Спорт
Валенсија, ПАО и Каха Лаборал во Топ 8

Кошаркарите на Валенсија, Панатинаикос и Каха Лаборал изборија пласман во Топ 8, во Евролигата.
Кошаркарите на Валенсија, Панатинаикос и Каха Лаборал изборија пласман во Топ 8, во Евролигата. Валенсија во директен дуел за пласман во четвртфиналето, во последното коло во Топ 16 фазата го совлада Фенербахче со 82:68. Де Коло и Јавтокас постигнаа по 15, а Савановиќ 14 поени во историската победа на Валенсија. Во поразот Фенербахче го предводеше Прелџиќ со 20 поени. Панатинаикос забележа убедлива победа во Малага од 77:61 и го освои второто место во Групата Е, бидејќи Каха Лаборал со 77:68 во Каунас го победи Лијетувас Ритас. Резултати:Група Г:Ефес Пилсен-Партизан 65:67Реал-Монтепаски 77:95Група Х:Валенсија-Фенербахче 82:68Олимпијакос-Жалгирис 78:64Група Е:Уникаха-Панатинаикос 61:77Лијетувас Ритас-Каха Лаборал 68:77Група Ф:Барселона-Олимпија 76:58Лотоматика-Макаби 82:69По завршувањето на Топ 16 фазата познати се четвртфиналните двојки, дербито е помеѓу Барселона-Панатинаикос, на другите натпревари: Каха Лаборал-Макаби, Валенсија-Реал Мадрид и Олимпијакос-Монтепаски. Пласман на завршниот турнир ќе изборат екипите кои први ќе стигнат до три победи, термините за одигрување на дуелите се од 22 март до 6 април. Завршниот турнир од 6 до 8 мај ќе се одигра во Барселона. крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) АЕК Ларнака сензационално победи кај Кристал Палас

Фудбалерите на АЕК од Ларнака го направија најголемото изненадување во Конференциската лига. Во второто коло тие го победија Кристал Палас на гостински терен со минимален резултат (0:1).
АЕК стигна до својот втор триумф во исто толку натпревари во третото по ранг натпреварување на УЕФА.
И тоа ни помалку ни повеќе туку на „Селхерст Парк“ против победникот на овогодинешниот Комјунити Шилд, актуелниот шампион на ФА Купот и во моментов еден од најдобрите тимови во Англија.
Единствениот гол на натпреварот беше виден на почетокот од второто полувреме кога домашниот дефанзивец, Жејда Канво направи голема грешка, а повремениот репрезентативец на БиХ, Раид Бајиќ, кој ја затресе мрежата на Дин Хендерсон и со тоа обезбеди за својот тим она што многу тимови не успеаја да го направат во последно време.
До неодамна „орлите“ имаа серија од 19 натпревари без пораз на официјални натпревари.
Лондонскиот тим ќе се обиде да се врати на победничкиот колосек во следната рунда против АЗ Алкмар на истото место, додека Кипраните ќе го пречекаат Абердин.
Crystal Palace 0-1 AEK LarnacaRiad Bajić 51′
byu/atbg1936 insoccer
Конференциска лига 2.коло
АЕК – Абердин 6:0 (3:0)
(Коита 11, 18, Елисон 27, Марин 55, Јовиќ 81, Кутеша 87)
АЗ Алкмар – Слован Братислава 1:0 (1:0)
(Мајнејс 44)
Хакен – Рајо Ваљекано 2:2 (1:1)
(Линдберг 41, Брусберг 55 – Гарсија 15, Рациу 90+13)
Бреидаблик – Купс 0:0
Риека – Спарта Прага 0:0 натпреварот е прекинат поради неверем
Дрита – Омонија 1:1 (1:1)
(Манај 12 – Масурас 45+1)
Шкендија – Шелбурн 1:0 (0:0)
(Беретка 90+2)
Стразбур – Јагелонија 1:1 (0:0)
(Паничели 79 – Позо 53)
Шахјор – Легија 1:2 (0:1)
(Лукас Меирељес 61 – Аугустњак 16, 90+4)
Рапид – Фиорентина 0:3 (0:1)
(Ендур 9, Џеко 48, Гудмундсон 88)
Крајова – Ноа 1:1 (1:0)
(Етим 38 – Мулахусејновиќ 73)
Мајнц – Зрињски 1:0 (1:0)
(Пареа 28)
Хамрун – Лозана 0:1 (0:1)
(Диаките 38)
Линколн – Лех 2:1 (1:0)
(Гомес 38, Рутјенс 86 – Исак 78п)
Самсун – Динамо Киев 3:0 (2:0)
(Мусаба 2, Мариус 34, Холс 62)
Шамрок – Целје 0:2 (0:2)
(Квесиќ 33, Ковачевиќ 40)
Сигма Оломуц – Раков 1:1 (0:0)
(Крал 83 – Сварнас 90)
Спорт
Пораз на Еурофарм Пелистер кај европскиот првак

Ракометарите на Еурофарм Пелистер, во шестото коло го забелажаа петтиот пораз во Лигата на шампионите. Македонскиот првак загуби кај Магдебург 36:26 (19:13).
И пред натпреварот беше дека Еурофарм Пелистер е тотален аутсајдер против актуелниот првак во Лигата на шампиони.
Играчите на Рубен Гарабаја се држеа во првата половина од првиот дел, а потоа домашниот тим започна да ја зголемува предноста, кој на 10 минути до крајот стана двоцифрена.
Кузмановски со шест и младиот Хаџиќ со четири гола беа најефикасни кајПелистер. Магдебург до шестата победа во исто толку натпревари го предводеше магнусон со десет голови.
Пелистер во наредната рунда, на 12 ноември ќе го пречека Пик Сегед.
Foto/ facebook.com/hceurofarmpelister
Спорт
(Видео) Го Ахед Иглс ја победија фаворизираната Астон Вила

Најголемото изненадување во првиот термин од 3. коло на Лига Европа дефинитивно го направи Го Ахед Иглс. Холандскиот преставник ја победи фаворизираната Астон Вила со 2:1.
Натпреварот на стадионот „Де Аделаршорст“ во Холандија започна лошо за домашниот тим. Во четвртата минута Гесанд погоди за водство на Астон Вила.
Во самиот финиш на првото полувреме по центашутот на Твихт, Сари успеа да избега од комплетната одбрана на премиерлигашот и го совлада голманот на Астон Вила.
Холанѓаните го комплетираа пресвртот во 61-та минута кога Дејл го совлада Емилијан Мартинез по втор пат.
Резултати: Бран – Ренџерс 3:0, ФЦСБ – Болоња 1:2, Фенербахче – Штутгарт 1:0, Генк – Бетис 0:0, Лион – Базел 2:0 и Салцбург – Ференцварош 1:3.