Региони
За првпат ќе се изнурка целото Охридско Езеро
Интернационалниот нуркачки инструктор Милутин Секулоски, од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид, овој викенд, заедно со „Пелистерка“, започнува авантура во која тој со тим нуркачи, ќе го изнурка Охридското Езеро во целата негова должина во текот на наредните три месеци.
Интернационалниот нуркачки инструктор Милутин Секулоски, од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид, овој викенд, заедно со „Пелистерка“, започнува авантура во која тој со тим нуркачи, ќе го изнурка Охридското Езеро во целата негова должина во текот на наредните три месеци.
Ова е првпат ваков историски зафат да биде изведен во Европа. Секулоски и неговиот тим ќе го пренуркаат најголемото езеро во земјава (како од неговата македонска, така и од албанската страна) на длабочина од пет до 15 метри во должина од 80 километри и 322 метри.
„Ова е вистински подвиг кој освен што ќе биде прв од ваков вид во Европа и пошироко, ќе придонесе на многу полиња во етаблирањето на Охридското Езеро како културно и археолошко богатство на Македонија“, изјави Секуловски.
Има низа причини за реализација на овој проект во Охридското Езеро: да се осознае повеќе за живиот свет, да се откријат нови археолошки локалитети и предмети што претставуваат културно наследство, да се даде потполна слика за состојбата на оваа водена површина од еколошки аспект, но и да се претстават убавините на ова езеро како неодминлив дел за развојот на туризам.
„Нашата компанија со големо задоволство застана целосно во поддршка на овој потфат. Како и секогаш, остануваме доследни на нашата заложба да бидеме бренд што ќе се залага за воспоставување и промовирање на вистинските квалитети и одлични идеи во Македонија“, велат од „Пелистерка“.
Секулоски е носител на највисоката категорија во светот на нуркањето, со искуство од 30 години и реализирани над 8.000 нуркања. Целата авантура е спонзорирана од „Пелистерка“./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Региони
Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево
Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.
Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.
„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.
Македонија
(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни
На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.
„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.
Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.
Македонија
Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман
При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.
„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.
Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.
Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.