Спорт
Првиот меч на СП ќе го суди Узбекистанецот Ирматов

Меѓународната фудбалска федерација го назначи Узбекистанецот Равшан Ирматов главен арбитар на почетниот меч на Светското првенство кое ќе започне на 11-ти јуни со мечот Јужноафриканска Република и Мексико
Равшан Ирматов го сметаат за еден од најдобрите фудбалски судии во Азија кој ја почнал својата меѓународна кариера во 2003 г. Познат е по тоа што на српскиот одбранбен играч Немања Видиќ од Манечстер јунајтед му покажа црвен картон во финалниот меч од клупскиот светски шампионат во фудбал во 2008 г. ФИФА во сабота ги соопшти имињата на 16-те главни арбитри и нивните помошници кои ќе ги судат мечевите од првото коло. Дербито Англија – САД кое се игра на 12-ти јуни ќе го суди Бразилецот Карлос Симону, на мечот Холандија – Данска на 14-ти јуни правдата ќе ја дели Французинот Стефан Лануа, за главен судија на натрпеварот Брегот на слоновата коска – Португалија на 15-ти јуни е назначен Уругваецот Хорхе Ларионад, а Англичанецот Хауард Веб кој го судеше финалето во Лигата на шампионите ќе ја дели правдата на 16-ти јуни меѓу Шпанија и Швајцарија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Дуран по само шест месеци го напушти Ал Наср

Foto/ EPA-EFE/ADAM VAUGHAN
Колумбискиот напаѓач Џон Дуран (21) по само шест месеци си замина од Ал Наср. Во јануари Астон Вила го продаде Дуран во Ал Наср за 77 милиони евра и потенцијални бонуси.
Во клубот од Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, играше со Кристијано Роналдо, но не успеа да ја освои титулата. Дуран постигна 12 гола на 18 настапи, а сега го напушта клубот и се враќа во Европа.
Иако потпиша договор до 2030 година, тој оди на позајмица во Фенербахче. Таму ќе ја преземе улогата на Един Џеко под водство на Жозе Мурињо.
Дуран се проби низ МЛС, од каде, по 27 натпревари и осум гола за Чикаго Фаер, замина за Астон Вила за нешто помалку од 18 милиони фунти. Имаше само 19 години.
Спорт
Перикар „испука“ сервис од 246 километри на час

Францускиот тенисер Џовани Мпеши Перикард го сруши рекордот на Вимблдон на првиот ден од третиот Гренд слем во сезоната.
Тенисерот, познат по својот убиствен сервис, го оправда својот углед во натпреварот од првото коло против Тејлор Фриц.
Во првиот поен, тој сервираше со брзина од 239,8 километри на час, соборувајќи го рекордот на Тејлор Дент од 2010 година (238,2).
Тоа не беше доволно за Перикард, па во истиот гем „испука“ сервис од неверојатни 246,2 километри на час.
Интересно е што дури ни тоа не му беше доволно за да го освои тој поен.
Перикар беше блиску до победа над фаворизираниот Американец (четврти ноосител на турнирот), но го загуби четвртиот сет (7:6, 7:6, 4:6, 6:7) по што натпреварот беше прекинат.
Причината се строгите правила на Вимблдон дека нема игра по 23 часот.
До тој момент, тој сервираше 33 аса.
Спорт
Инзаги: Се искачивме на Монт Еверест без кислород

Симоне Инзаги, тренерот на Ал Хилал, им честиташе на своите играчи за пласманот во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Тимот од Ријад ги елиминираше „граѓаните“ во осминафиналето на Светското клупско првенство по продолженијата (4:3), со што го направи најголемото изненадување на турнирот.
„За овој резултат, клучни се играчите и храброста што ја покажаа на теренот. Моравме да направиме нешто посебно со оглед на тоа што сите ја знаат силата на Манчестер сити. Моравме да се искачиме на Монт Еверест без кислород и успеавме во тоа“, рече Инзаги по натпреварот.
Во четвртфиналето, Ал Хилал ќе игра против Флуминензе, кој претходно исто така неочекувано го елиминираше Интер.