Свет
Медведев:Новиот устав во Киргистан може да го поттикне екстремизмот

Рускиот претседател Дмитриј Медведев предупреди дека новиот Устав, изгласан во Киргистан може да поттикне екстремизам во оваа земја, која што веќе е погодена од меѓуетничко насилство, јавуваат агенциите.
Рускиот претседател Дмитриј Медведев предупреди дека новиот Устав, изгласан во Киргистан може да поттикне екстремизам во оваа земја, која што веќе е погодена од меѓуетничко насилство, јавуваат агенциите.
На конференцијата за печат во Торонто, по завршувањето на Самитот на Г-20, Медведев рече дека „парламентарна република во Киргизија може да поттикне доаѓање на екстремистички сили на власт“.
На вчерашниот референдум во Киргистан, граѓаните го изгласаа новиот Устав, што треба значително да ги намали овластувањата на претседателот во корист на парламентот, со што би се избегнала концентрација на власт во рацете на еден човек.
„Тешко можам да замислам како моделот на парламентарна република може да функционира во Киргистан, а да не предизвика серија проблеми и да го спречи доаѓањето на екстремни сили на власт“, изјави Медведев.
Рускиот претседател потенцираше дека Киргистан е соочен со бројни предизвици, вклучувајќи ја и опасноста од распарчување на земјата и затоа е потребна добро организирана власт со што би се избегнало таквото сценарио.
Вршителот на должноста претседател на Киргистан, Роза Отунбајева, вчера неколку часа по затворањето на избирачките места, објави дека мнозинството граѓани гласале за новиот Устав, со кој што ќе се надмине политичката нестабилност во земјата и ќе прекине насилството.
Според се уште неофицијалните резултати врз основа на избројани 44,37 отсто од преброените гласови, за новиот Устав гласале 90 отсто од излезените гласачи. /крај/бета/см
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Кремљ: Изјавите на европските земји се контрадикторни и конфронтирачки

Кремљ ги обвини европските земји за давање контрадикторни и конфронтирачки изјави, објави новинската агенција Интерфакс, откако европските лидери го поддржаа американскиот план за 30-дневен прекин на огнот во Украина и ѝ се заканија на Русија со „масовни“ санкции доколку не го почитува договорот.
„Слушаме многу контрадикторни изјави од Европа. Тие генерално се од конфронтациска природа и не се насочени кон обид за обновување на нашите односи. Ништо повеќе од тоа“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, според Интерфакс.
Европа
Зеленски: Имаме добар договор со Америка, помошта не запира

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев и САД постигнале „многу добар договор“ за продолжување на воената соработка. „Можеме да сметаме на американска поддршка, не само од владата, туку и од приватниот сектор“, рече тој.
Тој особено ја истакна улогата на поранешниот претседател Доналд Трамп.
„Трамп не ја запре испораката на воена помош или размената на разузнавачки информации, што е клучно за одбраната на нашето небо. Тој не ги укина санкциите против Русија. Веруваме дека тој ќе продолжи да ја поддржува Украина.“
Европа
Стармер: Русија ја започна војната и Русија стои на патот на мирот

Британскиот премиер Кир Стармер изјави во Киев дека дојде моментот за мировен договор – но дека единствената пречка за тоа е Кремљ.
„Сите знаеме дека само една земја ја започна оваа војна и само една земја го блокира нејзиното мирно решавање денес – а тоа е Русија“, рече Стармер.
Тој додаде дека предлогот за 30-дневен прекин на огнот сега е официјално на маса. „Володимир го поднесе овој предлог пред два месеци, Емануел и јас интензивно работевме на тоа, а сега се придружија повеќе европски земји и САД. Постои јасно единство“, рече тој.
„Ова е пресвртница. Сите што сакаат мир сега се обединуваат. А оние што го одбиваат – ќе бидат разоткриени.“