нејзините меѓународни односи, бидејќи смета дека името Македонија припаѓа на хеленскиот идентитет и дека грчката северна провинција го носи тоа име.Ако не може да има богатство, Македонија, држава со 31 отсто стапка на невработеност, сака биде призната.  Играњето на картата на наоѓање на врски со антички глобална славна личност, им импонира на луѓето, кои што се чувствуваат маргинализирани со векови.„Ние сме многу горди на Александар“, вели Петко Божиновски (48), облечен во црна маица со македонско знаме, аплаудирајќи заедно со неколку стотина лица на поставувањето на споменик во вторникот.„Конечно, нашиот Александар се врати во својата татковина“, додаде Петковски.Проектот е контроверзен, чини 9,4 милиони евра, односно 13 милиони долари. Но, некои работи се бесценети, велат фановите на споменикот.На Македонија и беше ветен прием во НАТО во 2008 година, но Грција стави вето поради нерешениот спор со името. Во 2005 година, Македонија исто така доби кандидатски статус за влез во Европската унија, но се уште нема добиено датум за старт на преговорите, поради противењето на Грција.„Зошто ние би требале да го смениме името заради Грција?“, вели Алекс Трајановски пензиониран дипломат, кој додава дека Македонија е призната под уставното име од 135 држави.Грција е подеднакво тврдоглава. Новиот министер за надворешни работи Ставрос Ламбринидис на своите помошници им рече дека поставувањето на споменикот ќе биде една од главните точки во надворешната политика и оцени дека станува збор за  провокација која предизвика иредентизам и е најголема закана за Балканот.Њујорк тајмс во текстот ги информира читателите за историјата на спорот околу името, како и за тужбата што ја покрена Македонија пред меѓународниот суд.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Објавено пред

Не е етничко, туку морално и кривично прашање , ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита, велат од ВМРО-ДПМНЕ за скандалот со Фатмир Дехари.

dobivaj vesti na viber

Според оваа партија, ДУИ се обидува скандалот со Фатмир Дехари да го претвори во етничка приказна.

„Тоа е евтин маневар. Ова не е Албанци против Македонци. Ова е злоупотребувач против жртви. Ова е прашање на достоинство, закон и одговорност, независно од етничката и верската припадност.

Јавноста слушна содржини кои будат сериозен сомнеж за сексуално вознемирување и притисоци во Општина Кичево. Наместо закрила на жртвите и отворање пат за истрага, ДУИ зборува за „подземје“ и „фабрикувани факти“. Тоа е класичен рецепт за одвлекување внимание од суштината и за заплашување на сведоци.

Нашите ставови се јасни:

1. Итна суспензија на Фатмир Дехари од сите јавни функции до завршување на постапките.

2. Независна форензичка проверка на аудио материјалите од вештаци што немаат допир со политиката. Се што е автентично – во обвинителство.

3. Заштита на пријавувачите и потенцијалните жртви согласно законот; отворање дискретни канали за пријава.

4. Внатрешна ревизија во Општина Кичево за работната средина и можни злоупотреби на службена положба.

5. Јавна осуда на секој обид за етничка манипулација. Достоинството на жените не е партиски штит“.

Кичево, според ВМРО-ДПМНЕ, не заслужува тишина и релативизација. Граѓаните, како што велат, се зрели и точно знаат дека клевета се крие зад оние што се плашат од вистината.

„Ќе инсистираме институциите да постапат професионално и непристрасно.

Во оваа држава правдата не смее да зависи од партиска книшка, етничка припадност или функција“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сиљановска-Давкова по повод Меѓународниот ден на белиот стап: Вистинското слепило не е во очите, туку во нечувствителноста на срцата

Објавено пред

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод Меѓународниот ден на белиот стап, се обрати на настан организиран од Државното средно училиште со ресурсен центар „Димитар Влахов“ – Скопје, посветен на подигањето на јавната свест за правата, можностите и придонесот на лицата со оштетен вид.

dobivaj vesti na viber

Сиљановска-Давкова истакна дека денешниот ден не е само симболично одбележување, туку е и потсетник дека вистинското слепило не е во очите, туку во нечувствителноста на срцата. За неа, тоа е повик до сите нас да ги отвориме очите и душата и да го видиме светот низ призмата на разбирање, почит и емпатија.

Таа укажа дека не треба да заборавиме дека белиот стап е симбол на достоинствен живот, но и на општествената обврска да создадеме градови и институции коишто ќе бидат пристапни, безбедни и пред сѐ, човечни.

