Спорт
Според Видиќ Премиер Лигата е најдобра во светот

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Немања Видиќ истакна дека Премиер лигата е најдобрата на светот.
Дефанзивецот кој оваа сезона во одлична форма, и неколкупати беше човекот кој во последните минути решашаваше натпревари со своите голови верува во своите соиграчи и најави битка до крајот на сите фронтови.
“Англиската лига е најдобра на светот. Премиер лигата е посилна од сите други и уште еднаш имаме четири англиски екипи во 1/4 финалето. Тоа мора да биде добро за англискиот фудбал и за фудбалерите е добро да се инволвирани во англиската лига“- изјави ВидичЧелзи, Ливерпул, Арсенал и Манчестер Јунајтед им се приклучија на Порто, Виљареал, Барселона и Баерн Минхен во последните осум екипи.Ждрепката за двојките во 1/4 финалето е закажана за петок (20 Март) кога и ќе се одлучи кој двојки во кој ден ќе на стапат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Норис го победи Пјастри со пол-позиција во Спа

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Белгија, 13-та трка од овогодинешното првенство во Формула 1.
На „Спа-Франкоршамп“, Норис ја регистрираше својата четврта пол позиција оваа сезона, со време од 1:40.562 минути, со 85 илјадитинки предност пред својот тимски колега Оскар Пјастри, инаку лидер во генералниот пласман.
Најдобар од останатите беше Шарл Леклер во Ферари, кој беше нешто повеќе од три десетинки зад Норис, додека победникот во спринт Макс Верстапен го освои четвртото место. Иако Пјастре беше подобар од возачот на Мекларен од почетокот на тркачкиот викенд, Норис беше попрецизен во квалификациите, а мала грешка го чинеше многу Австралијанецот. Сепак, дуото на британскиот тим никогаш не беше загрозено на самиот фронт, а во борбата за третото место, Леклер беше подобар од Верстапен за само три илјадитинки, бидејќи бранителот на титулата погрешно започна брз круг.
Спорт
Гарначо сака да игра во Премиер лигата и во Лигата на шампионите

Алехандро Гарначо, по завршувањето на сезоната доби јасна порака да бара нов клуб. Младиот Аргентинец има план, сака да остане во Премиер лигата и да игра во Лигата на шампионите.:
Ова значи дека неговата желба е да ја продолжи кариерата во еден од петте првопласирани тимови минатата сезона: Ливерпул, Арсенал, Манчестер Сити, Челзи и Њукасл, плус Тотенхем, кој преку Лигата на Европа избори пласман во најелитното клупско натпреварување во Европа.
Сепак, „Црвените ѓаволи“ не сакаат да му ја исполнат желбата. Јасно е дека тие не сакаат да ги засилат своите ривали и затоа не се подготвени да го пуштат Гарначо во друг англиски клуб.
На „Олд Трафорд“ посакуваат клуб од Шпанија, Италија или Германија да покаже сериозен интерес за Аргентинецот, поради што наводно ги намалиле своите побарувања.
Сè уште има многу време до крајот на преодниот рок и ќе видиме како на крајот ќе се реши „случајот Гарначо“.
Талентираниот Аргентинец не беше задоволен од својот статус минатата сезона, исто како што Рубен Аморим не беше задоволен од неговите изданиеја на теренот, па по поразот во финалето на Лигата на Европа од Тотенхем, тие вербално се судрија.
Алехандро Гарначо е еден од петте непосакувани играчи на Јунајтед, на кои клубот не им дозволува да тренираат со остатокот од првиот тим. Покрај Гарначо тука се и Маркус Рашфорд, Џејдон Санчо, Ентони и Тирел Маласија.
Досега, само Маркус Рашфорд најде нов клуб, тој ќе ја помине следната сезона на позајмица во Барселона.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Пакета ослободен од обвинувањара, Сити повторно ќе се обиде да го ангажира

Сите обвинувања против бразилскиот играч од средниот ред, Лукас Пакета, поради обложување конечно се отфрлени и тој може да продолжи нормално да игра фудбал.
Одлуката требаше да биде донесена во април, но беше одложена до летото. Сега конечно се е завршено, а за Пакета сè уште не е познато каде ќе игра од почетокот на следната сезона.
Токму поради скандалот со обложување, трансферот на Пакета во Манчестер Сити минатата сезона, вреден 80 милиони евра, пропадна.
Сепак, штом „Граѓаните“ ја дознаа одлуката на судот, повторно се активираа. Овој пат, Сити би можел да го добие играчот за двојно помала сума од претходното лето.
Имено, цената за Пакета е преполовена и сега е некаде околу 40 милиони евра. Сити започна кампања, а Вест Хем ќе се бори да го задржи, и покрај тоа што има договор до 2027 година.
Пакета одигра 36 натпревари минатата сезона и постигна пет гола.
Foto/ West Hаm „X“