Свет
Папата ги критикува законите за еднаквост

Поглаварот на Римокатоличката црква ја критикуваше Владата на Велика Британија, тврдејќи дека новиот Закон за труд е неправеден, бидејќи се залага за недискриминација.
Поглаварот на Римокатоличката црква ја критикуваше Владата на Велика Британија, тврдејќи дека новиот Закон за труд е неправеден, бидејќи се залага за недискриминација.
Како што јавуваат светските медиуми, ваквата изјава на Папата доаѓа по жестоките реакции од страна на Римокатоличката и Англиканската Црква на новиот Закон за труд. Црковните лица стравуваат дека со ваквиот закон и хомосексуалци ќе можат да бидат свештеници , што за нив е неприфатливо.
Папата Бенедикт XVI оцени дека Законот за труд на Лабуристите, кој треба да ја спречи дискриминацијата, всушност го прекршува законот на природата спречувајќи ги верниците да останат доследни на своите верувања.
Папата изјави дека овој закон наместо да го направи општеството поеднакво, ја ограничува религиозната слободата на луѓето.
Црковните лица исто така стравуваат дека наместо верници, црквите ќе мора да вработуваат и лица од било која вера, па дури и атеисти.
Откако дојдоа на власт Лабуристите често се критикувани од страна на 4.1 милиони католици во Велика Британија./крај/иа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Макрон се заканува со масовни санкции

Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека Русија ќе се соочи со „масивни“ санкции заеднички координирани од Европа и САД доколку го прекрши 30-дневното примирје предложено од западните сојузници на Киев.
„Во случај на прекршување на ова примирје, беше договорено дека ќе бидат подготвени и координирани масивни санкции меѓу Европејците и Американците“, рече Макрон на прес-конференција во Киев.
Европа
Зеленски: 30-дневниот прекин на огнот мора да започне в понеделник, Песков постави услов

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на прес-конференција изјави дека тој и лидерите на европските земји се согласиле дека „безусловното примирје мора да започне в понеделник, 12 мај“.
Тој додаде дека прекинот на огнот треба да го опфати воздушниот, морскиот и копнениот простор и рече дека доколку Москва одбие, ќе следат нови санкции, вклучително и зголемени казнени мерки насочени кон нејзините енергетски и банкарски сектори, пренесува Ројтерс.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во петокот изјави дека Русија ја поддржува имплементацијата на 30-дневниот прекин на огнот, но со почитување на одредени „нијанси“. Во изјава за Еј-би-си емитувана во саботата, Песков нагласи дека западната воена помош за Украина ќе мора да престане за да биде можно привремено прекин на огнот.
„Инаку, тоа би било предност за Украина“, рече тој.
Европа
Кремљ: Заканата од нови санкции е „губење време“

Кремљ соопшти дека не е загрижен од најавата за нови санкции против Русија, што ја изнесе британскиот премиер Сер Кир Стармер.
„Веќе сме навикнати на санкции, веќе можеме да предвидиме што ќе правиме откако ќе бидат воведени, како ќе ги ублажиме нивните последици“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, според руските државни медиуми.
Песков додаде дека заканата од нови ограничувања е „губење време“ бидејќи тие не можат да ја заплашат Русија. Даунинг стрит во петокот објави дека го подготвува „најголемиот пакет санкции досега“ против руската „флота во сенка“, која транспортира нафта од Кремљ низ целиот свет.