Македонија
ДЗС: Во Македонија на ниедна локација нема пожари

Активно ги следиме состојбите на шумите бидејќи не сакаме да ни се повтори 2007 година кога имавме материјална штета од 24 милиони евра причинета од пожарите“, рече Шабан Салиу, директор на Дирекцијата за заштита и спасување.
Салиу додаде дека во текот на 2010 година во Македонија имало 72 шумски пожари кои навреме биле локализирани.
„Имаме три противпожарни авиони што секојдневно вршат превентивни летови во 35 подрачја на Македонија. Пожар во моментов нема никаде. Дирекцијата е подготвена како никогаш досега. Имаме 15 камиони за гаснење пожари во урбани средини, како и 10 за шумски пожари. Авионите и пилотите ги имаат сите потребни дозволи и ако е потребно можат веднаш да полетаат“, објасни тој.
Екипа од 20 припадници за спасување, како и два авиона, утре ќе заминат да и помогнат на Руската федерација во смирувањето на огнената стихија што со денови беснеат во земјата, информираат од Дирекцијата.
„Добро е за Република Македонија да учествува во хуманитарни мисии што позитивно ќе влијаат на искуството на нашите припадници. Владата донесе ваква одлука по разговорите на министерствата за надворешни работи на двете држави по што реши да испрати помош. Парична помош од нас е побарана и од Пакистан и сега се разгледува нивното барање“, рече Салиу.
Салиу апелираше до граѓаните да не фрлаат запалени догорчиња во шумите и да не палат скара на недозволено место за да не предизвикаат пожар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на и улиците Тиквешка, Демир Хисарска и улица Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

ЦУК известува дека денеска поради дефект на приклучна цевка од ф-1“ на улицата Охридска 50, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од на дел од улица Охридска и дел од улица Петричка, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град.
Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме.
Времето во наредните денови
Утре и во четврток времето ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Потоа следува период на претежно стабилно време со слаб до умерен северен ветер.