Контакт

Спорт

И Црногорците ќе влезат во БИБЛ лигата

Објавено пред

Генералниот спонзор на кошаркарската балканска (БИБЛ) лига, компанијата Еврохолд, Асен Христов, потврди дека се водат отворени преговори со Кошаркарската федерација на Црна Гора за вклучување на екипи и од оваа земја во второто издание на БИБЛ лигата следната сезона.

Израелците веќе потврдија дека една нивна екипа следната сезона ќе се приклучи во ова натпреварување, што ќе му даде една посебна тежина на ова натпреварување веќе во втората година од одржувањето. „Како спонзори сме исклучително задоволни од оваа сезона и од рекламата во регионот. Докажавме дека им даваме шанса на младите кошаркари, а наша идеја е во иднина БИБЛ лигата да биде најсилното кошаркарско натпреварување во регионот“, изјави Асен Христов. Во првата сезона од БИБЛ лигата Македонија со двата преставника обезбеди пласман на Фајнал-Фор турнирот кој ќе се одржи во Самоков. Ф. Работнички и Фени И. меѓусебе ќе одлучуваат кој ќе игра во финалето.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Клиперс победија во Оукленд, Хјустон ја елиминираа Јута (Видео)

Објавено пред

Кошаркарите на ЛА Клиперс направија уште едно големо изненадување, ги победија Голден стејт Вориорс 129:121 и ја намалија предноста на шампионите, на 3-2 во победи, во првата плеј-оф рунда, во Западната конференција, во НБА лигата.

Клиперси, во вториот меч од серијата, одигран на теренот на Голден стејт се вратија по негативата од 31 поен, а во петтиот меч преживеаја и покрај брилијантната игра на Левин Дурент.

Клиперси во последната четвртина испуштија предност од 15 поени, Вориорс во финишот имаа 118:117, но мечот го реши Лу Вилијамс, кој погоди за три поени под фаул и беше прецизен два пати од тешки позиции.

Вилијамс ги предводеше Клиперси со 33 поени, 4 скока и 10 асистенции, Монтрезл Херел постигна 24, Данило Галинари 26 поени, а Патрик Беверли забележа 17 поени и 14 скока.

Кевин Дурент постигна 45, негов личен рекорд во плеј-офот, Стеф Кари постигна 24, а Клеј Томпсон 22 поени.

Шестиот меч се игра во петок навечер во Лос Анџелес.

Хјустон Рокетс изборија пласман во конференциското полу-финале. Во петиот меч тие ги победија Јта Џез 100:93. Рокетс славеа и покрај скромната партија на Џејмс Харден кој мечот го започна со шут 1/11. Еднакво лош на спротивната страна беше Донован Мичел, кој не погоди ниту една тројка од деветте обиди, а погоди само четири од 22 шута од поле.

Харден на крајот беше најефикасен кај Хјустон со 26 поени (шут 10/26), Клинт Капела забележа 16 поени, 10 скока и 3 блокади, а по 15 поени постигнаа Крис Пол и Ерик Гордон.

Рики Рубио ги предводеше „џезерите“ со 17 поени и 11 асистенции, Ројс О’Нил постигна поен повеќе.

Прикажи повеќе...

Спорт

Евролига: Ефес и Ларкин доминираа против Барселона за 2:1 водство

Објавено пред

Анадолу Ефес доминираше на гости кај Барселона за да стигне до неверојатна 102:68 победа и да поведат со 2:1 во плејофот од Евролигата, доаѓајќи на еден триумф од место на фајнал форот.

Шејн Ларкин беше фантастичен за клубот од Истанбул, постигнувајќи 30 поени со 11-од-12 во шут од поле, а додаде и три скока и 2 асистенции во 23 минути на теренот. Предводени од Ларкин, гостите стигнаа до предност од 25 поени на крајот на третата четвртина (81:56), а Барса имаше уште полоши последни 10 минути. Следниот меч се игра в петок во Барселона.

И ЦСКА Москва стигна до импресивна гостинска победа, триумфирајќи со 84:77 на гости кај Басконија, каде што човек на одлука беше Нандо де Коло, кој имаше 28 поени за „армејците“.

ЕВРОЛИГА, ПЛЕЈОФ

(1:2) Басконија – ЦСКА Москва 77:84 (18:28, 21:18, 20:16, 18:22)

(1:2) Барселона – Анадолу Ефес 68:102 (20:26, 19:26, 18:32, 11:18)

Прикажи повеќе...

Спорт

Баерн со гол од пенал влезе во финалето на германскиот куп (видео)

Објавено пред

Баерн Минхен се пласираше во финалето на ДФБ купот каде што ќе игра со РБ Лајпциг, откако во драматичен меч на „Весерстадионот“ го совлада Вердер Бремен со 3:2 со гол од пенал на Роберт Левандовски.

Баварците ја имаа контролата на резултатот, откако прво Левандовски во 36. минута донесе водство, а кога Томас Милер во 63. минута зголеми на 0:2, Баварците се понадеваа дека работата е веќе завршена. Меѓутоа, Вердер успеа да постигне два гола за само една минута, кога прво Јуја Осако во 74. минута намали на 1:2, пред Косовецот Милот Рашица да израмни минута подоцна!

