Спорт
Сергеј Бубка во Охрид
Посакувам Охридскиот атлетски митинг еден ден да стане дел од светската Дијамантска лига, рече легендата на светската атлетика челн на МОК попланево во Охрид на промоцијата на Охридскиот атлетски митинг
„Верувам во иднината на овој митинг. Да не верував во тоа, немаше денеска да бидам тука“, истакна Бубка пред медиумите во Охрид, нагласуваји дека е мошне важно манифестацијата да продолжи да се одржува секоја година, да стане традиционална и да добива на масовност рече Сергеј Бубка на средбата со новинарите во Охрид.Повеќекратниот светски и олимписки шампион во скок со стап, и се’ уште актуелен светски рекордер и еден од најдобрите атлетичари на светот на сите времиња, Украинецот Сергеј Бубка во саботата навечер во Охрид изрази надеж дека Охридскиот атлетски митинг кој првпат ќе се одржи на новопоставената тартан-подлога на СРЦ „Билјанини извори“, ќе стане традиционален и еден ден дел од големата Дијамантска лига на светски ателтски митинзи.„Веќе во Атлетската федерација се запознати дека со Охрид имаме уште еден атлетски митинг. Познати се нашите заложби за промовирање на атлетиката во светски рамки. Од оваа година формираме Дијамантска лига на атлетски митинзи на сите пет контитенти. Се надевам дека и овој митинг еден ден ќе биде дел од таа врвна светска атлетска лига.“, рече Бубка.Тој додаде дека по завршувањето на активното спортување, како член на Меѓународниот олимписки комитет и потпретседател на Европската атлетска федерација, има обврска и е посветент на промовирањето на спортот.„Познато ми е колку е тешко да се организира вакво натпреварување, колку се тешки почетоците, колку време треба да се привлече вниманието на луѓето. Се надевам дека овој настан од година во гоина ќе добива на публицитет и бројност, а во функција на промоција на Охрид и Македонија, но и на атлетиката воопшто“, додаде Бубка.Светскиот рекордер од Охрид упати и посебна порака до најмладите да другаруваат со спортот, истакнувајќи ги продибивките од водењето спортски живот.„Одовде би сакал да им ја пренесам пораката на децата и младите генерации за важноста на спортот, физичкото образование и физичката култура. Сакам да им објаснам на младите дека активното спортување помага за правилен физички, но и ментален развој. Спортувањето секако придонесува во изградбата на нивниот карактер, постигнувањето хармонија во животот. Преку спортувањето градат силен карактер, создаваат ред во нивното секојдневие, стануваат силни личности. Ваквите настани ќе помогнат во насока на изградувањето на младите во здрави и морални личности, кои се најголемото богатство на секое општество“, истакна амбасадорот на УНЕСКО и на првиот Меѓународен атлетски митинг во Охрид, легендарниот Сергеј Бубка.Меѓународниот атлетски митинг „Охрид 2010“ ќе се одржи на 19 мај, со учество на осумдесетина атлетичари од Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Србија, Бугарија, Романија, Турција и од Босна и Херцеговина. Ѕвезда на митингот ќе биде Романецот Марјан Опреа, освојувачот на сребрен медал во дисциплината трискок на Олимписките игри во Атина 2004 и бронзен медал на Светското првенство од 2005 г.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Чешка го слави 19-годишниот Методеј Јилек
Со спектакуларно лизгање, Методеј Јилек и го донесе вториот златен медал за Чешка на Зимските олимписки игри во Милано.
Во трката на 10.000 метри во брзо лизгање, тој ја запре штоперицата на 12:33,42 и го постигна најубедливиот триумф во досегашниот тек од натпреварите во оваа дисциплина.
За чешкиот тинејџер, кој има само 19 години, ова е втор медал во Милано. Тој веќе го освои среброто на 5.000 метри.
Во сенка на сензационалниот Чех остана Полјакот Владимир Семируниј, кој стигна до среброто со заостанување од 5,65 секунди, додека бронзата му припадна на ветеранот, 40-годишниот Холанѓанец, Јорит Бергсм.
Foto/ EPA
Спорт
Игор Тудор ќе го води Тотенхем
Хрватскиот тренер Игор Тудор се согласи да ја преземе клупата на Тотенхем како привремено решение до крајот на сезоната. Тудор доаѓа откако Томас Франк беше отпуштен претходно оваа недела по лошата серија резултати што го остави клубот на 16-то место во Премиер лигата, само пет бода над зоната за испаѓање.
Извори велат дека одборот на Спарс сакал да назначи привремен менаџер пред играчите да се вратат на тренинзите во понеделник.
Последниот ангажман на Тудор беше во Јувентус, каде што помина седум месеци. Тој го презеде тимот во март минатата година како привремен тренер и забележа само еден пораз во девет натпревари до крајот на сезоната, обезбедувајќи му мест на клубот во Лигата на шампионите. Тој успех му донесе долгорочен договор.
Откако беше елиминиран во осминафиналето на Светското клупско првенство од Реал Мадрид, Јувентус ја отвори сезоната во Серија А со три победи, но следеше серија од осум натпревари без победа во сите натпреварувања. Тој беше отпуштен во октомври 2025 година по поразот од Лацио, оставајќи го клубот на осмото место на табелата.
Сепак, ситуацијата за следната сезона сè уште не е целосно дефинирана. Италијанскиот новинар Фабрцио Романо наведува дека Роберто Де Зерби и Маурисио Покетино се главните кандидати за трајно решение на клупата на Тотенхем по завршувањето на актуелната сезона.
Тудор го презема тимот во деликатен момент, со задача да го стабилизира тимот и да го извлече максимумот од сезоната, додека раководството ќе донесе конечна одлука за долгорочниот проект на лето.
Foto/ depositphotos
Спорт
Брентфорд го продолжи договорот со Игор Тијаго
Бразилскиот фудбалер Игор Тиаго го продолжи договорот со Брентфорд, објави англискиот клуб.
Со новиот договор, Тиаго би можел да остане во редовите на Премиер лигата до летото 2031 година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.
Веста за продолжувањето доаѓа откако Премиер лигата го прогласи за најдобар играч во јануари. Тиаго постигна пет гола на пет натпревари во јануари, со што ја освои наградата за најдобар играч на месецот во Премиер лигата по втор пат оваа сезона.
Во тој период, Брентфорд забележа две победи, едно реми и два порази, и моментално е на седмото место на табелата во Премиер лигата со 40 бода.
Тиаго (24) пристигна во Брентфорд во 2024 година од Клуб Бриж, а пред тоа играше за Лудогорец и Крузеиро.
Бразилскиот фудбалер одигра 26 натпревари за англискиот клуб во сите натпреварувања оваа сезона и постигна 18 голови.
Foto/ depositphotos