Претседателката потсети дека во Советот за млади именувала лице со оштетен вид, што, според неа, испраќа порака дека секој млад човек, независно од животните околности, има право не само да биде слушнат, туку и активно да учествува во обликувањето на политиката и општеството во кое живее.

На настанот беа изведени музички и едукативни точки од ученици на ДСУРЦ „Димитар Влахов“- Скопје, одржана панел-дискусија посветена на значењето на белиот стап, презентирани лични искуства за ориентација и мобилност на сегашни и поранешни ученици и техники за користење на белиот стап.

Училиштето „Димитар Влахов“, како единствена институција од ваков вид во државата, повеќе од седум децении нуди едукација, рехабилитација и поддршка на ученици со оштетен вид.

Прикажи повеќе...

Македонија

Од Филипче не очекуваме да знае и да биде економист, но одговорноста налага барем да се консултира со некого што разбира бројки, велат од Владата

Објавено пред

Од Филипче не очекуваме да знае и да биде економист, но одговорноста налага барем да се консултира со некого што разбира бројки. Очигледно, советниците на Филипче не му ја завршиле домашната задача. Наместо да информираат, тие се обидуваат политички да го излизгаат со неточни податоци за економијата, велат од Владата откако на прес-конференција лидерот на СДСМ, Венко Филипче рече дека економската состојба во државата е алармантна.

dobivaj vesti na viber

Владата, додаваат од таму, нема намера да учествува во евтини политички препукувања.

„Нашата должност е да ги изнесеме фактите.

Буџетот е стабилен и ликвиден. Сите обврски кон граѓаните, компаниите и институциите се сервисираат редовно и навремено. Реализацијата на приходите и расходите се одвива согласно планот и годишната динамика, при што најголема активност традиционално се бележи во последниот квартал од годината. Филипче, ова е правило кое секој што барем површно ја следи фискалната политика, го знае.

Водиме дисциплинирана фискална политика, буџетот за 2025 година е планиран внимателно и со јасна стратегија, со акцент на капитални инвестиции, економски раст и социјална стабилност. Дефицитот е под контрола, јавниот долг е стабилизиран, а задолжувањата се во рамките на законските лимити и насочени кон развој, а не кон популизам. Во време на СДСМ, буџетските дупки се полнеа со непродуктивни задолжувања и јавниот долг беше зголемен за над милијарда евра без видлив економски ефект. Денес, зборуваме за одговорна и фискално дисциплинирана политика која создава реални резултати.

Ова се конкретни факти, не конструкции. Проектираниот буџетски дефицит за 2025 година изнесува 41,4 милијарди денари, што е 3,3 милијарди денари пониско од 2024 година. Реализацијата досега изнесува 36,4 милијарди денари, што е во рамки на планот.

Јавниот долг заклучно со јули изнесува 58,7%, а се очекува до крајот на 2025 година да биде понизок од проектираниот 62,1%. Да го потсетиме ли Филипче дека од година за година го надминуваа овој критериум? Да го потсетиме ли Филипче дека во првите месеци од 2025 година, Министерството за финансии исплати еврообврзница од 500 милиони евра издадена во 2018 година од претходната Влада?

Кога зборуваме за раст на инвестиции и економска активност, капиталните расходи заклучно со 14 октомври изнесуваат 20,8 милијарди денари, што е повеќе за 17,9% во споредба со истиот период лани“.

Како што е нагласено во информацијата од Владата, економијата расте, инфлацијата се стабилизира.

„Реалниот БДП порасна за 3,4% во второто тримесечје од 2025 година. Стапката на невработеност се намали на 11,5% што е историски најниско ниво. Инфлацијата е стабилизирана на 4% во септември, со тренд на намалување.

Ова се факти, не политички флоскули.

Додека Филипче се обидува да создава паника со манипулации и полуинформации, Владата останува фокусирана на стабилноста, растот и подобрување на животниот стандард на граѓаните“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Ѓорѓиевски вети бесплатен оброк за секој средношколец и наградни патувања во Европа за првенците на генерација

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денес ја претстави програмата за средношколците. Вети модерен, дигитален и еколошки...

Македонија5 часа

Откриена царинска измама со додатоци на храна во висина од 622 илјади денари: стоката ја пријавувале во погрешна тарифна ознака со пониски царински давачки

Кривична пријава за сторено кривично дело „царинска измама“ со увози на додатоци за исхрана е поднесена за увозник, шпедиции и...