Сепак, Баварците ќе се борат за двојната круна во Германија, откако во 80. минута беше досуден пенал, а Левандовски рутински го совлада голманот Јиржи Павленка.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 часа

(Видео) ИВЗ: Одлуката на судот е донесена со фалсификувани документи, местото на судиите им е во Зоолошка

ИВЗ обвинува дека Граѓанскиот суд донел одлука за именување нов реис врз основа на фалсификувани документи, печати и потписи. Oд...

Македонија16 часа

ДКСК: Без интервјуа и записници се вработувале роднините на Кирацовски, Бектеши, Адеми

Целиот процес за тоа како тече непотизмот во државните и јавни институции денеска беше обелоденет на седницата на Државната комисија...

Македонија16 часа

(Видео) Ако дозволат временските услови, папата ќе го користи папамобилот

Папата Франциско ќе се вози со папамобилот во зависност од временските услови, а неговата посета во Скопје ќе ја следат...

Македонија17 часа

Прекршочни пријави за претседателот Иванов од антикорупциската

Антикорупциската комисија поведува две прекршочни постапки против претседателот Ѓорге Иванов поради поставувањето генерали во Армијата по распишување на изборите. На...

Избори 201918 часа

(Видео) Заев: Нашите гласачи покажаа дека се разочарани од некои функционери

Нашите гласачи покажаа дека се разочарани од некои функционери. Некои се оттуѓија од народот, други не ги извршија очекувањата. Најавив...

Македонија18 часа

(Видео) Заев: За нас, поглавар на ИВЗ е оној што го утврдуваат законите на Заедницата

Премиерот Зоран Заев во врска со проблемите во ИВЗ рече дека негова работа е да им служи на граѓаните, а...

Топ18 часа

Обвиненија за тројца што силувале дете од Гостиварско, еден од нив го наведувал да нуди и секс на интернет

Основното јавно обвинителство од Гостивар поднесе обвиненија против три лица, кои во март и јули минатата година извршиле обљуба врз...

Македонија20 часа

Финансиската полиција денес добила пријава за контрола на работењето во ИВЗ

Управата за финансиска полиција денес добила пријава со барање за финансиска контрола во Исламската верска заедница(ИВЗ). Од Управата демантираат дека...

Македонија20 часа

Бузаку: Објектот на ИВЗ е под окупација

Самопрогласенот поглавар на Исламската верска заедница, Скендер Бузаку, кој е назначен на оваа функција со решение од судот, во изјава...

Македонија21 час

ИВЗ: Невозможно е Реџепи да се сретне со Бузаку

Портпаролот на Исламската верска заедница, Агрон Војника, запрашан дали ќе се бара компромисно решение меѓу Сулејман Реџепи и Скендер Бузаку по...

Македонија23 часа

Комисијата за односи со верските заедници демантира вмешаност во превирањата во ИВЗ

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи демантира каква било вмешаност во настаните во Исламската верска заедница. Од...

Свет23 часа

(Видео) Ким Џонг-ун со блиндиран воз пристигна во Русија

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун со блиндиран воз пристигна во Русија, каде што утре во Владивосток ќе се сретне со рускиот...

Македонија2 дена

(Видео) ИВЗ: Судот не одлучува кој ќе биде реис, ако е така нека кажат и кој да биде поглавар на МПЦ

Судот не е тој што одлучува кој ќе биде реис, ако е така нека кажат и кој да биде поглавар...

Свет2 дена

(Видео) Камерите снимија терорист кој влегува во црквата непосредно пред масакрот

Медиумите на Шри Ланка објавија снимка од надзорните камери снимена непосредно пред еден од нападите. Како што известува „Гардијан“, се...

Македонија2 дена

Северна Македонија или Македонија? Караџовски и Адеми расправаa како да ја пишува државата на извештајот

Членовите на Судскиот совет го изгласаа годишниот извештај за работата за 2018 година, но претходно претседателот Зоран Караџовски и членот...

Топ2 дена

Мицкоски: Не е до чистката, туку проблемот е до тој што треба да исчисти

По најавите на премиерот Зоран Заев дека власта ја примила пораката од граѓаните и дека ќе следуваат кадровски промени, лидерот...

Топ2 дена

Поднесено обвинение против родителите чии деца загинаа во пожар во Велес

Против мајката и таткото, чии деца во јуни минатата година загинаа во пожар во куќа во Велес, е поднесено обвинение...

Македонија2 дена

(Видео) Таткото на Саздовски: Родителите да кажат каде е третиот осомничен, кој е во бегство

Ни една мајка не треба да го закопа својот син, казната е толкава колку што е предвидено во законот. Не...

Македонија2 дена

(Видео) По 19 години затвор за убијците на Никола Саздовски

Кривичниот суд во Скопје им одреди по 19 години затвор на Бесим Беља и Скендер Демири, кои на 29 јуни...

Свет2 дена

Евакуирана Сиднејската опера поради истекување гас

Стотици луѓе се евакуирани денес од Сиднејската опера и околината поради истекување гас, а раководството на куќата објави дека настапите...

Досие