Црна хроника
Битолски пензионер 'олеснет' за 23.000 евра
Во четвртокот во Битола било провалено во дом на 73-годишен пензионер, а засега неидентификуваниот крадец однел богат плен од вкупно 23 илјади евра
Грабежот се случил на улицата „Пробиштипска” кога непознат сторител со насилно отворање на влезната врата извршил тешка кражба од куќата на лицето коешто полицијата го идентификува со иницијалите Д.Ј., при што се одземени околу 22 илјади евра и над 60 илјади денари.
Битолската полиција во петокот соопшти дека презема интензивни мерки за откривање на сторителот./крај/мф/ом
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Баба и малолетен внук претепани па ограбени во станот во скопска Гази Баба
Вчера околу 10.00 часот во СВР Скопје, Р.А.(65) од Скопје пријавила дека околу 06.45 часот во станот на подрачје на Гази Баба, каде што живеее како потстанар со нејзиниот малолетен внук, две лица со употреба на сила влегле во станот, физички и со метален предмет го нападнале внукот и им одзеле пари.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Кривични пријави против три лица за местење тендери
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР поднесе кривична пријава против М.Г. (37) од Скопје – управител на едно правно лице од Скопје, Ф.Б. (42) од Скопје – управител на друго правно лице од Скопје и Д.Г. (46) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство“.
Првопријавената, во периодот од август 2022 до април 2023 година, самостојно и за свои интереси ги спроведувала јавните набавки во име на казнено – поправна установа, како и на три основни училишта на подрачје на Скопје, во кои била ангажирана како давател на советодавни услуги во областа на јавните набавки, при што самата поднесувала понуди во име на своето правно лице или во името на второто правно лице – приватна здравствена установа од истиот компјутер од кој огласот претходно го објавила. М.Г. тоа го направила иако знаела дека согласно Законот за јавни набавки таа нема овластување да објави оглас во име на договорен орган и да поднесе понуда во име на економски оператор.
Второпријавениот овозможил достапност на неговото корисничко име и лозинка од ЕСЈН и токенот за електронски потпис на пријавените М.Г. и Д.Г., со цел прв да поднесува понуди знаејќи дека сите понудувачи во конкретните огласи за здравствени прегледи секогаш нуделе иста цена и пресудно било времето на поднесување на понудата и на тој начин оневозможил некој друг економски оператор да ги добие договорите за јавни набавки во конкретните постапки кај државните институции. Третопријавениот, во својство на извршител на услуги во основно училиште на подрачје на Скопје, иако знаел дека не смее и нема овластување да објави оглас во име на договорен орган и да поднесе понуда во име на економски оператор, предизвикал неоправдано ограничување на конкуренцијата помеѓу економските оператори и неовластено ги поседувал податоците од одговорните лица на училиште од Скопје за најава на ЕСЈН и истите ги искористил, и во името на договорниот орган, неовластено и самостојно да ја спроведе постапката и да влијае на нејзиниот исход. Врз основа на издадени наредби, на подрачјето на Скопје извршени се претреси во дом и други простории кај пријавените лица, при што се пронајдени предмети кои се предмет на кривично дело.
Црна хроника
Експлозија пред куќа во Прилеп
Вчера во 20.30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека околу 19.30 часот на ул.„Поп Аврамија” во Прилеп било забележано едно лице како фрла експлозивна направа, при што настанала експлозија пред куќа и патничко моторно возило „пежо 207″ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на С.Л.(21) од Прилеп, информира МВР.
Нема повредени лица.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.