Контакт

Региони

Локалното население го расчистуваше патот до Слепче

Објавено пред

Изминатите два дена жителите на една од најубавите и поголеми подбигловски населби – Слепче, доброволно учествуваа во големата работна акција за уредување на главниот локален пат до селото, улиците, како и патот до манастирот „свети Јован Претеча“. 

dobivaj vesti na viber

Речиси не постоеше семејство кое не се одѕва на заедничкиоот повик на раководствата на Црковниот одбор и ба Месната заедница, барем по еден работоспособен да се вклучи и да учествува во големата акција, како што добележуваат мештаните, една од ретко успешните организирани првпат по повеќе од 30 години.

„Како загрижени жители за своето село, не треба постојано да бараме и да очекуваме друг да нѝ ги решава проблемите кога тоа можеме сами да го направиме. Треба да се одучуваме од навиката, постојано да бараме и да чекаме општината да направи нешто за нас, туку да се учиме самите да правиме добри дела за нашата населба“ рече членот на Црковниот одбор, Раде Талевски, кој самиот учествуваше и кординираше дел од акцијата, но и предводеше една група од неколку млади момчиња.

„Ние, кои овде постојано живееме, најнепосредно учествуваме во создавањето на проблемите. Тоа значи дека, со поддршката што ја добиваме од општината, сами треба да учествуваме во нивното решавање“, додаде претседателот на Местната заедница Љубе Неделковски.

Организаторите на акцијата велат дека дека успешноста на дводневната акција немало да биде толкава ако не се вклучел и градоначалникот Љупчо Блажевски. Имено, во деновите што ѝ претходеле на акцијата, општината ангажирала соодветна градежна механизација за расчистување на некоку локации во селото, како и за расчистување на одводните канали покрај локалниот пат што беа оштетени за време на поплавите. Исто така општината обезбедила и доволни количини на тампон што Слепчани го положија на неколку оштетувања на банкините долж патот, од Демир Хисар, па сé до манастирот „свети Јован Претеча“.

„Денеска сите бевме само слепчани, иако меѓу нас има лица од најразлични возрасти, занимања и професии. Слепче е нашиот дом, нашето животно секојдневие кое му го оставаме во наследство на помладите. Ние слепчаните сме познати по традиционалната тврдокорна поврзаност и приврзаност со своите корени и кон своето село, и воопшти не ни е сеедно дали животот ќе го продолжиме во заедништво. Овие два дена се покажа дека чувството за заедништво и припадност еден кон друг не се искоренило, и затоа се радувам што одѕивот е толку голем “, вели учесник во акцијата кој сакаше да остане анонимен, еден од стотината учесници во акцијата кој е со високо академски образование и титула и извршува висока јавна функција.

Слепчани не паметат кога последен пат организирани на ваков начи сработиле нешто. Повозрастните се сеќаваат дека последен пат тоа е направено во почетокот и средината на 1980-те, кога се асфалтирал патот, кога се градел домот на културата и уште неколку други поводи. И повозрастните и помладите се радуваат и се горди на учинокот, но најмногу што дводневната работна акција беше своевидно воскресение на старот дух на заедништво, но и промоција на нофи форми на заедништво што во ова турбулентно време се многу повеќе од потребни.

Со симболечен доброволен паричен влог, акцијата ја поддржаа и помогнаа семејствата што од здравствени или други причини, физички не можеа да учествуваат, како и угостителските објекти кои акцијата ја помогнаа со донирање храна и пијалоци./крај/мф/одм

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 часа

Трамп по разговорот со европските лидери и со Зеленски: Русија ќе се соочи со последици ако не се движи кон мировен договор

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека денешниот разговор со европските лидери и украинскиот претседател Володимир Зеленски бил „многу добар“. „Тој...

Европа11 часа

Зеленски не го промени својот став за територијалните отстапки

На прашањето дали го променил својот став за предавањето на источниот регион Донбас по денешните разговори, украинскиот претседател Володимир Зеленски...

