Македонија
Компаниите наместо да отпуштаат вработени, треба да инвестираат во нив
Отпуштањето вработени во време на криза може да биде погрешна одлука за една компанија, бидејќи ќе и донесе профит само на кус рок, а на подолг период може да се одрази негативно.
Отпуштањето вработени во време на криза може да биде погрешна одлука за една компанија, бидејќи ќе и донесе профит само на кус рок, а на подолг период може да се одрази негативно.
Ова денеска во Скопје го изјави Тим Ринго, HR Директор на IBM, кој одржа предавање на форумот на тема „Моќен развој на компаниите преку развој на вработените“.
Ринго, кој важи за еден од најуспешните практичари за човечки ресурси, истакна дека најновите истражувања покажале дека компаниите кои во време на криза се решиле да отпуштат вработени само и наштетиле на профитабилноста на својата компанија.
Наместо да отпуштаат вработени, компаниите треба да го изнајдат најдобриот начин за управување со талентите и на тој начин да ги намалат трошоците, препорачува Ринго
Тој посочи дека најмоќните и најпрофитабилните корпорации во светот постојано посветуваат огромно внимание на човечките ресурси, што го утврдиле како основен предуслов за опстанок во денешната динамична бизнис средина.
„Да се измери перформансот на еден кадар несомнено е најголем предизвик на менаџерите во 21 век“, изјави Ринго.
Тој советува дека на секои 70-80 вработени во една компанија треба да има лице што ќе се грижи за човечките ресурси, а ова не треба да го применуваат само приватните, туку и јавните компании.
Домашниот HR консултант, Смиљка Шошкоска вели дека компаниите во Македонија до скоро воопшто не посветувале внимание на развој на човечките ресурси, но тој тренд полека почнува да се менува.
Таа изрази жалење што многу македонски компании ја користат кризата за да вршат притисок врз своите вработени, играјќи на картата дека многумина чекаат работа, наместо да вложуваат во нивен развој.
„Потребно е многу работа за зголемување на свеста на македонските менаџери дека е потребно многу повеќе да се грижат за своите вработени“, рече Шошковска.
Хрватскиот експерт Дијана Клекар, која е директорка во Карловачката пивара изјави дека нејзината компанија во овие кризни години немала потреба да отпушта работници, токму поради правилното раководење со човечките ресурси. /крај/ап/
Фото:Филип Поповски/Макфакс
Повеќе фотографии тука>>
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

