Спорт
Седумстотти настап на Занети за Интер

Капитенот на Интер Хавиер Занети на утрешниот натпревар од финалето на Лигата на шампиони ќе го облече по јубилеен 700-ти пат дресот на својот клуб.
Капитенот на Интер Хавиер Занети на утрешниот натпревар од финалето на Лигата на шампиони ќе го облече по јубилеен 700-ти пат дресот на својот клуб.
„Ова е навистина една неверојатна бројка, која што се надевам дека ќе и донесе добра среќа на мојот клуб“, изјави аргентинскиот репрезентативец, кој пред 15 години дојде во клубот од Милано.
Претседателот на Интер, Масимо Морати изјави дека Занети (36) игра како да има 27 години, изразувајќи надеж дека Аргентинецот ќе игра уште некоја година.
Рекордерот по бројот на настапи за Интер е дефанзифецот Ѓузепе Бергоми, кој црносиниот дрес го облекол 758 пати. /крај/ап/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Барселона сака да го откачи Тер Штеген

Марк Андре тер-Штеген и Барселона полека, но сигурно влегуваат во „војната“. Германецот нема намера да ја напушти Каталонија, а и доколку го стори тоа ќе се обиде добро да го наплати.
Каталонските медуми, тврдат дека единствениот начин да се согласи на раскинување на договорот е Барселона да му ја исплати целата плата според договорот до 2028 година, што е дури 42 милиони евра.
Јасно е дека Барселона нема да прифати ваков вид уцена, а спортскиот директор Деко ќе се обиде да најде идеално решение за сите страни, што сигурно нема да биде лесно.
Огромната плата на Тер-Штеген е проблем за сите освен за клубовите од Саудиска Арабија, но Германецот одбива да ја напушти Европа бидејќи планира да се натпреварува на највисоко ниво до Светското првенство во 2026 година кога конечно ќе биде број 1 во националниот тим.
Тер-Штеген го сака Галатасарај, кој во моментов е најконкретен, Милан го контактираше, но засега тој се откажа поради превисоката плата, додека интересот на Манчестер јунајтед во моментов е нејасен.
Во случај Тер-Штеген да стане слободен, односно на крајот да се согласи да го раскине договорот, јасно е дека тогаш ќе има интерес од сите страни.
Спорт
Македонија лидер во Ј групата

Фото/ ffm.mk
Драматичната победа на Белгија во дуелот со Велс (4:3), го комплетираше јунскиот прозорец, во квалификациите за пласман на Светското првенство.
Македонија, вчера, со голот на Трајковски победи во Казахстан. Македонија ја предводи групата и веќе се јасни математиките за понатаму. Доколу сака да се пласира барем во баражот, Македонија не смее да загуби на гостувањата кај Велси и Белгија и се подразбира да ги победи Лихтенштајн и Казахстан на домашен терен.
Спорт
Ленгле како слободен играч потпиша со Атлетико

Францускиот фудбалер Клеман Ленгле потпиша договор со Атлетико Мадрид до јуни 2028 година.
Ленгле беше член на Барселона, а минатата сезона ја помина на позајмица во Атлетико.
Францускиот фудбалер го раскина договорот со Барселона порано денес, а потоа потпиша тригодишен договор со Атлетико Мадрид како слободен агент. Минатата сезона, Ленгл одигра 34 натпревари за мадридскиот клуб и постигна три гола.
Покрај Барселона и Атлетико, дефанзивецот играше и за Астон Вила, Тотенхем, Севиља и Нанси.