Свет
Ал-Завахири – најбараниот терорист на планетата
По ликвидацијата на Осама бин Ладен, по автоматизам Ајман ал-Завахири станува во моментот најбараниот терорист во светот.
По ликвидацијата на Осама бин Ладен, по автоматизам Ајман ал-Завахири станува во моментот најбараниот терорист во светот.Ал-Завахири речиси десет години се крие, по атентатите од 11-ти септември 2001 година во САД . Неговата сопруга, синот и двете ќерки се убиени во американските напади на авганистанската провинција Кандахар во 2001 година. Оттогаш, препознатливиот по долгата брада и со големи очила и „џумката“ на челото Завахири редовно се појавува со аудио и видео пораки преку исламистичките интернет страници повикувајќи на војна против Западот. Роден е на 19-ти јуни 1951 година ви гратчето Маада, близу Каиро во добростоечко семејство. Неговиот татко бил реномиран лекар, а неговиот дедо е познат египетски исламски теолог. Ајман ал-Завахири по професија е хирург. Неговите пријатели го опишуваат како „поет“. Секако, неговите убедувања се она што предизвикува големо внимание на светската јавност. Имено тој уште на 15-годишна возраст се приклучил на организацијата Муслиманско братство во Египет. Поради учеството во атентатот врз египетскиот претседател Анвар ел-Садат во 1980 година минал три години во затвор, а потоа живеел во Саудиска Арабија, САД и на крајот во Пакистан. Ајман ал-Завахири во текот на „џихадот“ против силите на поранешниот СССР во Авганистан го запознал Осама бин Ладен. Оттогаш нивните судбини се поврзани. Ал-Завахири и’ припаѓаше на групата на египетскиот исламски џихад која во Ал Каеда се приклучи дури во 1998 година.Ал-Завахири беше вклучен во многуте светски судири, како на пример во Чеченија, потоа се најде на „црната листа“ на САД затоа што ги поддржуваше нападите на амбасадите на САД во Кенија и Танзанија во 1998 година. Во неговата татковина во отсуство е осуден на смрт поради учества во многу атентати, особено во оној во градот Луксор во кој во 1997 година загинаа 62 лица, од кои 58 беа странски туристи. Стана десна рака на Осама бин Ладен и негов личен лекар. Го сметаат дека е „мозокот“ на терористичките напади на САД од 11-ти септември 2001 години, и е ставен на второто место на најбараните терористи на светот. „Ајман ал-Завахири е мозокот на Осама бин Ладен“, оценува египетскиот адвокат Мунтасаер ал-Зајад кој добро го познава ал-Завахири.Повеќепати светските медиуми објавуваа вести дека ал-Завахири е убиени, но секогаш тој одново се појавуваше и жестоко ја критикуваше американската политика. Според податоците добиени од неговите пријатели, Ајман ал-Завахири наводно повторно се оженил и во 2005 година добил ќерка./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Италијанската полиција конфискува 1,4 тони наркотици и уапси 384 луѓе
Во голема операција против илегалната трговија со дрога италијанската полиција откри и конфискува 1,4 тони наркотици и уапси 384 лица.
Во операцијата 655 лица се ставени под истрага, од кои 39 малолетни, а конфискувани се 35 килограми кокаин и повеќе од 40 парчиња огнено оружје.
Полицијата изврши контроли и во 312 продавници за канабис, при што привремено се затворени пет продавници во три града откако биле извршени 312 контроли. Конфискувани се 296 килограми производи од канабис.
Италија во јуни одобри безбедносен декрет со кој се забранува така наречениот „легален“ канабис и трговијата со „лесен канабис“ или коноп се прогласува за нелегална трговијата, кој, за разлика од марихуаната, нема психоактивни ефекти.
Свет
Во САД заврши првата рунда разговори меѓу украинската и американската делегација, соопшти Зеленски
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во САД веќе е завршена првата рунда разговори меѓу украинската и американската делегација и оти очекува извештај од шефот на украинската делегација Рустем Умеров пред следната рунда преговори.
Зеленски го изјави тоа за време на заедничкото обраќање до медиумите со премиерот на Португалија Луис Монтенегро.
– Нашиот тим ќе ме контактира, така се договоривме, и ќе ми ги изнесе резултатите од првиот блок на дијалогот, по што ќе одлучиме како да продолжиме, рече Зеленски.
Тој додаде дека во САД се наоѓаат и претставници на Русија и Европа, истакнувајќи дека ќе може да зборува за деталите од разговорите откако ќе го добие извештајот од Умеров.
Свет
Американски напад врз Сирија, загинаа припадници на Исламска држава
Најмалку пет припадници на Исламска држава загинаа во синоќешните американски напади врз цели на ИД во Сирија, соопшти Сирискиот центар за набљудување на човековите права, со седиште во Лондон.
– Помеѓу загинатите е и „водачот на ќелија“, задолжен за беспилотни летала. Тие се убиени во покраината Деир ез Зор, изјави претставникот на Сирискиот центар, Рами Абдел Рахман.
САД синоќа соопштија дека погодиле повеќе од 70 цели во неколку области на Сирија. Според неименуван безбедносен извор нападите биле насочени кон ќелиите на ИД во покраините Хомс, Деир ез Зор и Рака.
Претседателот на САД, Доналд Трап на сопствената платформа „Трут соушл“ (Truth Social), откако Пентагон соопшти за операцијата против Исламска држава, објави – „Напаѓаме многу силно против бастионите на ИД“.
Американската армија изврши „масовен напад“ врз цели поврзани со ИД во Сирија, како одговор на смртоносниот напад врз американските сили. На 13 декември во пустинска област во централната сириска покраина Хомс загинаа двајца американски војници и еден цивилен преведувач. Вашингтон за нападот ја обвини џихадистичката група, но ИД не презеде одговорноста за нападот.
Целта на операцијата, според Вашингтон, е да се ослабат капацитетите на ИД за понатамошно дејствување и да се спречат напади врз американскиот персонал во Сирија. Во Сирија распоредени се околу 1.000 американски војници.
Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет изјави дека операцијата „Хајкај страјк“ (Hawkeye Strike) е насочена кон елиминација на „борци, инфраструктура и локации со оружје“ на ИД. Тој посочи дека метите се избрани за да се погодат клучните ресурси на ИД, вклучително и оперативните капацитети и логистичка поддршка.
– Ова не е почеток на војна – ова е декларација за одмазда. Денеска ги гоневме и убивме нашите непријатели. Многу од нив. И ќе продолжиме да го правиме тоа, наведе Хегсет на социјалните мрежи.
Изминатите месеци Коалицијата предводена од САД против ИД изврши неколку воздушни напади и копнени операции во Сирија, насочени кон осомничени членови на терористичката организација. Во операциите беа вклучени и припадници на сириските безбедносни сили.