Европа12 часа

Што сакаа да постигнат европските лидери преку разговорот со Трамп?

Можноста, американскиот претседател Доналд Трамп самиот да седне со Владимир Путин, предизвика нервоза кај европските лидери. Иако Трамп јавно покажа...

Македонија12 часа

(Видео) Повторно излезе од контрола пожарот во Јасен

Состојбата со пожарот во ловиштето Јасен е променлива, и во моментот не е воспоставена контрола, информираше директорот на Дирекцијата за...

Македонија13 часа

Според очевидците пожарот кај Јасен бил разгорен од удар на гром, Мицкоски вели се прават натчовечки напори

Премиерот Христијан Мицкоски денеска заедно со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување беше во ловиштето „Јасен“, каде што веќе...

Македонија14 часа

Уставен оформи предмет за вториот протокол меѓу Македонија и Бугарија

Уставниот суд оформи предмет по иницијатива на Лилјана Поповска, со која се оспорува протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина...

Култура14 часа

Почина оперската дива Милка Ефтимова

Почина оперската примадона Милка Ефтимова, доајен на Македонската опера и амбасадор на македонската уметност и култура во светот. Во својата...

Македонија17 часа

(Видео) Мицкоски: Рамковниот договор 24 години потоа донесе мир и стабилност

Рамковниот договор е потсетник на една длабока вистина – дека државата ја имаме само ако ја чуваме заедно, по пат...

Топ20 часа

Уапсен скопјанец, фрлал камења кон полициски хеликоптер додека полнел вода за гаснење пожар

Вчера вечер, во 18:55 часот, полициски службеници од ПС Карпош го лишија од слобода И.А. (55) од Скопје поради сомнение...

Македонија20 часа

ЦУК: Изгаснати 28, активни три пожари

До 08:00 часот, на територијата на Македонија имаше вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои активни се три пожари,...

Свет20 часа

Комисијата на СЗО: Топлотните бранови повеќе не се климатска закана, туку здравствена криза

Екстремните временски услови што ги засегаат Европа и Централна Азија повеќе не се само климатска закана, туку и сериозен проблем...

Македонија21 час

Димова: Повеќе од пет години не сум директорка на несреќната институција, недолично е да се кажуваат лаги

Повеќе од пет години не сум директорка на оваа несреќна институција и сметам дека е недолично да се кажуваат лаги...

Македонија21 час

Пожарот кај Јасен сè уште активен, патот Македонски Брод – Скопје затворен за сообраќај

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила,...

Свет1 ден

Белата куќа објави детали за средбата Трамп – Путин

Средбата меѓу американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин ќе се одржи во петок, во Енкориџ, Алјаска, објави...

Топ1 ден

Тројца возрасни и едно дете осомничени за пукањето и убиството во Тетово

Тројца возрасни и едно дете се осомничени за пукањето во Тетово што се случи во неделата, а во кое беше...

Македонија1 ден

(Видео) ДЗС: Борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува

Борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува. Од земја дејствуваат припадници на специјалните единици на Армијата и Полицијата заедно со...

Свет1 ден

ЕУ воведува нови санкции кон Русија

Европската Унија подготвува 19-ти пакет санкции против Русија, бидејќи Москва продолжува да ги отфрла повиците за прекин на огнот во...

Топ2 дена

Уапсени двајца мажи од Росоман, му се заканувале на градоначалникот на Кавадарци

Денеска по полноќ, во 02:20 и 02:50 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.Д.(33)...

Топ2 дена

Скопјанец почина на Клинички откога бил донесен во тешка здравствена состојба: телото дадено на обдукција

Вчера во 17:20 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека во тешка здравствена состојба кај...

Регион2 дена

(Видео) Густ чад го обвива Петровац, сцените од плажата се морничави: Црна Гора сè уште се бори со пожарот

Црна Гора сè уште се бори со пожарот, иако ситуацијата во Чањ и во Буљарица се чинеше дека се смирува,...