Свет
На тапет Кедев, ама и Петровски?
Кодексот за етика на лекарите е нарушен во случајот со пациентот Јордан Балабанов, кому му биле вградени стентови на Клиниката за кардиологија, заклучила вчера Етичко-правната комисија при Лекарската комора.
ЕТИЧКО- ПРАВНАТА КОМИСИЈА СЕ ИЗЈАСНИ
Кодексот за етика на лекарите е нарушен во случајот со пациентот Јордан Балабанов, кому му биле вградени стентови на Клиниката за кардиологија, заклучила вчера Етичко-правната комисија при Лекарската комора.
Дознаваме дека освен д-р Сашко Кедев, на тапет бил и д-р Борче Петровски, в.д директор на Клиниката, за кого се расправало дали постапил етички кога не дозволил вградување од поскапите стентови на пациентот од Штип.
Членовите на Комисијата не сакаа да обелоденат кои членови од Кодексот се нарушени и кои казнени мерки ќе се преземат во овој случај. Жешкиот костен тие го добија в раце од Извршниот одбор на Лекарската комора, кој на утрешната седница треба да пропише терапија за учесниците во случајот.
– Ги разгледавме двете страни и расправавме за случајот од сите аспекти. Факт е дека е нарушен Кодексот за етика на лекарите. Во наша ингеренција е да го окарактеризираме делото, но ние не сме суд. Сега за овој случај треба да се изјасни Извршниот комитет – изјави член на етичко-правната комисија.
Етичката комисија при Клиничкиот центар Скопје во минатата недела заклучи оти правата на пациентот од Штип биле злоупотребени. Потоа Управниот одбор на Клиничкиот центар му забрани на д-р Кедев да работи на Клиниката за кардиологија додека е пратеник.
Фондот за здравствено осигурување најавува вонредни контроли за набавката и за испораката на стентовите на кардиологија, а д-р Кедев најави оти ќе му поднесе кривична пријава на д-р Борче Петровски поради оневозможување совесно лекување.
(Љ.Б.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Русите објавија фотографии: „Ова се американски АТАКМС во Русија, подготвуваме одговор“
Министерството за одбрана на Русија тврди дека Украина истрелала неколку американски ракети со долг дострел АТАКМС кон Русија во изминатите неколку дена.
Москва најавува одговор.
„Според потврдени податоци, во последните три дена украинските вооружени сили извршиле два напади со западно оружје со долг дострел на цели во Курската област“, соопшти Министерството за одбрана.
Во саботата, според Русите, Украина истрелала пет АТАКМС во областа Лотарјовка, 37 километри северозападно од Курск, гаѓајќи го противвоздушниот систем С-400.
„Две од нив ја погодија својата цел“, се вели во соопштението, додавајќи дека системот е оштетен, а луѓето се повредени.
Вчера, Украина, исто така, „изврши уште еден напад со осум АТАКМС на аеродромот Курск-Восточни“, се вели во соопштението. Едниот сигнал до цента, две лица се повредени, а инфраструктурата е оштетена.
„Руското Министерство за одбрана ја следи ситуацијата и подготвува одговори“, се вели во соопштението.
Министерството објави и фотографии од остатоци од ракетите АТАКМС во Русија, но нивната автентичност не е потврдена.
Свет
„Ова ја дисквалификува засекогаш, таа не може да ја води Америка“ – кампањата на Камала Харис должела 20 милиони долари по изборите
Извештаите покажуваат дека кампањата на американската потпретседателка Камала Харис е во долг од 20 милиони долари по недамнешните претседателски избори. Се очекува таа да им се обрати на финансиските директори на Демократскиот национален комитет среде оваа финансиска криза.
Главниот политички донатор Џон Морган изрази загриженост за трошењето на кампањата нагласувајќи дека донаторите сакале да го поразат Трамп, а не нужно да ја изберат Харис. Тој верува дека преголемото трошење, вклучувајќи 15 милиони долари за продукција на настани и 4 милиони долари за приватни авиони, е доказ дека Харис не треба да се кандидира повторно.
„Мислам дека ова ја дисквалификува засекогаш. Ако не можете да водите кампања, не можете да ја водите ниту Америка“, рече тој и навести дека тоа може негативно да влијае на кариерата на Камала Харис бидејќи донаторите се прашуваат каде отишле парите.
Додека извештаите за долгот се вознемирувачки, кампањата на Харис тврди дека нема неплатени долгови или сметки.
Линди Ли, член на финансискиот комитет, откри дека внатрешните борби довеле до тоа некои членови да ја напуштат партијата.
Свет
Лавров: НАТО ги премина сите граници на пристојност, веќе јавно ги покажува своите вистински намери
Министерот за надворешни работи на Русија го критикува НАТО за изјавите за можноста за превентивни удари врз Русија.
Тој денес на состанок со шефовите на безбедносните агенции и разузнавачки служби соопшти дека шефот на воениот комитет на НАТО, Роб Бауер, ги објавил вистинските намери на алијансата кога рекол дека размислува за изведување превентивни удари врз Русија во случај на можен вооружен конфликт, пренесува ТАСС.
„Шефот на воениот комитет на НАТО отворено рече дека за да ги остварат целите на заштита и одбрана на земјите членки на НАТО, треба превентивно да изведат напади врз цели во Русија, кои, според мислењето на НАТО, може да претставуваат закана за земјите членки на алијансата. Мислам дека тука нема што да се коментира. Ја преминаа границата на секоја пристојност и веќе јавно ги изнесуваат вистинските намери“, рече Лавров.
Претходно, на конференција во Центарот за европска политика во Брисел, шефот на Воениот комитет на НАТО, Роб Бауер, повика на производство на повеќе оружје за да се извршат прецизни удари длабоко во Руската Федерација во случај на конфликт, пренесе ТАСС.