Контакт

Региони

Одбележана 150 годишнината од фрескописувањето на црквата „Пресвета Богородица“ во Гари

Објавено пред

Во дебарското село Гари  во понеделникот во присуство на високи преставници на МПЦ и сегашни и поранешни жители на селото беше одбележана 150 годишнината  од фрескописувањето на црквата „Пресвета Богородица“.

dobivaj vesti na viber

Во црквата, стара околу 400 години,  беше одржана Боженствена литургија со која чиноначалствуваше митрополитот на дебарско кичевската епархија, господин Тимотеј, во сослужение со игуменот на Бигорскиот манастир, анхимандрит Партениј.„Оваа црква започнала да се гради  во 17, а била изградена и осветена во 18 век, сѐ со сопствени средства на селаните и донации на гарчани, кои ги има насекаде. Ја граделе самите жители, ја одржувале и ја одржуваат сами и  тоа ќе го правиме сѐ додека нѐ има на ова тло македонска земја“ ,рече Иван Кузмановски, член на Црковниот одбор. Според официјалните документи овој божји храм го  фрескописувал познатиот Дичо Зограф  во 1866 година од соседното село Тресонче, кому, ова му била последна црква, што ја фрескописувал.На литургијата присуствуваа и бигорското братство и сестрите од манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ од селото Рајчица.Градоначалникот на Дебар Ружди Љата оцени дека дека дебарскиот регион бил, е и ќе остане синоним како може да се живее заедно, без оглед на етничка  и верска припадност. /крај/мн/ст

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет14 минути

Турција се вооружува како никогаш досега – борбени авиони, беспилотни летала, тенкови и воени бродови

Турција во последните недели презеде сериозните чекори за зајакнување и модернизација на војската. Германската влада конечно се согласи да испорача...

Свет1 час

Техеран се соочува со историска водна криза: „нултиот ден“ сè поблиску

Иранскиот главен град Техеран најверојатно е само на неколку недели од таканаречениот „нулти ден“, предупредуваат експертите – денот кога чешмите...

Свет2 часа

(Видео) МААЕ: Експлозии и чад во близина на нуклеарната централа Запорожје

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денес објави дека нејзиниот тим во нуклеарната централа Запорожје во Украина слушнал експлозии и...

Македонија19 часа

(Фото) Сиљановска-Давкова: Мора да го искорениме плевелот на корупцијата и криминалот, време е за нова пролет на нашата македонска република

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска се обрати на чествувањето на 2 Август – Илинден, Денот на Републиката на Мечкин Камен во...

Македонија22 часа

(Видео) Мицкоски: Илинден е симбол на жртвата која генерации пред нас ја дале за слободна Македонија

Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, денеска од Скопје го честиташе големиот празник 2 Август – Ден на Републиката, Илинден. „Овој...

Македонија23 часа

(Видео) Филипче од Крушево: Илинден е нашиот темел – заедно да ја продолжиме борбата за Македонија

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска од Крушево го честита 2 Август, Денот на Републиката – Илинден. „Го честитам празникот...

Македонија1 ден

Kостадиновски: Нашето современо илинденско наследство е вистинската посветеност на владеењето на правото и правната држава

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, упати честитка по повод Денот на Републиката, 2 август – Илинден. „Денес, 122 години...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Илинден е ден на обединување, ден кога сите треба да се поклониме пред минатото и да се заветиме за иднината

ВМРО-ДПМНЕ упати честитка по повод Илинден. „Илинден е симбол на нашата непокорност, заветот на Крушево и борбата на партизаните за...

Македонија1 ден

Гаши: Овој ден е симбол на историската борба за слободно, еднакво и демократско општество

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, упати честитка по повод 2 Август – Денот на Републиката. „Во име на пратениците и...

Македонија1 ден

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката. „Илинден е сржта на...

Македонија2 дена

Меџити во Чаир, Касами во Тетово, Бакиу во Скопје – ВЛЕН ги објави кандидатите за градоначалници

Централното претседателство на ВЛЕН ги избра кандидатите за претстојните локални избори. Во Тетово за нов мандат ќе се бори актуелниот...

Топ2 дена

Браќа од Струшко нападнале семејство во возило во кое имало и деца, ја удирале жената со боксови и клоци

Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против две лица за кривично дело – Насилство. Двајцата браќа, по потекло од струшко,...

Македонија2 дена

Арсовска до Ганиу: Сакаше да ги видиш сите 150 небезбедни згради, нема проблем, ќе ги видиш и ти и цела Македонија

Висар Ганиу лаже, фалсификува, злоупотребува и им овозможува на трети лица да се богатат преку градење згради сега, а кои...

Македонија2 дена

Разрешувањето на Коцевски ќе продолжи од ноември поради изборите, и да даде оставка, Владата е во лавиринт, вели Мицкоски

Од ноември Владата ќе продолжи со процесот за разрешување на државниот обвинител онаму каде што застана, рече денес премиерот Христијан...

Македонија2 дена

Мицкоски: Им благодарам на САД што ја коригираа тарифата од 33 на 15 проценти, оптимист сум дека ќе одиме уште подолу

Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен од новите тарифи на САД кон Македонија од 15 проценти. Одговарајќи на новинарско прашање поврзано...

Економија2 дена

Маркетите да не прават трикови оти ограничувањата може да бидат годишни, не неделни или месечни, порача Мицкоски

Можни се годишни место неделни или месечни ограничувања на маржите за да се заузда растот на цените во маркетите. Премиерот...

Топ2 дена

Со ретровизорот ја удрил во главата и починала: обвинение за возач што имал слепило, а управувал товарно возило

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против едно лице за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во...

Македонија2 дена

Случајот со претседателката на антикорупциската комисија најматен настан за јули, според „Транспаренси“

„Транспаренси интернешнл – Македонија“ го објави редовниот месечен извештај „Бистро – матно“ за јули 2025 година, во кој се евидентирани...

Свет2 дена

Трамп ја објави листата на нови царини

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потпиша извршна наредба со која се воведуваат повисоки царини за десетици земји во целиот свет...

Македонија2 дена

Македонија со царина од 15 отсто

Американскиот претседател Доналд Трамп рано утрово по македонско време објави нови царински стапки. Македонија, доби стапка од 15 отсто, идентична...