Спорт
Роналдо повторно цел на Реал Мадрид

Поранешниот претседател на Реал Мадрид, Рамон Калдерон изјави дека Кристијано Роналдо ќе дојде на Сантијаго Бернабеу следната сезона.
Додека беше на чело на Реал Мадрид, Калдерон се залагаше Кристијано Роналдо да дојде во Кралскиот клуб. Калдерон вели дека е задоволен од времето поминато на чело на овој клуб и инсистира дека Роналдо ќе дојде во Реал Мадрид следната сезона.”Мислам дека во Реал Мадрид завршив многу добра работа” “Освоивме шест титули благодарение на мојата работа, еден од најдобрите фудбалери во светот ќе дојде во клубот по крајот на оваа сезона”.”Покрај тоа ги дуплирав приходите”.”Минатата сезона не бевме во поволен момент за да потпишеме со фудбалската ѕвезда, но Реал Мадрид може да ги донесе овие фудбалери бидејќи има пари да ги прифати нивните барања” – изјави Калдерон.Реал упорно се обидува да стигне до потписот на најдобриот во светот на фудбалот, но со оглед на последните случувања во Англија се потешко е да се види Роналдо бо белиот дрес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Хоспитализирани 14 члена на Салернитана по натпреварот со Сампдорија

Враќањето на Салернитана дома по вчерашниот пораз од 0-2 од Сампдорија во првиот натпревар од плејофот за опстанок во Серија Б доби неочекуван и драматичен пресврт.
Според Салернонотизие, неколку играчи и членови на клубот од Кампанија итно побарале медицинска помош во болниците во Салерно и Батипаља. Симптомите се појавиле кратко откако консумирале ориз за време на чартер лет назад кон Кампанија.
Вкупно 16 лица, вклучувајќи играчи и членови на тимот, покажале знаци на труење. По слетувањето на аеродромот во Салерно, тие веднаш биле однесени со брза помош во блиските служби за итни случаи.
Полицијата и карабињерите исто така пристигнале на местото на настанот за да спроведат прелиминарна истрага и да утврдат дали има основа за отворање официјална истрага.
Во светлината на овие настани, Салернитана размислува за одложување на реваншот, закажан за петок навечер во 21:30 часот на стадионот „Ареки“. Одлуката ќе зависи од тоа дали болните играчи ќе се опорават за доволно кратко време од она што во моментов се третира како труење со храна.
Спорт
(Видео) Норис: Глупав потег, направив будала од себе

Победата на Џорџ Расел, првиот подум за 18-годишниот Андреа Кими Антонели и сударот на болидит на Мекларен ја обележаа трката за Големата награда на Канада.
Ландо Норис не ја заврши трката во Монтреал, откако се удри во тимскиот колега Оскар Пјастри во 66.круг.
Тој го оштети автомобилот, а Пјастри ја продолжи трката и го освои четвртото место. Норис сега е 22 бода зад Пјастри на второто место во шампионатот.
„Не очекував да го пресминам Оскар од надворешната страна во првата кривина. Едноставно не требаше да се обидам. Мислев дека почна малку да свртува десно, па мислев дека имам мала шанса да свртам лево. Но, беше преголем ризик, особено за мојот колега. Среќен сум што ништо не му се случи. Ја платив цената за мојата грешка“, рече Норис.
Мекларен им дозволува на своите возачи да се борат еден против друг, а двајцата се претенденти за шампионатот, заедно со Макс Ферстапен од Ред Бул, кој заврши втор во Монтреал зад Џорџ Расел од Мерцедес.
Пјастри е прв со 198 поени, Норис има 176, а Верстапен 155 поени.
„Нашето прво правило е да нема контакт со тимскиот колега, а јас го наоравив токму тоа. Мекларен е моето семејство. Се тркам за нив, секој викенд. Па кога ќе ги разочарам вака и ќе направам будала од себе, како сега, многу се каам“, рече Норис.
Ландо веднаш по завршувањето на трката му се извини на Пјастри (додека Австралиецот даваше изјава), ја прифати и на тој начин на некој начин ја зачува добрата атмосфера во тимот.
Full footage of the battle between Lando Norris and Oscar Piastri that ended in a crash!#F1 #Formula1 #CanadianGPpic.twitter.com/VI37PJQjg4
— Extreme Cars (@extremecars__) June 15, 2025
Спорт
Алкараз: Се уште не ми е јасно како го победив Синер

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз призна дека сè уште не му е јасно како успеал да го освои Ролан Гарос.
Минатата недела Алкараз стана третиот најмлад тенисер со пет Гренд слем титули, откако го победи Јаник Синер по пет сета и пет и пол часа игра.
Италијанецот имаше три меч топки при 2:1 во сетови, Алкараз волшебно се извлече, го доби четвртиот сет, а потоа во супер тај-брејкот во петтиот сет успеа да победи.
„Сè уште го гледам мојот телефон, медиумите и ги гледам снимките од дуелот против Синер и како успеав да ги спасам меч топките. Навистина не разбирам како победив. Сè уште сум во шок кога сфаќам што успеав. Сè уште не сум целосно свесен дека сум шампион на Ролан Гарос“, рече Алкараз.
По Париз, тој се упати кон Ибица.
„Беше забавно, три дена и три ноќи. Доволно. Искрено, бев таму повеќе ментално отколку физички. Најлудото нешто што го направив беше што останав надвор многу доцна. Танцував малку, но ништо повеќе од другите“, заклучи Алкараз.
Неговата следна станица е Квинс, каде што ќе биде првиот носител.