Македонија6 часа

Костовски: Нов модерен затворен базен во Бутел

Актуелниот градоначалник на Бутел и кандидат на локалните избори од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски им најави на граѓаните на Општината дека...

Македонија7 часа

Венециската комисија предлага јавниот обвинител да се избира и разрешува со квалификувано мнозинство во Собранието

Венециската комисија и Генералниот директорат за човекови права на Советот на Европа препорачуваат јавниот обвинител да се избира и разрешува...

Македонија7 часа

„Од 2.500 на 5.000 денари ја зголемуваме еднократната парична помош за пензионерите“, најави Герасимовски

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ и актуелен градоначалник Горан Герасимовски, информира дека од следната година...

Македонија7 часа

„Милионски профити за фирми блиски до Заев преку тендери на ‘Марковски компани’ додека 600.000 граѓани живееja со 150 денари на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Додека инфлацијата во државата беше двоцифрена, а над 600 000 граѓани живееа со 150 денари на ден Заев и неговите...

Македонија7 часа

Колку вреди македонскиот пасош: Македонците без виза може да посетат 129 дестинации

Првпат во историјата на Henley Passport Index, листата на најмоќни пасоши во светот повеќе не ги вклучува САД во првите...

Македонија7 часа

Фон дер Лајен денеска во Скопје, ќе ја пречека премиерот Мицкоски

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, попладнево ќе пристигне во Скопје, во рамки на нејзината балканска турнеја. Таа...

Свет9 часа

(Видео) Трамп во пресрет на одлуката за Украина: „Имав добри односи со Владимир. Многу сум разочаран“

Неколку дена пред посетата на украинскиот лидер Володимир Зеленски на Вашингтон, американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека е многу...

Европа9 часа

Прекини во снабдувањето со електрична енергија во дел од Украина, вклучително и во Киев

Преоптоварувањето на електричната мрежа и последиците од претходните руски напади доведоа до прекини во снабдувањето со електрична енергија во Киев...

Свет9 часа

Трамп го одликува Чарли Кирк

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера му го додели на убиениот конзервативен активист Чарли Кирк Претседателскиот медал за слобода, највисокото цивилно...

Регион9 часа

Грчкиот парламент денес гласа дали ќе го воведе најдолгиот работен ден во Европа

Грчките пратеници денес треба да гласаат за контроверзна реформа што би ѝ овозможила на централно-десничарската влада да воведе 13-часовен работен...

Свет9 часа

(Видео) Најмалку 20 лица загинаа во пожар во автобус во Индија

Најмалку 20 лица загинаа во пожар во автобус во индиската држава Раџастан, објавија локалните медиуми. Автобусот превезувал повеќе од 50...

Свет21 час

Трамп ги третира европските лидери како марионети во својот „куклен театар“, вели Карпович

Претседателот на САД, Доналд Трамп, гледа дека европските лидери му се целосно потчинети и се подготвени да реагираат на секој...

Македонија1 ден

„Пренеси им поздрав и порака на нашите ангели“ – родителите од Кочани сочувствуваат со смртта на Панчо

Здружението на граѓани „16 март“, формирано од некои од родителите и семејствата на загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“...

Македонија1 ден

Железничката станица не може да биде турбофолк-хаб, Ивановски ќе отстранува сѐ што не е во проектот од Кензо Танге

Железничката станица во најкус рок ќе биде исчистена од билборди, паноа и графити и ќе биде забрането да се поставуваат...

Македонија1 ден

Андоновски: Македонија добива национален центар за вештачка интелигенција – почнува проектот „Везилка“

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска официјално го претстави проектот „Везилка“ – Национален центар за вештачка интелигенција, капитален проект...

Македонија1 ден

Почина Панчо од ДНК

Владимир Блажев-Панчо од дуото ДНК почина речиси седум месеци по трагедијата во Кочани во дискотеката „Пулс“, каде што доби сериозни...

Македонија1 ден

Извештаи за примени донации доставиле 35 отсто од учесниците во изборната кампања

Во согласност со Изборниот законик, учесниците во изборната кампања за локалните избори 2025 година имаат обврска да поднесат извештаи за...

Македонија1 ден

„Од 7.000 на 10.000 го зголемуваме надоместокот за новороденче“, најави Герасимовски

Кандидатот за градоначалник на општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, синоќа беше на терен, на средби со граѓаните...